Search This Blog

Monday, January 30, 2012

Хронологија(13-15 век)

1200-Користењеto на лак и стрела и самострел нашироко се распространува,се зголемува користењето на ветерни мелници
1204-Четврта крстоносна војна
1210 -Се формираат религиозните редови:тевтонски витези,францисканци ,доминиканци итн
1215-Издадена е Магна Карта,закон со кој наводно се ограничува кралската моќ
1225-1274 Тома Аквински,монах и филозоф
1265-1321 Данте Алигиери,поет
Данте со Божествената комедија,лево пекол,десно катедралата во Фиренца
(кликни за зголемување)

1267-1337 Џото,сликар
1271 Марко Поло ,наводно во дворецот на Кублај Кан
1300-првите механички часовници на Западот
Часовник (чудо невидено )1454(кликни за зголемување)

1300-1500 Појава на универзитетите
1304-1374 Франческо Петрарка,писател и хуманист
1313-1375 Џовани Бокачо,писател и хуманист
1315-1317 Големата глад
1337-Почеток на стогодишната војна
1340-1400 Гофри Чосер,поет
1347-1351 Црната Смрт(убила 1/3 од населението на Европа)
1381-Селската буна на Ват Тајлер
1389-1464 Козимо де Медичи,банкар
1390-1441 Јан Ван Ајк,сликар
1400 Започнува користење на големи топови во војните,се раширува употребата на рачно огнено оружје
1415 Португалците ја освојуваат Цеута
1431 Јованка Орлеанка изгорена како вештерка
1449-1492 Лоренцо де Медичи,покровител на уметноста
Беноцо Гоцоли (1459) Трите кралеви го посетуваат новороденчето Исус.Ликовите на кралевите се ликови од семејството Медичи.Лево, црн африкански роб,вообичаена појава во 15 век
(кликни за зголемување)

1450 прва печатница на Западот
1452-1519 Леонардо да Винчи ,уметник
1453 Крај на стогодишната војна, Турците го освојуваат Константинопол

Европа во 1453(кликни за зголемување)


1454 Испечатена Гутенберговата библија
1466-1536 Еразмо Ротердамски,хуманист
1469 Фердинанд од Арагон се жени со Луиза од Кастиља
1492 Протерување на Евреите од Шпанија

1492 Пад на муслиманската држава во Гранада


Сцена од селски живот 1410(кликни за зголемување)

Согласно историчарите во 1300 секое дете родено во Западна Европа се соочувало со можноста да претрпи глад барем два пати во својот живот за кој се очекувало дека ќе трае максимум 30-35 години.

Број на население во Европа и Кина 1-16 век (кликни за зголемување)

Дури во 13 век се распространува користењето на водената сила за воденици.Но водата не се користела само за мелење жито.Вистинското „железно доба„ настапува во 14 век кога силата на водата започнува да се користи за производство на железо односно придвижување на моќни мевови со кои железото станувало течно и можело да се лее во калапи.Од 1380 е документирано постоењето на вжарени печки за производство на квалитетно железо.Започнало да се произведува се,од оклопи и клинци до потковици и земјоделски алатки.
Но рудата сеуште се добивала само од рудници со површински коп.Техниката на копање на руди од под земјата е развиена дури во втората половина на 15 век.
Започнува драматичен развој на градбата со користење на камен и дрво.Заради развој на бродоградбата во средината на 14 век забележено е тотално уништување на шумите.Тие се сечат и заради претворање на земјиштето во полјоделско.Шумите се горат и за јаглен потребен за производство на стакло и железо.Една печка трошела 5/8 од километар квадратен шума за 40 дена работа.
До 1500 наводно од преси во 238 града во Европа се испечатени 10 милиони книги (?)


Фламански ткајачи

Thursday, January 26, 2012

Неколку сугестии и прашања околу библиотеката во Александрија

1.Не постои антички извор за основањето на библиотеката
2.Најстар извор е Јован Цецес (12 век НЕ).
3.Писмото на Аристеас(2 век НЕ) е псевдографија или измислица од многу векови подоцна од 2 век НЕ,ама нејсе.
4.Библиотеката наводно имала меѓу 400.000 и 700.000 книги (свитоци).Бидејќи папирусот во влажни услови пропаѓа за 100 години и без да го изедат глувци,би било потребно секоја година 350-400 препишувачи да препишуваат 4000-7000 „книги„.Нонсенс.
5.Книгите се чувале во контејнери од базалт.Библиотека од 400.000 „книги„ би требало да содржи 170.000 контејнери без капак.Кои и какви полици можат тоа да го издржат ?
6.Како се снаоѓале во библиотека без каталог?
7.Од антиката се сочувани имиња на 450 автори и дела со вкупен број од 3,773,000 зборови или околу  12,600 страници со по  зборови на секоја.искажано во ролни папирус тоа се 15.000 зборови на секоја ролна односно 251 ролна односно „книга„.А до 700.000?

Повеќе пикантерии ТУКА


                                                Контејнер за 3 ролни папирус (3 „книги„)

Возвратна посета

Секогаш ме збунувало тоа што античките Грци често патувале во Египет но античките Египќани никогаш не им возвратиле посета.Цивилизацијата на Египќаните наводно била два милениуми постара од Грчката, античките Египќани имале бродови кои можат да пловат по море,но сепак Египќаните никогаш не нашле време да ја посетат Грција,нивната прва морска сосетка.

Чудно нели?Чудно е Феникијците и Минојците да можат да го крстосуваат Медитеранот а ваму,најстарата и најразвиена цивилизација на Египет-не!

Истово важи и за филозофијата.И Платон и Питагора тврделе дека тие и други грчки филозофи оделе во Египет на студии.Талес рекол дека египетските свештеници се веродостоен извор на знаење и информации.Платон студирал 13 години во Египет.Учител му бил Сехнупис,свештеник  од Хелиополис(Каиро).Подоцна кога Страбон патувал низ Египет,водичот му ја покажал куќата каде што живеел Платон.
Научниците се склони секое тврдење на античките писатели и филозофи кое не се совпаѓа со нивните теории да го сметаат за „дрдорење на старите„ .

Ама како така?Дрдореле и најголемите филозофи?

Јасно е како бел ден.Според нивните пишувања античките грци воопшто не се срамеле да кажат од каде и од кого го наследиле знаењето.За разлика од нив,на денешните научници овој факт им е мошне непријатен.

Грчките митови јасно укажуваат на фактот дека првите Грци биле всушност Египќани кои ги колонизирале островите и копното.Диодорус Сикулус вели дека Кекропс потекнувал од Египет.Тој ја основал Атина како колонија на египетскиот град Саис.Божицата Атена била всушност египетската Нет,односно "Ht".Ова се изговарало „Ат„ или „Ата„.Ова значи дека дури и во Саис во Египет ,„Нет„ се изговарало како „Атенет„.Без да се замараме со вербална гимнастика за тоа што Грците правеле со името на божицата ќе кажеме само дека хеленистичкиот писател харакс од Пергамон околу 200 НЕ изјавил дека жителите на египетскиот град Саис си го нарекувале својот град Атена.

Херодот раскажува и дека светилиштето во Додона е египетска идеја.Наводно кога бил во Египет му кажале дека Фениќаните грабнале две египетски свештенички од кои едната завршила во Додона.херодот тврди дека повеќепати слушнал во Египет дека грчката цивилизација е дете на реката Нил.

Како одговараат научниците на ова?

Одговорот е :Херодот бил голем лажго!

Сепак и за мистериите во Елеуса се смета дека се со египетски корен.Ерехтеус,нивниот основач ги направил како копија на мистериите на Изис и Озирис.

Интересно е прашањето, кој ги раздели Грците од Египќаните?

Wednesday, January 25, 2012

Етимологија на зборот фаланга


Старогрчки φάλαγξ
Од
ПИЕ (Прото Индо Европски јазик)  *bhelg-или *bhleg- "труп ,стебло,греда".Првата употреба на зборот е кај Хомер,кој го користи за да опише организирана борбена линија,за разлика од индивидуален дуел кој се преферирал во негово време. Отомански турски balçak-дрвена дршка на меч и Балкан-отомански турски-ланец од (шумовити) планини   
Но 
ПИЕ *b(h)elg nomen actionis од *b(h)olgo-изговара,вика (фалангата напаѓала со викање),Староанглиски bealcan-рика ,ждрига,холандски -bulken,силен извик ,англиски balk,да стои тврдоглаво .

Monday, January 16, 2012

Библиска космографија

Ако секогаш сте се прашувале како го замислувале светот творците на Библијата ,овој графички приказ ќе ви овозможи да си создадете сликовита претстава.


Небесниот свод (rakia,firmamentum) е цврст  бидејќи Бог го зацврстил за да не ги пропушта водите над него а и за да може на него да се закачат светилата без да паднат

БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА 

Глава  1  

  1 Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.

  2 Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.

  3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.

  4 И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.

  5 Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.

6 И Бог рече: „Нека биде свод среде водите, да ги дели водите од води!”

7 Бог направи свод, и ги оддели водите под сводот од водите над сводот. И бидна така.

8 А Бог го нарече сводот небо. И бидна вечер, па утро - втор ден.


Копното на земјата изронило од водите 


9 И Бог рече: „Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!” И бидна така.

10 Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро.

11 И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило - со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое - секое според својот вид - ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!” И бидна така.

12 И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро.

13 И бидна вечер, па утро - трет ден.


Потоа на цврстиот небесен свод Бог најпрво ги наредил светилата - ѕвездите, не само за да го делат денот од ноќта,туку и да бидат „за знаци„.Мене ова ми асоцира на астрологија.„Знаци за времињата,за деновите и годините„ не може да биде ништо друго освен предвидување на иднината според ѕвездите.

14 И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините,

А дури потоа ги наредил Сонцето и Месечината(за да ја осветлуваат земјата)

15 и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така.

Сумирање на креирањето на небото:

16 И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.

17 И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата,

18 да владеат над денот и ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека е добро.

19 И бидна вечер, па утро - четврти ден.


Земјата стои цврсто на столбови а над неа небото е оптегнато како шатор:


Псалм  93 
1 Господ царува, облечен во величество, Господ облечен во сила и опашан: Вселената стои цврсто, нема да се разниша 2 Твојот престол е утврден одамна, Ти си од вечноста!  3 Господи, реките ги издигнаа, реките ги издигнаа своите гласови; реките ги издигнаа своите бранови.  4 Појак од шумот на многуте води, посилен од морските бранови: силен е Господ во висините.  5 Твоите сведоштва се предостојни за вера, светоста е украс на Твојот Дом, Господи за секогаш!
Псалм  104 
 1 Благословувај Го Господа, душо моја! Господи, Боже мој, Ти си многу велик! Облечен си со величество и убавина!  2 Наметнат со светлина како со наметка! Небото го оптегна како шатор,  3 ги изгради Твоите дворци над водите. Ја правиш Својата кола од облаци, патуваш врз крилјата на ветровите.  4 Ги правиш ангелите Свои духови, а вжарениот оган за Твои слуги.  5 Земјата ја постави врз нејзините основи, не ќе се разлулее низ вечни времиња.
Псалм  75 
1 За началник на пејачи. Не погубувај! Асафов псалм. Песна. Те славиме Боже, Те славиме, и го повикуваме Твоето име, ги проповедаме Твоите чудеса.  2 „Кога ќе го одредам времето, ќе судам право.  3 Па нека се стресе земјата со сите свои жители, Јас ги зацврстив нејзините столбови.  4 Ги опоменувам дрските: *Не бидете дрски!* Безбожниците: *Не бидете толку рогливи!Псалм  136
6 Тој ја зацврсти земјата над водите: Вечна е Неговата милост!
7 Тој ги направи големите светила: Вечна е Неговата милост!

КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА Глава  44
  24 Вака зборува Господ, твојот Искупител и твојот Творец во утробата: „Јас Сум Господ Кој Сум создал сè, Кој ги оптегна Сам небесата, и ја зацврстив земјата без ничија помош.

ПРВА КНИГА САМОИЛ Глава  2  

8 Го подига бедниот од правот, сиромашниот го возвишува од буниште, за да ги седне со кнезовите и за да наследат славен престол. Зашто Господови се столбовите на земјата, и Тој ја ставил врз нив вселената.



Земјата има конечен крај до кој можеш да одиш пеш и од кој можеш да паднеш (во морето).Земјата е плочеста.

КНИГА НА ПРОРОК ЗАХАРИЈА

Глава  9  

10 Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрем и коњите во Ерусалим; и ќе биде скршен бојниот лак. Тој ќе им навести мир на народите; власта ќе му се прошири од море до море и од Реката до краиштата на земјата.
ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ
Глава  13    
47 зашто Господ ни заповеда така: ‘Те поставив за светлина на народите, да им бидеш спасение до крајот на земјата.’
Земјата е рамна како некое ќебе 

ЈОВ
Глава  38   
13 да ја потфати земјата за рабовите и да ги истресе од неа сите безбожници,
Во библиската космографија земјата е неподвижна рамна плоча која стои на столбови,опкружена со космичките  води кои Бог одвреме- навреме ги пропушта низ небесниот свод во форма на дожд
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава  5
45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.
Тешко на народот ако се налути Бог.Тогаш тој го свиткува шаторот на цврстиот небесен свод кој го штити светот и  му ги тресе темелите(земјотрес).Нормално,ѕвездите се откачуваат и паѓаат.

ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава  6   

12 И видов кога го отвори шестиот печат, и се збидна голем земјотрес; и сонцето поцрне како вреќа од кострет, а целата месечина стана како крв,
13 и небесните ѕвезди паднаа на земјата, како што смоквата ги стресува своите незрели плодови, кога ќе ја затресе силен ветер;
14 и небото се истрга како книга што се свиткува; и сите гори и сите острови се поместија од своите места.


Библиската космологија е механичка ,но ненаучна.Ова гледиште за земјата во центар на вселената било важечко до 17 век кога се појавила хелиоцентричната теорија и го разнишала авторитетот на Бог.Како можел Бог да им даде на луѓето вакава погрешна претстава за вселената?

Tuesday, January 10, 2012

Јулијан Отстапник-Flavius Claudius Julianus Augustus 331-363



Јулијан Филозофот,наречен „отстапник„ затоа што отстапил од Христијанството.
Чудесен човек . Воен командант, филозоф, социјален реформатор и писател. Живеел32 години а владеел само 3 години(361-363). Човек да се чуди кога постигнал се.
Син на Јулиус Константиниус полубрат на Константин I Велики и неговата втора жена Василина, христијанка од грчко потекло која својот имот го подарила на црквата во Ефес. Починала веднаш по раѓањето на синот.

Јулијан пораснал кај својата баба во Битинија каде учител  му бил Евзебиус од Никомедија, човекот кој го крстил Константин Велики, патријарх во Бејрут, Никомедија и Константинопол (338-342). 


По смртта на Евзебиус Јулијан се сели во Кападокија каде патријархот Ѓорѓи од Кападокија му позајмувал книги од античката класика во кои  се вљубил. На 18 години заминува во Константинопол каде добива работа на лектор во христијанската црква (?). 
Студира „неоплатонизам„ во 351, минува една година во дворецот на Константиус во Милано-354, а во 355 година е испратен да студира во Атина.


Таму тој се запознава со Григориј Назијанзец и Василиј Велики кои подоцна ќе станат големи патријарси и светци на христијанската црква. Но, другарувањето со вие големи христијани не го спречило Јулијан да биде инициран во Елеусинските Мистерии кои сеуште си функционирале.

Во 355 императорот Константиус го повикува Јулијан во Медиоланум (Милано) и на 6 ноември го прогласува за Цезар на Западот во кое време тој се жени за сестрата на императорот Константиус -Хелена. Подоцна е испратен во Галија каде од учење на филозофија преминува на учење на војување во борбите против Германите. Војува и врши административни функции до 361 кога Константинус умира и со тестаментот го предлага Јулијан  за император.

Така новиот император,воспитуван од христијани но во срцето паган, на 11 Декември 361 година влегува во Константинопол како единствен император. Иако паган тој му организира христијански погреб на Константиус и го погребува во Црквата на светите апостоли веднаш до Константин Велики.

Новиот император има чудни идеи. Не му се допаѓа апсолутната власт и сака да биде„прв меѓу еднаквите„,дебатира на рамна нога со сенаторите,отпушта илјадници слуги,евнуси и друга вишок администрација од дворецот,поставува суд кој ќе расчистува со корупцијата. При овие „реформи„ паднале и неколку глави. На сметка на централизираната бирократија тој ја зајакнал локалната самоуправа на градовите,сам одобрувал од кого и како ќе се собира данок. Ова го направил за 5 месеци па се преселил во Антиохија каде започнал кампања против Персија. Кампањата  со променлив успех траела нецели три години.

За смртта на Јулијан постојат неколку верзии. Според едната тој е убиен од некој негов војник христијанин во 364. Јован Малала вели дека Св Василиј Велики наредил да биде убиен, Либаниус тврди  дека бил убиен од Сарацен ,а подоцнежните историчари сметале дека е убиен од Светиот маченик Меркуриј кому му се молел Свети Василиј откако бил затворен во 363 од неговиот ученик Јулијан.

Наводно, неговите последни зборови биле: Победивте Галилејци! (Јулијан христијаните ги нарекувал Галилејци).

По своја желба Јулијан бил погребан во Тарсус , на југоистокот на мала Азија. Историчарот Јован Зонар тврди дека подоцна телото било пренесено во Константинопол во црквата на Светите Апостоли .Срквата била уништена од Отоманите при падот на Константинопол 1453 година но саркофагот на Јулијан сеуште се чува во музејот на Истанбул (Константинопол).





Коптска икона:Свети Меркуриј го убива Јулијан




Јулијан бил многу плоден автор. Самиот вели дека рацете му биле постојано исцрнети со мастило. Пишувал на грчки,неговиот мајчин јазик. Го напишал делото Три книги против Галилејците(христијаните)-дело кое е изгубено (веројатно поради тоа што му била фрлена анатема) но познато е според фрагменти од делото Против  Јулијан на Кирил Александријски (376 – 444) и на други автори кои пишувале против него.
Јулијан ги сметал христијаните за прости отпадници од Јудеизмот.



Светогледот на Јулијан

Јулијан бил „неоплатонист„. Што и да значи тоа. Верувал во паганските богови а најмногу во Хелиос.
Еве што им говорел Јулијан на Циниците за „Галилејците„(Христијаните). Ова е средина на 4 век :


Многу одамна ви дадов прекар и сега ќе го запишам. Тој прекар  е „монаси„ име кое им се дава на некои од безбожните Галилејци.Тоа се во голема мерка луѓе кои со мали жртви добиваат многу или се ,од секакви извори, и си осигуруваат чест ,толпи следбеници и ласкање. Вашиот метод е сличен на нивниот, освен можеби пророкувањето на божествени откритија,ова не е ваш обичај туку наш,а ние сме помудри од тие безумници. А можеби постои и уште разликата дека вие немате посебна причина да собирате данок каква што имаат тие за да го собирате она кое тие го нарекуваат „милостиња„ (ἐλεημοσύνη), што и да им значи тоа. Но во секој друг однос вие сте многу слични. Како и тие ,и вие сте ја напуштиле својата татковина и скитате по светот а вие ми правите повеќе проблеми на дворов од нив. Бидејќи нив барем ги поканив да дојдат а вас не можев да ве истерам.  

Или

Бидејќи кога се случи да бидат  занемарени сиромашните  од свештениците тогаш сметам дека безбожните Галилејци го сфатија овој факт и и се посветија на филантропијата. И тие се извлекоа со најлошите свои  дела поради довербата  која ја добија поради ваквата пракса. Како оној кој ги мами децата со колачи и фрлајќи им дватрипати ги тера да го следат а тогаш кога се далеку од своите пријатели ги фрла на брод и ги продава како робови, она кое до тој миг изгледало слатко, се покажува горчливо за цел живот-на истиот начин, велам , Галилејците започнуваа со нивните така наречени љубовни гозби или гостопримство или служење по маси-бидејќи тие имаат многу начини на кои го прават тоа па затоа го нарекуваат со ногу имиња-резултатот е дека многумина заведоа во атеизам(безбожност)....(крајот е избришан од некој препишувач-христијанин).


ТУКА може да прочитате некои од делата на Јулијан во англиски превод

Хронологија на Римската империја од Константин Велики до пропаста на Западното Римско Царство 337-476



 Римското царство во време на неговата најголема експанзија под императорот Трајан 117 НЕ




337 22 Мај, умира Константин Велики






337 Поделба на империјата помеѓу трите сина на Константин : Константин II (запад), Констанс ( средината), Константиус(исток).Убиство на сите други принцови со кралска крв, освен децата на Галус и Јулијан.

338 Константиус се ангажира во војна против Персија.Прва неуспешна опсада на Нисибис од Сапор II

340 Констанс и Константин II во војна.Битката за Аквилија,смртта на Константин II.

344 Персиска победа на Сингара

346 Втора неуспешна опсада на Нисибис од Сапор II

350 Трета опсада на Нисибис.Поради упади на Мезагетите во Трансоксиана, Сапор II склучува примирје со Константиус.
Магнентиус го убива Констанс и станува император на запад.

Ветранио е прогласен за император на границата на Дунав.
По појавата на Константиус, Ветранио му се обврзува на верност.

351 Магнентиус е поразен во многу крвавата битка на Мурса.Бунт на Галус, оставен како Цезар на исток.

352 Италија повторно освоена.Магнентиус во Галија.

353 Конечен пораз и смрт на Магнентиус.

354 Убиство на Галус.Јулијан во Атина

356 Јулијан испратен како Цезар во Галија.Војна со Алеманите, Квадите и Сарматите.Воени победи на Јулијан.

357 Предизвик од Сапор II

359 Сапор II, инвазија на Месопотамија.Константиус оди на исток.

360 Галските армиски сили го принудуваат Јулијан на револт.Јулијан маршира по Дунав до Мизија.

361 Константиус умира.Јулијан Отстапник станува император.

362 На Христијаните им е забрането да проповедаат.Јулијан напредува против Персијците

363 Катастрофа и смрт на Јулијан.Повлекување на војската што и прогласување на Јовијан за император.Понижувачки мир со Персија.Обновен декретот за толеранција.

364 Јовијан го предлага Валентиниан за император и умира.
Валентиниан го прогласува својот брат Валенс како император на истокот и го зема западот за себе.Инаугурирана е перманентната двојност на империјата .

366 Дамасус станува папа.Социјалните и политички влијанија стануваат карактеристика на папските избори.






367 Валентиниан го праќа својот син Грацијан како Август во Галија.Теодосиј постариот во Британија.

368 Војна на Валенс со Готите

369 Мир со Готите

369-377 Подлегнување на Остроготите на хунската инвазија

374 Панонската војна на валентинијан.Амвросиј епископ на Милано.

375 Смртта на Валентинијан.Воздигнување на Грацијан кој се здружува со својот млад брат Валентинијан II во Миланo. Грацијан- првиот император кој ја одбива титулата Понтифекс Максимус.Теодосиј постариот во Африка.

376 Убиство на постариот и пензионирање на помладиот Теодосиј.

377 Валенс ги пречекува и ги населува Визиготите во Мизија.

378 Грацијан ги поразува Алеманите.Востание на Визиготите.Валенс загинува во несреќа во Адрианопол.

380 Грацијан го номинира помладиот Теодосиј како наследник на Валенс.

382 Договорот на Теодосиј со Визиготите

383 Бунтот на Максим во Британија.Бегство и смрт на Грацијан.Теодосиј го признава Максим на запад и Валентиниан II во Милано.

386 Бунтот на Гилдо во Африка

387 Теодосиј го уништува Максим, го поставува франкот Арбогаст за господар на војниците на Валентинијан II

392 Убиство на Валентинијан II.Арбогаст го поставува  Евгениус.

394 Падот на Арбогаст и Евгениус.Теодосиј го прави неговиот помлад син Онориус Август на Западот, со вандалот Стилхо како господар на војската.

395 Теодосиј умира.Аркадиј и Онориус императори.

396 Аларик Визиготот го преминува Балканскиот полуостров.

397 Аларик го поддржува Стилихо, дадена му е Илирија.

398 Пораз на Гилдо во Африка

402 Аларик врши инвазија на Италија, поддржан од Стилихо

403 Аларик се повлекува по поразот во Полентија.
Равена станува седиште на империјата.

404 Мачеништвото на Телемах кој се обидува да стави крај на гладијаторските борби.

405-406 Германската банда на Радагаесус врши инвазија на Италија, но е поразен во Фасула

406/407 Аланите, Суевите и Вандалите ја напаѓаат Галија

407 Бунтот на Константин III кој повлекува војниците од Велика Британија да се постави на Галските империја

408 Онориус го убива Стилихо
Теодосиј II ( возраст од 7 години) го наследува Аркадиј.
Аларик врши инвазија на Италија

409 Аларик го прогласува Аталус за император.

410 Падот на Аталус.Аларик го ограбува Рим, но умира.

411 Атлауф го наследува Аларик како Крал на Визиготите.
Константин III поразен од Констанциј

412 Атлауф се повлекува од Италија во Нарбона

413 Бунт и пропаст на Ираклиј

414 Атлауф ги напаѓа варварите во Шпанија .Пулхерија регент за својот брат Теодосиј II

415 Валијас го наследува Атлауф

416 Константиус патрицијот се жени за Плакидија

417 Визиготите се населуваат во Аквитанија.

420 Остроготите се населуваат во Панонија 425 Онориус умира.Валентинијан III е император.Плакидија е регент.

427 Бунтот на Бонифациј во Африка

429 Вандалите, поканети од Бонифациј, мигрираат под Гејзерик од Шпанија во Африка, која продолжуваат да ја освојуваат.

433 Аетиус е патрициј во Италија

434 Умира Ругила царот на Хуните.Го наследува Атила .

439 Гејзерик ја освојува Картагина.Вандалската флота доминира.

440 Гејзерик врши инвазија на Сицилија, но е поткупен.

441 Атила го минува Дунав и врши инвазија на Тракија

443 Атила се договара со Теодосиј II.Бургундијците се населуваат во Галија.

447 Втората инвазија на Атила

449 Вториот мировен договор на Атила .

450 Маркијан го наследува Теодосиј II.Маркијан престанува да плаќа данок на Хуните.

451 Атила врши инвазија на Галија.Атила е тешко поразен од Аетиус и Теодорих I Визиготот во Шалон

452 Атила врши инвазија на Италија, но го поштедува Рим и се повлекува

453 Атила умира.Теодорих II крал на Визиготите

454 Соборување на власта на Хуните од  варварите во битката на Нетад.
Убиство на Аетиус од Валентинијан III

455 Убиство на Валентинијан III и смрт на Максим, неговиот убиец.Гејзерик го ограбува Рим, .Авитус прогласен за император на Визиготите

456 Доминација на Истокот и Западот од страна на Аспар од Аланите и Рицимер од Суевите.

457 Рицимер го симнува Авитус и го прогласува Мајоријан за император.Маркијан умира.Аспар го прогласува Лав за император.

460 Уништување на флотата на мајоријан во Картагена.

461 Симнување од власта и смрт на Мајоријан.Либиус Север станува император.

465 Либиус Север умира.Рицимер управува како патрициј.Падот на Аспар.

466 Еурик, кралот на Визиготите, го започнува освојувањето на Шпанија.

467 Лав го именува Антемиус како император на Западот.

468 Лав испраќа голема експедиција под Василиск да го уништи Гејзерик, кој ја уништува експедицијата.

472 Рицимер го симнува Антемиус и го менува со Олибриус.Смртта на Рицимер и Олибриус.

473 Гликериј станува император на Западот.

474 Јулиј Непос е Западен император.Лав умира и е наследен од неговиот неполнолетен внук Лав II.Лав II умира и е заменет од Зенон Исавриецот.

475 Ромул Август е последен Западен император.
Узурпација на тронот од на Василиск во Цариград.Зенон бега во Азија.Теодорих Амалот станува Крал на Остроготите

476 Одоакар Скириецот, командант и избран крал на германските војници во Италија, го симнува Ромул Август и се решава да владее независно, но номинално како претставник на Римскиот Август во Константинопол.

Крај на западната империја.