Search This Blog

Monday, December 17, 2012

Од која азбука потекнува кирилицата ?

Николај Морозов, Христос, Бог и Слово

Да ја разгледаме од првата гледна точка  еврејската (хебрејска) азбука. Во неа има само 22 букви кои имаат еднакви називи со коптските и грчките(таблица 25)


Установувајќи го нивниот фонетски изговор по аналогија на соодветните азбуки на денес постоечките јазици може да дојдеме до голем број заклучоци.
Самогласната буква АЛЕФ првобитно се читала како А а можеби понекогаш и како О(слично како што денес ние го читаме руското О некогаш акцентирано а некогаш неакцентирано)
УАУ-клин-ец

Самогласката У -која современите полски Евреи ја изговараат како ВОФ се читала во древниот еврејски јазик како германското U или U(И) оставајќи го при читање заедно со другите согласки само својот карактеристичен горен тонски шум,слично како што руското неакцентирано И по самогласка го остава само својот горен тон кој соодветствува на буквата И(Ј).( Од „воина„ се добива „војна„ ).
Ете зошто во еврејскиот јазик се гледа постојан премин на оваа буква во ЈОТА-И.
На ова соодветствува и блискоста на обликот на грчката буква „јота„ со обликот на оваа буква.
Интересно е што оваа фонема ,многу честа во грчкиот во својство на граматички сврзник,согласно на руското И (како на пример во фразата „вол и бик„). Звукот УАУ исто како  и руското И никогаш не стои на почетокот на некој збор ,со исклучок на имиња од странско потекло.Дури и единствениот збор „клинец„(гвозд) 
клин-ец

кој започнува со неа , се изговара како псевдо ВУ(или псевдо УАУ).Нејзината употреба како сврзник соодветствува на италијанското Е и француското Е(иако тоа се пишува ЕТ) а затоа таа фонема можела да се изговара како нискотонското источно Е.Јас овде условно ќе ја означувам како У.

Во грчката азбука таа останала само како знак за бројот 6 на истото место како и во еврејската.Зошто се случило ова ?Очигледно затоа што првичната аритметика дошла кај грците,кои го немале овој звук,со посредство на арапскиот јазиктаков е првиот историски заклучок од компаративната фонетика.

Самогласката ЕЈ
Хет-ограда
современите Евреи ја изговараат како руската согласка Х,но првично во првичниот еврејско-арапски жаргон таа несомнено се изговарала како грчката ЕТА(или ИТА) или како руското Е ( је),чие место таа го завзема во азбуката.

Самогласката ЈОД
ЈОД-рака
првично се изговарала како И и затоа соодветствува на грчката буква ЈОТА.Таа ,би требало,правилно да се изговара со нашиот самогласен звук  И и исто така во слевање со други самогласки често да преминува во согласниот призвук Ј.

Самогласката ОЈН-око
ОЈН -око

по своето место соодветствува на грчкото О а по обликот на славјанското  Е или У. 
Таа веројатно се читала како источното Е, кое и во рускиот ,како што видовме,преоѓа во О во неакцентираните слогови а при слевање со други вокали го остава својот карактеристичен шум  У како во германскиот збор "haus"итн.
Така во еврејската азбука ги имаме сите пет самогласки на италијанскиот јазик ,а за вокалот И кој отсуствува во италијанскиот и другите западноевропски јазици (не исклучувајќи го и латинскиот) не наоѓаме ознака ни во азбуката на Евреите иако тој звук е доста чест во сите источни јазици.
 Како да се објасни оваа грешка? Сметам дека затоа што звукот И се подразбирал во секое слевање на два согласници на пример БН -син,се читало како БИН,или БЕН,читајќи го Е како ниско,субгласно Е кое се приближува кон И.
Не умеејќи да ги изговорат ни тврдите врзивни согласки од видот Б,К,П првите учени ги одбирале секогаш со блискиот кон нив тврд вокал како што на Истокот бил несомнено вокалот  И.така латините ги изговарале своите бук ви како БЕ,КЕ ,ПЕ, итн заменувајќи го И со нискотонското Е.
Но во ваков случај зошто на првите писмени луѓе им требало да го напишат гласот И,на пример во зборот БИН-син и слично?Конечно,од современа гледна точка излегува дека би требало да си изговара не БИН ,туку БИНИ,но првобитното уво било глуво за вакви тенкости.
При општото изложување на антропофониката веќе говорев за подгласници во некои јазици на балканските словени ,наречени од западноевропските лингвисти, кои не умеат да го изговорат, како „ирационален звук„ и за тоа дека ,некои зборови,од типот на бугарскиот збор крх-леб или српското срб-серб се пишуваат со подразбирање на тој звук слично на источното Е или руското кратко И.

Еве зошто и во древно-рабинската писменост за нас словените нема ништо ново.Зошто наместо еден подгласник да ставаме помеѓу две согласки да ги ставаме сите без исклучок западноевропски букви, како и ние да не можеме да го изговориме?

Потврда на мојот заклучок, дека еврејските самогласки првобитно се читале  како то ги читам јас а не така разнообразно како што денес ги читаат современите полски или шпански рабини или караимите (да и тие самите сите ги изговараат различно) се јавува основната и психолошки неоспорна состојба , дека во секоја азбука во мигот на нејзината прва појава секоја ознака соодветствувала на специјален звук. Затоа не треба еврејските самогласки ,како што ги нарекуваат во современите учебници,  да се нарекуваат „гласовни ознаки„ кои може да се читаат различно какошто современите англичани ја изговараат буквата А во разни зборови.И англиската азбука во мигот на своето појавување го задржала тогашиот изговор на зборовите ,кое оттогаш разнообразно се изменило,а особено во однос на самогласката А.

Ова уште повеќе се случило во древно-египетското наречје на арапскиот јазик ,кое  своевремено пропатувало со колонистите и завојувачите во Шпанија ,Сицилија и Јужна Италија и служејќи во средниот век ,под името преселенички(еврејски),општопризнат литературен јазик,слично на латинскиот од епохата на Ренесансата.

Како втора потврда за мојот заклучок се јавуваат сите наши азбуки, кои ОЧИГЛЕДНО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЕВРЕЈСКАТА.На таблицата 25 гледаме споредба на сите азбуки.Погледнете во четвртата колона каде е дадена старата руска азбука.При нејзиното востановување сеуште немало фонетски метод на пренос,туку се употребувал соврчено оригинален пренос,за кој веќе говорев во воведот.


Укажувајќи на последователниот ред на напишаните,како овде,букви ,се изговарале фрази (напишани подолу со курзив )


А-   Б-      В

Аз-Буки-Веди

Г           -Д       -Е

Глагол-Добро-Ест


Ученикот ги изговарал овие фрази ,одејќи со показалецот по буквите додека не ги запомни.А потоа го учеле да чита ,научувајќи да ги употребува само првите звуци од овие зборови.


ЗНАЧИ-СЕКОЈА БУКВА ИМАЛА СВОЕ ИМЕ.


Но погледнете во мојата таблица.Во втората колона стои еврејската азбука од која се гледа дека таму,наместо словенските фрази се изговарале други зборови: вол,дом,камила,врата,еве, клинец,анџар(нож),ограда,кожа итн но со еврејски зборови:алеф,бит,гимел,далет,еј,итн.


првобитно,веројатно,сите звуци од азбукатапретставувале предмети а потоа учениците брзо преоѓале на слевање на првите звуци.Подоцна сложените слики се упростиле до непрепознатливост а само нивните имиња останале како сведоци за нивното потекло.


А сега да погледнеме во грчката азбука во колона три од мојата таблица.


Во неа се сочувани сите еврејски називи на буквите иако за Гркот,исто како за Русинот,тоа е само збир на туѓи звуци.


За некаква можност за случајно совпаѓање не може да стане ниту збор.


На еврејскиот АЛЕФ(бик) одговара грчката АЛФА,на БИТ(дом,куќа) одговара БЕТА,на ГИМЕЛ(камила) одговара ГАМА, на ДАЛЕТ(врата) одговара ДЕЛТА итн и тоа Е ИСТО И КАЈ ЕГИПЕТСКИТЕ КОПТИ како што се гледа од називот во заграда бидејќи древните облици на коптските букви се совршено еднакви со црковно-славјанските.


Ова значи дека грчката азбука била едноставно Коптско-еврејска азбука пренесена во Грција и тоа без најмала измена на буквите.


Ова пак,од своја страна,значи дека Грците првобитно ги обучувале нивните еврејски учители а учениците бесмислено ги повторувале називите на буквите без да ја разбираат нивната смисла.Во руската азбука имињата на буквите ги давале славјанските учители ,претходно обучени на странски литературен јазик и тие го упростиле начинот на помнење на буквите со преправање на нивните називи на сопствениот јазик и како што гледаме прилично остроумно.


Еве вака размислувал Николај Александрович Морозов во 1924 година.

За мене пак ,најголемата мистерија секогаш претставувала буквата Б,Бета,Бет, која наводно античките Грци ја изговарале како Б а средновековните и денешните го изгубиле античкиот говорен апарат за нејзино признесување и знаат да изговорат само наше В.

Да речеме дека буквата е ознака за глас.

Грчкиот учител некаде во среден век при „трансформацијата„ на грчкиот говорен апарат:

Ученику која е оваа буква ?

                                       B

Ученикот со наведната глава :Арг,пфгх?!?

Учителот: Ајде,ајде..остарев чекајќи одговор!

Пробајте да го изговарате  Ввввв подолго време (како кога викате Ааааааа).Овој звук преоѓа во Ф.Мене ми е чудно Ф да е варијација на П кога П може да е само варијација на Б (како во нашето леб-леп).

Б како втора буква во азбуката односно првата согласка има неверојатно големо значење.Б-Бог?

Да се обидам да се ставам во улога на првиот славјански учител.Не знам грчки,не знам еврејски,среден век е , јас сум тежок христијански фундаменталист.Зар ќе ми биде на прво место ширењето на образованието? Глагол добро ест -добро е да се зборува?Зарем не знаеле е да зборуваат словениве во среден век?Аман бе?


А-   Б-      В

Аз-Буки-Веди

Г           -Д       -Е

Глагол-Добро-Ест



Право да ви речам јас би убил два зајака со еден куршум



Аз Бог Ваш Господ итн..

така она  „Наш Он Покој„ би имало и некоја логика.

Си мислам можеби имало некој друг текст на азбучната мнемотехника на „словениве„ а некој се плаши да признае?

Си мислам и нешто друго.Евреиве кога ја смислувале азбуката биле „пагани„.А има ли такво нешто?Евреин а истовремено безбожник?Нема брате.Некогаш со еден, некогаш со повеќе богови ама Евреин ти е синоним за побожен човек.А азбукава? Далеку пред библијата-како да ја смислувал еврејски питекантроп.

АЛЕФ-БИК

Буквите се на тн „палео-хебрејски„.



БЕТ-Дом


ГИММЕЛ-Камила






ДАЛЕТ-Врата (веројатно се мисли на отворот за врата)







ЕЈ(ехееејј дојди ваму!)




УАУ,ВАВ(клин)




ЗАИН (нож,анџар)




ХЕТ-ограда






TET- крзно





ЈОД -ИОД-ЈУД (рака)





КАП КАФ-КОФ-дланка




ЛАМЕД -ражен




МЕМ-вода




НУН-риба







САМАХ-потпора




ОИН-АЈН-око




ПЕ-уста





ЦАДЕ-копје




КХАФ-КУФ-уво






РОШ-РЕШ -глава







ШИН,ШИКАМ-висорамнина




ТАУ-ТАВ-крст







Друга варијанта




Што измислил Свети Кирил?







No comments:

Post a Comment