Search This Blog

Thursday, April 26, 2012

Неколку словенски азбуки




Човекот кој ја превел библијата на латински во доцниот 4 век НЕ е Св.Јероним( Eusebius Sophronius Hieronymus,Εὐσέβιος Σωφρόνιος Ἱερώνυμος,Saint Jerome)аводно папата Дамаск I во 382 наумил да ги среди „античките„ латински преводи на Библијата(Vetus Latina ) кои контра своето име ,се напишани на доцен латински јазик(не на стариот латински,кој сосема добро го читавме претходно како да е „словенски„).Треба да се нагласи дека една и единствена Библија на латински јазик пред оваа нарачка не постоела.Наводно постоеле верзии фрагменти итн. и сите„старолатински„ преводи биле од Септуагинтата (од грчки јазик).

Да се вратиме на Св.Јероним.Тој направил што направил(не се знае точно што,наводно ги исправал старите преводи од грчки).Во 390 г наводно почнал да  преведува и од хебрејски.На пример,се смета дека преведувајќи ги хебрејските книги Јудит и Тобит тој ангажирал Евреин кој му преведувал од Арамејски на хебрејски а потоа тој парафразирал на Латински.Леле мене.

Некои современи научници искажуваат сомневање во неговото познавање на хебрејскиот јазик и тврдат дека основата на новиот превод на Библијата на латински сеуште бил базиран на грчката Хексапла (издание на  6 верзии на Библијата  кое наводно постоело во антиката ама околу 7 век исчезнало,разбира се.Инаку било во 50 тома со вкупно 6000 страни).Денес оваа Хексапла се „рекреира„,види ТУКА.За сто години сите ќе сметаат дека „рекреираното„ во 21 век секогаш било такво-од „антиката„.

Значи Св.Јероним направил нов превод на Библијата на латински.Денес тој превод е познат како Вулгата.
Се смета дека е роден во 347г  во  некој си град Стридон ,во близина на денешна Љубљана(таков град не постои и не е познато каде точно се наоѓал).Околу 366 заминал за Рим за да студира реторика и филозофија и таму научил латински и малку Грчки.По неколку години минати во Рим тој заминал од непознати причини за Галија и се сместил во градот Триер (денешна Германија).Подоцна му здодеало во триер и се преселил во Аквилија(денешна Италија).Во 373  г превзел патешествие низ Тракија и Мала Азија до денешна Сирија.Во Антиохија ,додека бил болен 373-374 г добил визија дека треба да ја напушти световната наука и целосно да му се посвети на Бога.Посакал да живее аскетски во пустината и заминал за градот Калкис( не може да се утврди точно кој град во Сирија е тоа).Таму започнал да учи Хебрејски од некој Евреин конвертиран во христијанство и цело време се допишувал со учените во Антиохија (од кај наоѓал во пустината на што и со што да пишува не е познато и никого не го интересира).378-379 се вратил во Антиохија а веднаш потоа заминал за Константинопол да ја проучува Библијата со Грегориј Низијанзец.таму останал три години а потоа повторно заминал за Рим каде останал во период од 382-385 г со папата Дамаск(Дамасус) I.Тој му дал задача да ја преведува Библијата.Папата починал во 384 г. Бидејќи Јероним ги критикувал римските попови  за слободното однесување ,тие многу го мразеле и по смртта на папата го протерале обвинувајќи го дека се плеткал со некоја вдовица Паула.Ќерката на оваа вдовица Блаесила,критикувана од Јероним дека не се однесува доволно аскетски,почнала да пости и слично и наскоро заслабела и починала.Ова многу ги разбеснило Римјаните.Па така Јероним во 385 г си се вратил во Антиохија придружуван и од вдовицата Паула и други „браќа и сестри„ кои решиле својот живот да го завршат во Светата Земја.Аџииве го посетиле Ерусалим ,Витлеем,Галилеја а потоа заминале за Египет.

Во Александрија Јероним го слушал славниот катехист Дидимус Слепиот,потоа заминал во Нитрија.
Во 388 се вратил во Израел и живеел во пустинска пештера во близина на Витлеем.
Секогш сум се прашувал од каде им пари за вакви патувања на аџииве ама за Св.јероним се знае.Се смета дека го финансирала вдовицата Паула.немам намера да пишувам што се напишал Св.Јероним.Нема крај тоа.

Починал на 30 септември 420 г во близината на Витлеем.

Вака на кратко за Св.Jероним,доктор и светец на латинската црква.Бидејќи роден во Љубљана претпоставив дека Св.Јероним зборувал на мајчин словенски (словенечки) јазик иако „словените„ тогаш уште живееле „зад Карпатите„.И навистина во средниот век исто така биле глупави како мене и сметале дека Св.Јероним ја создал Глаголицата. и ова мислење преовладувало долги векови се додека современата „наука„ по 1812 не открила дека всушност Св.Кирил ја „измислил„ глаголицата која не го добила неговото име.

Азбука од авторот Кирил( сеуште не бил светец)(1729)



Далматица на Свети Јероним
Илирица  на Свети Јероним





Мешаница

Склавоница


Унцијална (мајускула,пишување само со големи букви)Склавоница


Како се изговара Кирилицата


Тзервиница(Србиница?)


Фра Анџело Рока ,основачот на првата јавна библиотека во Рим,„историчар„,редактор и издавач на првата печатена верзија на Вулгатата(претходно непозната книга за широките народни маси),главен на ватиканската печатница од 1585 итн.

Тој „намерно„ го промовирал Св.Јероним во изумител на глаголицата.Тој ,поткрепен со цитати од „антички извори„ промовирал и други изумители на писма.


Тој го пронашол и изумителот на античката хебрејска азбука.Мојсеј.


А го констатирал и изумителот на новата хебрејска азбука.Езра.


Аврам ги измислил Сириските и Халдејските букви



Меркур ги измислил египетските свети букви


Херкул ги измислил Фригиските букви


Мемнон ги измислил обичните египетски букви

Кекропс ,атинскиот крал ги измислил грчките букви


Или Кадмо



Феникиското писмо ,се разбира,било донесено oд Феникс.


Етруска-Хетруска азбука



Готска азбука,ја измислил Улфила


Илирска азбука




Српска азбука,ја измислил Свети Кирил






Значи во 1591 година Кирил бил светец а во 1729 не?Чудно.





Во 1559 година папата Павле IV пропишува,„За печатење на преводот на Библијата на народни јазици,потребна е посебна дозвола од Светиот уред на инквизицијата.ваква дозвола е потребна и за да се поседува и за да се чита еден ваков текст„.


Tuesday, April 24, 2012

Џото (Giotto di Bondone)

„Ох,празна суето на човечките моќи...во сликарството Чимабуе сметаше дека е неприкосновен,но сега Џото е главен и славата на другиов исчезна„
Данте,Комедија,Чистилиште 11 пеење


Веќе рековме дека „Комедијата„ на Данте била енциклопедија на средновековието.Вака тој ги опишал главните сликари на своето време.


Џото

Kлучната фигура на целата западна уметност е всушност Џото(роден 1266-67) ,ривалот , во богатството на емотивниот израз и радикалните иновации,на својот сограѓанин од Фиренца и современик Данте Алигиери,.Џото престојувал во Асизи, Падова, Римини,Милано, Неапол и создал локални школи за уметници, наречени "Giotteschi"-Џотески.

Традиционално, учител на Џото е Чимабуе.Васари во првата книга за историјата на уметноста раскажува приказна дека Џото бил овчарче кое пасело овци.Кога Чимабуе случајно поминал крај него тој на камен цртал овца која била неверојатно реалистична.Чимабуе еднаш го зел за свој ученик.Ученикот подоцна често пати на лицата на насликаните светци од Чимабуе им цртал толку реалистични муви,што мајсторот непрестано се трудел да ги истера не сфаќајќи дека се нацртани. Се разбира,сето ова е бајка.Не постои доказ дека Џото воопшто му бил ученик на Чимабуе.




Бидејќи во 13 век луѓето не сакале многу да пишуваат,па дури и за такви големи работи како фрескописање на цркви или се што било напишано отишло под забот на времето или рацете на кратците (како Наполеон),временски непогоди и слично, ќе наведеме некои ремек дела на Џото(за кои не е сигурно дали се баш негови)

Џото бил повикан во Рим во 1300 од папата Бонифациј за да ја ослика латеранската базилика(не ми е јасно како античкоримските судови ,подоцна преправени во цркви,се викале „базилики„ од грчки „басилеус„-крал,кога требале да се викаат „цезарики,августики и слично„) .Џото веќе ја осликал со фрески капелата Арена во Падова и капелата Перузи и Барди во Фиренца.Во 1334 Џото станал„капомаестро„(главен мајстор) во катедралата во Фиренца и главен архитект на градот.Починал во 1337.



Овој полиптих,изгубен со векови е повторно „откриен„ во некое складиште во19 век.


Распетие во црквата на Св Францис насликано пред 1309.Џото околу 1301-1304 веќе бил славен сликар и поседувал многу имот во Фиренца.



Lamentation (The Mourning of Christ), Cappella degli Scrovegni.


 Оплакување на Христа (околу 1305)


Фигурите на Џото не се стилизирани и издолжени според византиската традиција.Тие се тридимензионални,имаат лица ,гестови и облека со форма и тежина.Џото поставил нов стандард со внимателно одбрани композиции, вклучувајќи и перспектива.





 Поклонение на Исус со големата витлеемска ѕвезда,веројатно Халеевата комета од 1301.





 Страшен суд,капелата Арена во Падова (1000 x 840 cm ,1306)



 Мадона ди Оњисанти(сите светци).Најприфатениот панел од Џото.Недокументирано прифатен,разбира се.
Техниката на Џото е „кјароскуро„-светлотемно,користење на светлински контрасти за добивање на волумен на фигурата.Нешто кое е карактеристика на уметниците од подоцнежната ренесанса.








 Енрико Скровењи ја дава капелата Арена на дар,детал од Страшниот суд


 Оплакување на Св.Францис(Фрањо Асишки)1325



Триптихот Стефанески(околу 1330),со две лица.Забележете го распнувањето ан Св.Петар (наопаку),помеѓу пирамидата која стоела во близината на Ватикан (уништена во 15 век) и обелиск од циркусот на Нерон.Едниот од коњаниците-римски војници, е Кинез или Монголец.





 Кардиналот Стефанески или некој ,му го подава дарот (триптихот) на Св. Петар .Ова е тн Дросте ефект(слика во слика).


Забавата на Ирод со отсечената глава на Св.Јован Крстител.
Најинтересен е музичарот кој свири на средновековно ќемане тн .„виеле„ (vielle)







Крунисување,повторно ангелски оркестар со  виеле


Monday, April 23, 2012

„Етрурецот „Бенвенуто Челини

Што добивате од комбинација на скулптура на етруски Херкулес и етруско огледало?
Ремек дело на Бенвенуто Челини.









Значи ,да се разбереме.Разликата во време помеѓу „етруските огледала„ и „етрускиот Херкулес„(4 век ПНЕ)  и Бенвенуто Челини(1500-1571) е 20 векови. Со букви-дваесет векови.

Читај повеќе за стилскиот паралелизам во уметноста

Friday, April 6, 2012

Б или В ?

Во грчката азбука буквата
ΒβBeta
Beta (големаΒ, мала βгрчкиβήτα-вита


е изведена од феникиската буква БЕТ 

односно од семитскиот збор *bayt -куќа

Наводно од оваа буква е прозлезена и латинската буква бе -B (Б) и кириличните букви  Б и В.



Бидејќи кирилицата е создадена во 9 век на база на грчката азбука која се изговарала според современиот изговор- тоа одело вака

Грците имале α, β, γ, δ, ε, (алфа- вита -гама -делта- ета)
Словените имале а,б,в,г,д,e (аз-буки-веди-глаголи-добро-ест)

Бидејќи „словените „ за разлика од другите имале две азбуки кирилицата ни глаголицата (еве да речеме дека се создадени од Св.Кирил и Методиј) ќе ја додадеме и глаголицата
Словените имале и 

,,,,, (истото аз-буки-веди- глаголи- добро -ест)

Се тврди дека буквата В,в е создадена (веројатно од Грк кој добро зборувал современ ,византијски грчки) ,на база на буквата β-вита а буквата Б e додадена пред неа од потреба(?).

Од потреба?

Но тоа е неверојатно од очигледни причини.

Ако ја загледате глаголицава ,а богами и кирилицава а и според второто место во азбуката (многу важно) буквата Б е создадена на база на феникиското БЕТ и грчкото  β кое во антиката кобожем  се изговарало БЕТА(античкогрчки), а буквата B е додадена после неа како потреба.Нејзината форма во глаголицата многу потсетува на латинското V.

Глаголското В личи и на глаголската буква-ц,пандан на хебрејската буква 

ЦАДЕ-צ,ץ.


Ништо не е чудно.Филозофот кој ја смислувал глаголицава знаел хебрејски и хебрејските книги ги превел на грчки (читаме во житието на Константин Филозоф-Св.Кирил).Кобожем прво на глаголица.

Грците немаат буква Ц тие за изговор на Ц користат тс-τσ.

Да се вратиме на буквата Б,грчката БЕТА( во 9 век).
Латинската буква „в„,односно V одговара на грчкото Y-ипсилон,кое е хебрејското ВАВ-ו
феникиски Waw ВАВ,ВАУ.,арапскиو

Гледаме дека е така во глаголицата каде 

=  В


Заклучок:

 И глаголската БУКИ- 

и кирилската БУКИ -Б,б (извонредно слична на глаголската ако се заврти наопаку а практично иста на наопачкото „феникиско„ БЕТ)

или се создавани на база на буквата β грчката алфабета која во 9 век сеуште се изговарала како Б (по антички !!!!) или воошто не се создавале според грчката ВИТА туку според латинското БЕ,феникиското БЕТ.

Буквата В,в,не е создавана според грчката β-ВИТА бидејќи таа во 9 век сеуште се изговарала како „б„ ,иако формата е многу слична ,бидејќи латинското БЕ -B и грчкото големо Β,β,се практично исти.

Дека изговорот на грчката вита останал Б во латинскиот и по 9 век е повеќе од јасно.До ден денес буквата 
β-ВИТА на латински се транскрибира како Б.

Да ја повикаме историјата на помош.Ако сите латински закони се преведувале на грчки ,по преносот на империјалниот центар во Константинопол (324-330) каков избор имале Грците? Се разбора ,секое латинско Б-се транскрибирало со грчката  β-бета.Значи,Византија е всушност Бизантија.


Што значи ИПА-[β]?Слушнете ТУКА

Слушаме"в" но тоа не е веројатно.Средновековниот (византиски ) Грк кој наводно ја смислувал словенската азбука не можел да го замени гласот "б" со "в" бидејќи тоа се коси со здравиот разум (фонетски буквата "б" е послична на "п" отколку на "в").

Б-библос,библија-букви, В-вед,знае.Доколку навистина некој средновековен византиски Грк ни ја создаваше АЗБУКАТА таа ќе беше АЗВИКА.

Има уште еден проблем:познато е дека "современиот" грчки изговор воопшто не е толку современ.Се тврди дека тој "се изменил" уште по класичниот период и во средновековието кога Хераклиј ја зел грчката титула "Василеус" таа веќе не се изговарала како "Базилеус".

Шио ми га Џура,почитувани.

Наравоучение А:Словенската АЗБУКА не е создадена од Грк ( со меко"в").
Наравоучение Б:Словенската азбука е создадена од антички Грк (со тврдо "б") во 9 век

Одберете си варијанта.

Thursday, April 5, 2012

Епистоларна литература

Епистоларен роман е роман напишан во форма на серија од писма (ἐπιστολή -epistolē,латински од грчки-писмо).

Ваквиот роман може да биде и во форма на дневник и слично, но овде првенствено ме интересира формата на преписка.

Доколку некогаш сте читале ваков роман може да сфатите во колку голема мерка епистоларната форма на роман и дава на фикцијата атрибут на реализам .Сепак , се работи за фикција во која читателот е вовлечен  во некаква форма на воајер, да чита неповикано, улога која ја зголемува возбудата.Реалниот читател по затворањето на кориците на ваквиот роман е свесен дека се работело за фантазија на авторот а не за вистински личности во чија интима се осмелил да прочепка.

За да чепкате во нечија интима треба да бидете многу близок со личноста во прашање, па таа да ви ги предаде писмата (свои и туѓи) на читање , или пак, да бидете извонредно вешт и тоа да го правите тајно, или конечно, личноста да е почината па да можете да и претурате несметано во сопственоста која сте ја наследиле.

Ако ги разгледаме сите три случаи многу е очигледно дека коренсподенцијата која ќе ја пронајдете за читање ќе биде само од едната страна.Онаа на примените писма.Испратените писма остануваат онаму каде биле испратени.Доколку се работи за преписка со само една личност,можно е да ја убедите по извесно време да ви ги врати испратените писма и да имате два комплети:испратени и примени писма.Но, ако не се работи за француски роман од 18 век во кој писмото е и стил  или средство за уцена , веројатноста дека ова некогаш ќе се случи е извонредно мала.

Епистоларната форма на роман била многу популарна во 16-17 век а својот врв го достигнува во 18 век кога започнува и нејзиното опаѓање и таа почнува да станува предмет на потсмев и бурлески.

За прв  епистоларен роман во кој големиот број писма доминираат со нарацијата се смета „Затворот на љубовта„Cárcel de amor„(околу 1485) напишан од Диего де Сан Педро . 



Доколку сте заинтересирани,може да ѕирнете во некои од овие дела:

Љубовни писма помеѓу еден благородник и неговата сестра(1684г ) ТУКА(англиски)
Писмата на португалската калуѓерка (1669г) ТУКА(француски)
Јулија или Нова Елоиза(серија од оригинални писма) (1771 г).Издание 1784-ТУКА (англиски)
Опасни врски (1782 г) .Во кои уживавме во форма на  филм  (1988г ) со Глен Клоус,Мишел Фајфер и Џон Малкович.
Страдањата на младиот Вертер(1774) ТУКА(англиски).

И така натаму и така натаму.Во 19 век оваа форма на роман веќе е напуштена иако може да се сретнат исклучоци како Писма на две невести од Балзак,Франкештајн на Мери Шели или Дракула на Брам Стокер.

Постојат три типа  епистоларни романи.Монолошки-писма само од една личност (најлогично), дијалошки-писма на две личности(реално до извесен степен) и полилошки-писма на повеќе личности (просто неверојатно).При пишувањето на фикцијата, најтешка е третата форма бидејќи треба да се следи кој што знае од карактерите кои ги„пишуваат„ писмата, нешто кое доколку е вешто изведено  додава во драмата на дејствието.

Епистоларниот роман е фантазија на авторот .Преку него може да се согледа вкусот и обичаите на времето. Публикувањето пак на реална преписка е нешто сосема друго.Реалната преписка претставува историски документ.

Може да се разбере интересот за публикување на преписката во 15-16 век , кога хартијата била скапа и самото пишување на писма претставувало еден вид на издаваштво особено ако преписката се водела помеѓу личности од интелектуалната елита .Собирањето и печатењето на ваквата преписка било мачна работа за трето лице кое не учествува во преписката,па дури и за самите учесници. Интересен е примерот на Celio Secondo Curione (1503-1569) кој својот живот го посветил на собирање интелектуална епистоларна преписка.Тој и пишал на учената жена Олимпија Мората, која била на смртна постела, замолувајќи ја да му пише уште еднаш на Бонифациус Амербах за тоа писмо да биде вовед во нејзините „собрани писма„ кои тој планира да ги издаде.Таа му одговорила дека на Амербах веќе му пишала и нема намера тоа пак да го прави.

Познатиот хуманист Вилибалд Пикхајмер свесно се допишувал со својата сестра Каритас (1467-1532), монахиња во манастир во близината на Нирнберг , со намера од преписката подоцна да создаде семејна митологија. Клара била една од ретките жени кои знаеле латински. По 1503 , црквата и забранила да се допишува на латински. Црквата не ја засегала измислената митологија, туку фактот дека постои учена жена.Повеќето „женски писма„ на 16 век се авторство на мажи. Но тоа е друга тема.

Публикувањето на вистински лични писма имало и друга улога .Во 1538 година со публикувањето на писмата на познатиот основоположник на литературната порнографија Пјетро Аретино се воспоставил нов жанр на епистоларна литература тн carte messagiere. 

Аретино бил извонреден сатиричар кој го острел својот талент на политичарите и на Папската Курија . Познато е неговото сместување на „неоплатонистичките дијалози„ во бордел (La cortigiana,La talenta). Имајќи го предвид неговиот талент, не е невозможно негово авторство на некои „антички дела„. Аретино бил пријател на Тицијан кој го сликал неговиот портрет дури три пати.

Пјетро Аретино (1492-1556),портретот е дело на Тицијан

Не е познато за кои и какви заслуги познатиот уценувач Аретино (кој од 1527 се сместил во антипапската Венеција, градот на пороците, и уценувал се што било познато во Италија) станал Витез од Родос и Витез на Св.Петар.

Но , како и секогаш преголема дигресија како вовед не е на арно. Да започнам со  мојата омилена тема ,антиката и местото на епистоларната “ античка„ литература во историјата.

Како божем редовната реторичка школа во „античкиот Рим„ имала задолжителен предмет пишување измислени говори и писма (ethopoiiae,aetopeia).Ова е „античка и старогрчка„ дисциплина во која авторот подготвува говор за некоја личност притоа ставајќи се во улога на таа личност . Божем ова обично се правело како подготвен говор за одбрана во античките судови,кој говор потоа му се давал на обвинетиот да го прочита пред судиите.Говорот требало да прилега на оној кој го говори (замислете дека сте драмски автор и создавате говор на карактер кој се разликува од вас како личност).Несомнено,ова е многу слично на погоре споменатото пишување на „женски писма„ на латински.

Бидејќи секогаш имам предвид дека во антиката не постоела хартија а пергаментот и папирусот (кој има глупа тенденција да се распадне за 100 години) се изработувале макотрпно, никогаш нема да поверувам во „античка коресподенција„.

Наводно Џовани Џокондо,доминикански свештеник,архитект,антиквар, археолог итн (1433-1515) во Франција „пронашол„ стотици писма на Плиниј Помладиот (61-112г) и императорот Трајан (53-117) и ги публикувал во 1498 .

Мал извадок за да добиете увид во тоа како се напишани овие писма (полилошка епистоларна фикција)


1. I. -- До Септициус



Постојано ме наговараше да ги соберам и издадам подобро напишаните писма кои сум ги пишувал (правел копии и секогаш пишувал по две, гарант имал тарапана за папирус и пергамент,м.з.).Создадов таква колекција, но без некаков ред според кој писмата се пишувани, бидејќи не пишував историски материјал(?). Затоа ги зедов како што ми паѓаа под рака. Може само да се надевам дека нема да зажалам за советот кој ми го даде и дека нема да се покајам што го следев, бидејќи ќе се фрлам на работа да ги пронајдам писмата кои сум ги затурил настрана (му се пафтаат по дома,пф,м.з) и нема да ги чувам за себе оние кои би ги напишал во иднина.Збогум. (ни здраво ни како си ни шо праиш,бог да чува м.з.)

Ова писмо е писмото -вовед кое Олимпија Мората никогаш не го напишала.

Писмата на Плиниј Помладиот веројатно се пишувани од Џокондо или некој негов брат како епистоларен фалсификат на историјата на „античкиот Рим„. Треба ли да спомнам дека во писмата на „Плиниј„ се спомнува „прогонувањето на Христијаните„? Јасно е се како бел ден.


Во претходниот пост за ранохристијанската апологетика пишував за Тертулијан (160-225г) и „обвинувањата за почитување на магарешка глава „.

Дека и „Тертулијан„ е веројатно етопеистичен доминикански фратар, нема сомнение.Тој на пример (иако од Африка,Картагина) немал поим за славните „Пунски војни „264-146 ПНЕ иако Ханибал и слоновите преку Алпите е тешко да се заборават).

Тој во својата „Апологетика„ ја цитира преписката меѓу „Плиниј Помладиот„ и „Императорот Трајан„ (додуша малку грешно, но бидејќи е од Африка тој прави и многу други грешки иако е „филозоф„ и нема кого не го знае од „античките автори „ од нивни цитати  врие апологетиката) која е повторно „откриена„ дури во 15 век (потоа пронајдениот „оригинал„ е изгубен,зарем се сомневате?).

Јас се сомневам во целата „антика„.Одбивам да носам магарешка глава.


Tuesday, April 3, 2012

Двојници (1)

216 НЕ, Рим,копија од Лисип 4 век ПНЕ „откриен „1546
Олтарот од Пергамон,2 век ПНЕ ,„реставриран 1886





 Giovanni Battista (GiambattistaPiranesi -Varie Vedute di Roma Antica e Moderna.1745 Џамбатиста не го ни помирисал Пергамон


Џамбатиста бил махер да го„ досмисли„ оригиналниот антички дизајн

Ре-креирањето на античкиот Рим преку гравурите на Џамбатиста


Monday, April 2, 2012

Ранохристијанска апологетика





Daniel Carter Beard / Donkey head idol being worshipped and letter H / 1889.



Името апологети е дадено на група на писатели, божем од вториот век од нашата ера кои имале цел да ги бранат христијаните од обвинувањата , наводно за да придобијат толеранција за нив во рамките на државните закони на „римската империја„, и да им покажат на нивните „гонители„ дека христијанската религија е единствената вистинска.

Наводно ,Христијанството едвај почнало да се шири во „римскиот свет„, кога наишло на обвинувања и и прогонства од секаков вид.Главните обвинувања упатени кон христијаните биле за атеизам(?)(aqeothV) .Ова звучи малку чудно бидејќи во „римскиот свет“ се обожувало се и сешто и ниту еден бог не барал ексклузивитет .

Ако си замислиме дека „римскиот свет „ е смислен во средниот век , во христијанска држава и окружување, ова обвинување воопшто не е чудно. Едноставно , христијанските автори на „римскиот свет„ му го припишале она кое им било познато од секојдневието,имено,обвинувањата за „атеизам„ или практикување на забранета религија. Со измислувањето на „прогонувањето на христијаните„ со еден куршум се погодувале два зајака: христијанството се оптегнало наназад, длабоко во историјата, и истовремено се добивало шанса тоа да се „одбрани„ со напаѓање на „паганите„. Притоа важело правилото : колку се поодвратни нападите ,толку е подобра одбраната ,честопати смислена како рикошет.

Наводно, спротивно на граѓанското право, христијаните одбивале да ги обожуваат боговите на империјата и практикувале религија која не била одобрена од страна на Римскиот Сенат.
 Во очите на државата, според ова, тие биле атеисти(?), и виновни за практикување на една забранета религија (religio illicita), а со тоа и непријатели на државата и нејзините фундаментални институции.

На обвинувањето за атеизам се додавала низа клевети, кои циркулирале меѓу луѓето и биле прифатени и од страна на некои еминентни писатели. Една од клеветите била дека, на нивните состаноци-прослави, христијаните јаделе доенчиња, претходно заклани, а потоа попрскани со брашно (Epulae Thyesteae) и не се срамеле да практикуваат такви неморалности како оние на Едип со сопствената мајка.

Интелектуалците и политичарите ги обвинувале христијаните за мрзеливост, т.е избегнување на светот и бизнисот и за незаинтересираност за просперитет на државата, занемарувајќи работите на овој живот поради грижата за идниот.Тие ,генерално, биле сметани за бескорисни арамии.

Главните напори на апологетите биле да се побијат овие обвинувања и да се покаже дека христијанството има право да постои.За да се постигне оваа цел, нивната работа не можела да остане чисто негативна, туку морало во одбраната да вклучат и позитивна демонстрација на совршенство и да ја произнесат вистината за христијанската вера.Таква демонстрација морала да вклучи напад врз паганството, заради успешно оправдување на супериорноста на христијанството при што се нагласувал контрастот помеѓу христијанството и „државната религија„. Затоа, работата на апологетите не била чисто одбранбена, туку и контроверзна и изложувачка.

Апологетиката била насочена делумно против паганите (не-христијани,погрешно е да се наречат незнабошци ,бидејќи морале напамет да знаат катрљарда богови) и делумно против Евреите.Првите обвинувања против не-христијаните се делеле во три групи.

Првата група била во форма на писма,барања и петиции упатени до Императорот и Сенатот. Меѓутоа, прашање е дали овие „писма„ воопшто стигале до рацете на Императорот, со оглед на нивната форма на „отворено писмо„ наменето за широката јавност. Писмата на апологетите всушност биле насочени кон јавноста, иако биле напишани во форма на отворени писма до императорите (бидејќи сметам дека такви императори воопшто не постоеле,овие писма како позната литературна форма многу добро се вклопуваат во сликата) .

Апологетиката од втората група била упатена директно на народот.Такви , на пример, биле бројните Дискурси со Грците на вториот и третиот век.

И на крај - третата група била упатена, барем првенствено, на приватни лица,т.е, трите книги на Теофил Антиохиски до Автоликус и Посланието до Диогнетус.

Меѓу апологетиката против Евреите може да се издвои Дијалогот со Трифо на Св. Јустин. Во овие апологии преовладува изложувачкиот и показен карактерна истите, во смисла на тоа дека Евреите негувале многу предрасуди кои морало да бидат отстранети, за да се надмине и духот на омраза , бидејќи тие биле меѓу првите кои ги ширеле популарните клевети против христијаните и ги кодошеле кај властите. Но, во делата наменети за Евреите многу помалку има намера да ги отфрлат обвинувањата а многу повеќе убедување во божествената мисија на Исус Христос и вистинитоста на неговата религија. Целта била да се демонстрира месијанизмот на Исус а за оваа демонстрација најмногу биле користени пророштвата, при што темелните познавања на светите списи биле од голема помош.

Од литературна гледна точка, делата на апологетите се супериорни во однос на оние на Апостолните Отци(што е логично).

Некои од авторите биле образувани во училишта и студирале филозофија (ова е можно дури од 16 век кога биле отворени првите образовни институции од ваков карактер).Тие се фалеле дека останале фиозофи, и покрај тоа што го прегрнале христијанствотоНивниот „филозофски тренинг„ се гледа од особеностите на стилот кои потсетуваат на оние на софистите кои биле професионални граматици и реторици. Дел од овие апологии се и многу обемни (од каде толку пергамент?) и ги обработуваат најважните прашања на етичката и догматската теологија.Тоа се првите обиди за тн „научна теологија„ (колку лошо и да звучи изразов).

Еден од најстарите и најпознатите на апологети на вториот век е Свети Јустин.

Роден е меѓу 100 и 110г од родители пагани во Флавија Неаполис-современ Наблус(Палестина) , антички Сихем, и  уште на рана возраст го привлекува филозофијата (мижи Асан...реченицава се употребува за сите кои биле „високо образувани„ во време кога не постоело формално образование).
За ова сведочи самиот Јустин кој во своите дела дава скица на неговиот интелектуален и морален развој (Dial. I-VIII).Наводно тој добивал лекции сукцесивно од Стоик, Перипатетик и Питагореец, но ни еден од нив не го задоволил(ова е шема).
Му се чинело дека Платонизмот му овозможил извесно смирување, но преподобниот старец, кој го запознал (веројатно во Ефес, а што мајка барал во Ефес, на скоро илјада километри далечина е друго прашање), му укажал на недостатоците на филозофијата и го упатил да го проучува Светото писмо и учењата на Христос.

Јустин го следел овој совет и станал христијанин во 130 година НЕ.

Како христијанин, тој продолжил да носи наметка на филозоф, водејќи мисионерски живот, проповедајќи го Христовото учење и бранејќи го како највисока и најсигурна филозофија . Два пати патувал во Рим (италијанскиот Рим е на две илјади километри од Наблус , ама добро, кога можел Апостол Павле  сто и кусур години претходно да оди два пати во Рим,можел и Јустин), каде што поминал доста време и основал училиште(?) кое било прилично успешно. Веројатно во истиот град (Рим), тој ја водел расправата со циникот Крискент( „расправите„исто така се по шема) која е спомената во неговата втора апологија.Се претпоставува дека Крискент се откажал од него и го осудил, но нема докази.Јустин бил убиен во Рим со шест други христијани, под Јуниус Рустикус, префект на градот, меѓу 163 и 167г.

На Свети Јустин секогаш му се восхитувале на неговите убедувања, благородноста на неговиот карактер и лик, (иако никој не знаел како изгледа,немало фотоапарати а сликарството било „заборавено„ или почнало да се заборава).Тој бил апостол и светец во вистинска смисла на зборот, полн со желба да им направи добро на оние кои му се обратиле.Но,неговиот углед како писател не е толку висок.Критичарите генерално се согласуваат дека неговата композиција е дефектна.Наместо да се држи до поентата на текстот, тој прави непотребни дигресии и не секогаш заклучува со аргументите со кои започнал.Неговиот стил е монотон, тежок, и често неточен.(хух ,мора да се придржува до шемата плус има ограничена библиотека)

Но искреноста и топлината на дискусијата на моменти му даваат сјај и живот на неговиот стил.(наивноста на апологијата дава „топлина„?)

Од теолошка гледна точка, сепак, делата на Св Јустин се исклучително вредни.Тој е првиот кој внимателно ги изучува односите меѓу верата и разумот и кој внесува грчка категоризација и филозофска терминологија при своите доктринарни изложувања.Во ова, тој е вистински пионер(колку е „античкогрчка„ и „филозофска„ таа терминологија е друго прашање).

Запознати сме со насловите на девет или десет негови автентични дела: Евсевиј (Еузебиус,најупатен во се) спомнува две апологии, Дискурс против Грците,Побивање на Грците,писание познато како За божествената монархија (De Monarchia Divina), уште едно насловено како Псалтир,трактат За душата, напишан во форма на сколија, и Дијалог со Трифо.

Првата Апологија е упатена на Антонинус Пиус, Марко Аврелиј и Луциј Верус, (на Сенатот и на целиот римски народ) . Антонинус Пиус (Побожен) царувал 138-161г, но голем број на индикации во текстот води до заклучокот дека делото е напишано меѓу 150 и 155 г (Марко Аврелиј и Луциус Верус владееле заедно 161-169, ама нејсе нели бил Апостол па може Св.Јустин бил и пророк).По се изгледа дека е напишана во Рим (а каде на друго место).

Не е лесно да се открие планот кој авторот го следел восоставот на ова дело но критичарите обично изведуваат две категории на размислувања и докази.

Воведот ги опфаќа заглавијата I-III. Христијаните не смеат да се осудат, ако се невини за кривичните дела за кои се обвинети. Јустин докажува дека тие се невини на два начина:

1.Со директно побивање (IV-XIII). Христијаните не се атеисти, иако тие не обожаваат идоли, ниту се неморални или убијци, или непријатели на Империјата.Тие се доблесни и мирни граѓани.

2.Ова побивање со по себе би било доволно, но тоа не го задоволува Св.Јустин. Убеден дека христијанството е прогонувано само затоа што е нердоволно разбрано, тој посветува поголем дел од преостанатите поглавја од својата прва апологија објаснувајќи им ја на паганите христијанската религија во нејзините морални учења (XVI-XVII), неколку од нејзините догми (XVIII-XX ),  нејзиниот основач и неговата историја (XXI-XXIII;xxx-XXXV), нејзините ритуали и иницијацијата (lxi-lxvii).

Во главите XXIV-XXIX и lvi-LX авторот се враќа на предметот кој претходно го третирал, или зборува за фалсификатите во христијанството подметнати од демоните. Заклучокот е содржан во lxviii:Св.Јустин повторно бара Христијаните да не се осудуваат без истрага и судење.

Втората Апологија се однесува на Сенатот. Таа е многу покуса од првата и мора да е напишана многу кратко време по првата (најдоцна околу 155 г), иако тоа во никој случај не е само нејзино продолжение .Таа е напишана во Рим во следната прилика.Една христијанка се развела од својот  сопруг-паган, ,кој , за да и се одмазди, го предал нејзиниот катехист (христијански учител) Птолемаус (Птоломеј) и тој бил убиен со двајца други христијани по налог на Урбикус,префектот на Рим (144-160).Јустин веднаш протестирал.

Основната идеја на оваа нова расправа е иста како таа од првата апологија.Христијаните не се познати,нивната доктрина е почиста,поблагородна,и покомплетна од онаа на филозофите, нивното однесување е беспрекорно.Демоните се одговорни за фактот што христијаните се прогонувани.Сите овие идеи се измешани заедно. Но, во читањето на апологијата, изгледа дека авторот е возбуден и го предвидува своето мачеништво (реков дека човекот е пророк), тој го очекува, но тоа не го спречува гласно да каже дека е христијанин.

Третото дело на Св.Јустин со кое располагаме е Дијалогот со Трифо. Во оваа книга веќе не е прашање одбраната на христијаните против нивните незнабожечки гонители, туку убедувањето на Евреите во месијанството на Исус Христос и вистинитоста на сопствената религија.Трифо е учен рабин, со кого Јустин би требало да води долготрајна расправа во Ефес, околу 132-135, за овој спор Дијалогот вели дека е точно репродуциран (некој седел и запишувал додека се расправал) но можно е Св.Јустин (Џастин) само да опишува имагинарна расправа, за да ги изложи своите идеи.

Текстот е сочуван во некомплетна форма .

Според Св.Јустин расправата траела два дена((lxxxv, 4) (шема) и дијалогот соодветно е поделен на два дела.Изгубениот дел е преминот меѓу двата дела.Дводелна логичка поделба на расправата е невозможна бидејќи вториот ден авторот ги повторува аргументите кажани првиот ден.

Од општата мешаница на делото може да се издвојат три дела:

1.Падот на Стариот Завет и неговите заповеди
2.Истоветноста на Логос со Бог од Стариот Завет, кој говори преку пророците и на крајот се раѓа од Дева Марија.
3.Нарекување на не-евреите,вистински божји народ

Доколку расправата во Ефес  воопшто се случила, таа мора да била во времето на востанието Бар-Кошеба I32-I35г . Но, дијалогот во кој оваа расправа е репродуцирана(запишана) е веднаш по првата расправа ,значи 150-155г (дваесет години подоцна).Критичарите генерално се согласуваат за датумот а тоа е меѓу 155-161г .Каде била напишана не е познато. (со голема сигурност можам да се кладам дека е напишана во Рим,ама немам со кого).

ПОГЛАВЈЕ X – Трифо ги обвинува христијаните за непочитување на законот.
И кога тие завршија, јас(Јустин м.з) повторно им се обратив на овој начин: -
"Дали има некоја друга работа, пријатели, за која не обвинувате, освен оваа, дека ние не живееме по законот, не сме обрежани во тело како што беа вашите предци , и не ги почитуваме саботите како вас? Дали нашите животи и обичаи исто така не се клеветат помеѓу вас? Ве прашувам и ова:дали исто така верувате дека ние јадеме луѓе, и дека по празникот, откако ќе се изгаснат светлата, ние се вклучуваме во промискуитетно конкубинство (односи со невенчани жени?)? Или не осудувате само за тоа што се држиме до свои принципи и веруваме во своето мислење, кое е невистинито, како што вие сметате? "
"Тоа е она од кое сме изненадени", изјави Трифо(кобожем евреинот) ", но оние работи за кои народот(!!!)  зборува не се достојни за верување. Затоа што тие се најодбивни за човековата природа. Покрај тоа, свесен сум дека вашите заповеди во т.н. Евангелие се толку прекрасни и толку големи, што се сомневам дека некој може да се придржува кон нив, бидејќи и јас внимателно ги прочитав. Но, ова е она кое најмалку ни е јасно во врска со вас: дека вие, иако проповедате побожност, и себе си се сметате за подобри од другите, не сте посебно одвоени од другите луѓе, но ,не го менувате својот начин на живот помеѓу различни народи, не држите ни прослави , ни Саботи и немате обред на обрежување, и уште повеќе, ги полагате надежите во распнат човек а сè уште очекувате да добиете некои добри работи од Бог, не почитувајќи ги Неговите заповеди. Зарем не сте прочитале, дека душата ќе биде отсечена од телото на оние кои нема да бидат обрежани осмиот ден ? Оваа наредба важи за странци и за робови подеднакво. Но, вие, го презирате овој завет, и ги отфрлате должностите кои произлегуваат од него, и се обидувате да се убедите себе си дека го познавате Бога, кога, сепак, не извршувате ништо од оние работи кои ги прават оние кои се плашат од Бога. Значи ако можете да се одбраните од овие точки, и да покажете на кој начин се надевате на било што, иако не се придржувате до законот, ова ние многу радо би го слушнале од тебе, а ќе направиме и други слични истраги."


Целиот „дијалог„ ТУКА (англиски)



Овој Св.Јустин е плукнат Св.Константин Филозоф (нема „филозоф„ кој не бил барем еднаш во Рим), монашки Св.Кирил , кој иако е филозоф сепак е христијанин .Од неговавата апологија на христијанството водена со евреинот Тифон можело комотно да бидат извлечено пола од житието на нашиот „филозоф„  чиј автор  6 века по Јустин сепак не умеел вака елегантно да се изразува на славјански.


Освен Св.Јустин ,еден од античките апологети е и Татиан.Погодувате,роден е на другиот крај на светот (гледано од италијанскиот Рим)  во Асирија зад реката Тигар, околу 120 година.Истовремено е и „филозоф„ и христијанин.Се преобратил во Рим слушајќи и учејќи од Св.Јустин.(во превод Светиот Праведник).За разлика од својот учител по десетина години се откажал од христијанството ,си основал своја секта и си се вратил во Месопотамија.



Ако сакате да прочитате нешто од Татиан,ТУКА(англиски) е неговиот Дискурс со Грците(Елини).

Не бидете, О Грци, толку многу непријателски настроени кон варварите, ниту пак гледајтев со лоша волја врз нивните мислења. Зарем секоја од вашите институции не е изведена од оние на варварите? Најпознатите Телмесјани ја измислиле уметноста на прорекување од соништата, а Каријците, прорекувањето од ѕвездите, Фригијците и најдревните Исавријци аугурирањето (прорекување м.з.) од летот на птиците, од Кипријаните, уметноста на инспекција на жртвите. На Вавилонците им ја должите астрономијата, на Персијците магијата, на Египќаните геометријата, на Феникијците -алфабетското писмо.


Престанете, тогаш, погрешно да ги нарекувате свои овие пронајдоци и имитации .  ....Тосканците ве научија на пластичната уметност а од Египќаните научивте како да пишувате историја...
 И моето омилено

Но, како што стојат работите, само вам (на Грците,Елини,м.з) ви се случува да не зборувате слично, дури и меѓусебно,затоа што начинот на зборување меѓу Дорците не е ист како оној на жителите на Атика, ниту пак Еолците зборуваат како Јонијците.И, бидејќи таква разлика постои таму каде што не треба да ја има, јас сум изгубен и не знам веќе кого да го наречам Грк.



Следен е Атинагора.Погодувате,филозоф од Атина.Негово дело е„ За христијаните „упатено до императорите  Marcus Aurelius Antoninus и Lucius Aurelius Commodus .Датирано е 176-178 г.

Идеите му се е повеќе од луцидни. По барање на внимание од императорот Атинагора набројува три главни тековни обвинувања против христијаните:атеизам,неморал и антропофагија (јадење луѓе). Ги побива овие три клевети сукцесивно.

-Христијаните не се атеисти: тие обожуваат еден Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух. 
-Точно е дека не нудат никакви крвави жртви, ниту пак им се поклонуваат на паганските богови, но вистинскиот Бог нема потреба од такви сурови жртви, и боговите на паганството не се воопшто богови,туку деифицирани (обожени) обични луѓе(4-30).

-Второто обвинување, она за неморал, е подеднакво без основа. Христијаните исповедаат вера за маки во пеколот, тие ја осудуваат дури и помислата на злото.Незнабожците ги прават злосторствата за кои ги обвинуваат христијаните (31-34).
-Во однос на Тиестијанските банкети, христијаните во никој случај не се виновни за тие дела,мразат убиства, дури и гладијаторски борби, ја осудуваат на изложеноста на децата, и веруваат во воскресението на телата (35-36).  

Трет поважен ранохристијански апологет е Теофил  Антиохиски, исто така од Месопотамија, филозоф кој медитирајќи над светите списи се преобратил во христијанин.Во 169 станал антиохиски патријарх.За разлика од другите,знаел хебрејски .Тој исто така ги брани христијаните,дека не јадат луѓе и не се неморални.

Негово сочувано дело е За Автоликус .Целосно ТУКА(англиски)

Четврто поважно дело на раната апологетика е Писмото до Диогнетус-непознат автор

Ова писмо,уништено 1870 ,прво му било припишано на Св.Јустин.Можно е да е фикција (хух,чудо). Читај ТУКА(англиски).


Петти е Хермиас,(Јеремија, Ἑρμείας or Ἑρμίας)филозоф,разбира се ,со своето дело Потсмев кон неконвертираните(во христијанство) филозофи (DiasurgoV twn ezw filosofwn, Irrisio Gentilium Philosophorum ).Читај ТУКА(англиски).



Напишано на пергамент ,најстариот „препис„ е 12-13 век од познатиот препишувач Андреас Дамариос ,кој правел минимум 7-8 грешки при препишувањето.  Прв пат печатено 1553 г.

Идејата на Хермиас,Јеремија е дека филозофите не можат да се сложат за една вистина за универзумот и боговите па тука христијанството има предност.

Една од најдобрите апологии е на Минуциус Феликс (мал ама среќен) на преминот меѓу  втори и трети век наречена Октавиус.Во неа христијаните се обвинети дека обожуваат магарешка глава и половите органи на своите папи.


Тие се препознаваат еден со друг со тајни  знаци и обележја, и тие се љубат еден со друг речиси пред  да се запознаат меѓусебно. Секаде, исто така, се меша меѓу нив некоја религија на страста и тие се нарекуваат еден со друг промискуитетно ,браќа и сестри, и она што дури и не е невообичаен разврат со интервенцијата на светото име може да стане инцестуозен: тоа е затоа што нивното залудно и бесмислено суеверие го слави и криминалот. 
...
 Слушам дека тие  обожуваат  глава на магаре, тоа најдолно од сите суштества, осветена од страна на не знам какво глупо убедување,како достојна и соодветна религија на ваков начин. Некои велат дека тие се поклонуваат на машкоста(половиот орган) на нивниот папа или свештеник, и ја обожуваат природата, како да е нивни заеднички родител.
...

И на нивнитe банкети, што е добро познато и за што сите луѓе зборуваат насекаде, па дури и нашите Киртезијанци (Kартузијанци?) сведочат за тоа. На свечен ден се собираат на празникот, со сите свои деца, сестри, мајки, луѓе од секој пол и на секоја возраст. Таму, по многу гозби, кога ќе се загреат, и жестокоста на инцестуозната страст расте со пијанството, се провоцира куче што е врзано за лустер, со фрлање еден мал дел од внатрешните органи подалеку од должината на врвката со која тоа е врзано, да стане и да скокне, а со тоа и светлината да се изгаси во бесрамна темнина, и врските на гнасни страсти да ги вклучат во неизвесноста на судбината. Иако не сите, всушност, во свеста сите се слично инцестуозни, бидејќи, според желбата на сите од нив се бара се што може да се случи во чинот на секој поединец.












Во Книгата11 од неговата Ad Nationes, во еден пасус Тертулијан вели дека непријателите на христијанството  шират клевета за христијаните, дека се поклонуваат на бог со глава на магаре.
Овие клевети, тврди тој, произлегуваат од претходно уверување дека Евреите се поклонуваат на глава на магаре, која тие ја чуваат во храмот во Ерусалим.


Иако овие обвинувања денес изгледаат бизарни, постои изобилство од сведоштва за нивната популарност во „римско време„. Еден елоквентен пример е фигурата изгребана на ѕидот на она што некогаш можеби било еден вид на римската училница.Графитот покажува човек со глава на магаре ,распнат на Т-формен крст покрај чудно напишани  зборови на грчки: "Алексаменос обожувајте го Бога." 

Да завршиме со зборовите на „малиот среќник„ кој во одбрана на христијаните извикува:

Кој е толку глуп да обожува вакво нешто?
А кој е уште поглуп да верува дека вакво обожување воопшто постоело?
А кој е најглуп да верува дека сите обвинувања се вистина?

Несомнено, ранохристијанските апологети не за џабе трошеле зборови.

Во два одделни дела напишани на почетокот на третиот век, Тертулијан ја опишува оваа необична анегдота, која се случила во Картагина. Отпадник Евреин(?)  и вработен во арената- еден од оние кои им е дозволено самите да се борат со диви животни - јавно парадирале со слика на човек облечен во тога кој носи една книга, но, со глава и препознатливи уши на магаре. Копитото на магарето било исфрлено од тогата (во сексуална конотација како голем полов орган). Под сликата било напишано: Deus CHRISTIANORUM ONOCOETES (Бог на христијаните Онокоетес). ТУКА

Onocoetes-е необичен и редок збор кој не се појавил на друго место во латинската литература и се интерпретира различно.Едно од значењата е „оној кој лежел во магарешка штала„или „оној кој се дружи (спие) со магаре„

За чудо Тертулијан кој како христијанин би требало да е шокиран од карикатурата ,пукнал од смеење„risimus et nomen et formam„.


Се смеевме,вели, и на сликата и на натписот.



Морам да признаам дека создавачите на човечката историја и историјата на христијанството имале голема смисла за хумор(нот).