Секогаш ме збунувало тоа што античките Грци често патувале во Египет но античките Египќани никогаш не им возвратиле посета.Цивилизацијата на Египќаните наводно била два милениуми постара од Грчката, античките Египќани имале бродови кои можат да пловат по море,но сепак Египќаните никогаш не нашле време да ја посетат Грција,нивната прва морска сосетка.
Чудно нели?Чудно е Феникијците и Минојците да можат да го крстосуваат Медитеранот а ваму,најстарата и најразвиена цивилизација на Египет-не!
Истово важи и за филозофијата.И Платон и Питагора тврделе дека тие и други грчки филозофи оделе во Египет на студии.Талес рекол дека египетските свештеници се веродостоен извор на знаење и информации.Платон студирал 13 години во Египет.Учител му бил Сехнупис,свештеник од Хелиополис(Каиро).Подоцна кога Страбон патувал низ Египет,водичот му ја покажал куќата каде што живеел Платон.
Научниците се склони секое тврдење на античките писатели и филозофи кое не се совпаѓа со нивните теории да го сметаат за „дрдорење на старите„ .
Ама како така?Дрдореле и најголемите филозофи?
Јасно е како бел ден.Според нивните пишувања античките грци воопшто не се срамеле да кажат од каде и од кого го наследиле знаењето.За разлика од нив,на денешните научници овој факт им е мошне непријатен.
Грчките митови јасно укажуваат на фактот дека првите Грци биле всушност Египќани кои ги колонизирале островите и копното.Диодорус Сикулус вели дека Кекропс потекнувал од Египет.Тој ја основал Атина како колонија на египетскиот град Саис.Божицата Атена била всушност египетската Нет,односно "Ht".Ова се изговарало „Ат„ или „Ата„.Ова значи дека дури и во Саис во Египет ,„Нет„ се изговарало како „Атенет„.Без да се замараме со вербална гимнастика за тоа што Грците правеле со името на божицата ќе кажеме само дека хеленистичкиот писател харакс од Пергамон околу 200 НЕ изјавил дека жителите на египетскиот град Саис си го нарекувале својот град Атена.
Херодот раскажува и дека светилиштето во Додона е египетска идеја.Наводно кога бил во Египет му кажале дека Фениќаните грабнале две египетски свештенички од кои едната завршила во Додона.херодот тврди дека повеќепати слушнал во Египет дека грчката цивилизација е дете на реката Нил.
Како одговараат научниците на ова?
Одговорот е :Херодот бил голем лажго!
Сепак и за мистериите во Елеуса се смета дека се со египетски корен.Ерехтеус,нивниот основач ги направил како копија на мистериите на Изис и Озирис.
Интересно е прашањето, кој ги раздели Грците од Египќаните?
No comments:
Post a Comment