Човекот кој ја превел библијата на латински во доцниот 4 век НЕ е Св.Јероним( Eusebius Sophronius Hieronymus,Εὐσέβιος Σωφρόνιος Ἱερώνυμος,Saint Jerome).Наводно папата Дамаск I во 382 наумил да ги среди „античките„ латински преводи на Библијата(Vetus Latina ) кои контра своето име ,се напишани на доцен латински јазик(не на стариот латински,кој сосема добро го читавме претходно како да е „словенски„).Треба да се нагласи дека една и единствена Библија на латински јазик пред оваа нарачка не постоела.Наводно постоеле верзии фрагменти итн. и сите„старолатински„ преводи биле од Септуагинтата (од грчки јазик).
Да се вратиме на Св.Јероним.Тој направил што направил(не се знае точно што,наводно ги исправал старите преводи од грчки).Во 390 г наводно почнал да преведува и од хебрејски.На пример,се смета дека преведувајќи ги хебрејските книги Јудит и Тобит тој ангажирал Евреин кој му преведувал од Арамејски на хебрејски а потоа тој парафразирал на Латински.Леле мене.
Некои современи научници искажуваат сомневање во неговото познавање на хебрејскиот јазик и тврдат дека основата на новиот превод на Библијата на латински сеуште бил базиран на грчката Хексапла (издание на 6 верзии на Библијата кое наводно постоело во антиката ама околу 7 век исчезнало,разбира се.Инаку било во 50 тома со вкупно 6000 страни).Денес оваа Хексапла се „рекреира„,види ТУКА.За сто години сите ќе сметаат дека „рекреираното„ во 21 век секогаш било такво-од „антиката„.
Значи Св.Јероним направил нов превод на Библијата на латински.Денес тој превод е познат како Вулгата.
Се смета дека е роден во 347г во некој си град Стридон ,во близина на денешна Љубљана(таков град не постои и не е познато каде точно се наоѓал).Околу 366 заминал за Рим за да студира реторика и филозофија и таму научил латински и малку Грчки.По неколку години минати во Рим тој заминал од непознати причини за Галија и се сместил во градот Триер (денешна Германија).Подоцна му здодеало во триер и се преселил во Аквилија(денешна Италија).Во 373 г превзел патешествие низ Тракија и Мала Азија до денешна Сирија.Во Антиохија ,додека бил болен 373-374 г добил визија дека треба да ја напушти световната наука и целосно да му се посвети на Бога.Посакал да живее аскетски во пустината и заминал за градот Калкис( не може да се утврди точно кој град во Сирија е тоа).Таму започнал да учи Хебрејски од некој Евреин конвертиран во христијанство и цело време се допишувал со учените во Антиохија (од кај наоѓал во пустината на што и со што да пишува не е познато и никого не го интересира).378-379 се вратил во Антиохија а веднаш потоа заминал за Константинопол да ја проучува Библијата со Грегориј Низијанзец.таму останал три години а потоа повторно заминал за Рим каде останал во период од 382-385 г со папата Дамаск(Дамасус) I.Тој му дал задача да ја преведува Библијата.Папата починал во 384 г. Бидејќи Јероним ги критикувал римските попови за слободното однесување ,тие многу го мразеле и по смртта на папата го протерале обвинувајќи го дека се плеткал со некоја вдовица Паула.Ќерката на оваа вдовица Блаесила,критикувана од Јероним дека не се однесува доволно аскетски,почнала да пости и слично и наскоро заслабела и починала.Ова многу ги разбеснило Римјаните.Па така Јероним во 385 г си се вратил во Антиохија придружуван и од вдовицата Паула и други „браќа и сестри„ кои решиле својот живот да го завршат во Светата Земја.Аџииве го посетиле Ерусалим ,Витлеем,Галилеја а потоа заминале за Египет.
Во Александрија Јероним го слушал славниот катехист Дидимус Слепиот,потоа заминал во Нитрија.
Во 388 се вратил во Израел и живеел во пустинска пештера во близина на Витлеем.
Секогш сум се прашувал од каде им пари за вакви патувања на аџииве ама за Св.јероним се знае.Се смета дека го финансирала вдовицата Паула.немам намера да пишувам што се напишал Св.Јероним.Нема крај тоа.
Починал на 30 септември 420 г во близината на Витлеем.
Вака на кратко за Св.Jероним,доктор и светец на латинската црква.Бидејќи роден во Љубљана претпоставив дека Св.Јероним зборувал на мајчин словенски (словенечки) јазик иако „словените„ тогаш уште живееле „зад Карпатите„.И навистина во средниот век исто така биле глупави како мене и сметале дека Св.Јероним ја создал Глаголицата. и ова мислење преовладувало долги векови се додека современата „наука„ по 1812 не открила дека всушност Св.Кирил ја „измислил„ глаголицата која не го добила неговото име.
Азбука од авторот Кирил( сеуште не бил светец)(1729)
Далматица на Свети Јероним
Илирица на Свети Јероним
Мешаница
Склавоница
Унцијална (мајускула,пишување само со големи букви)Склавоница
Како се изговара Кирилицата
Тзервиница(Србиница?)
Фра Анџело Рока ,основачот на првата јавна библиотека во Рим,„историчар„,редактор и издавач на првата печатена верзија на Вулгатата(претходно непозната книга за широките народни маси),главен на ватиканската печатница од 1585 итн.
Тој „намерно„ го промовирал Св.Јероним во изумител на глаголицата.Тој ,поткрепен со цитати од „антички извори„ промовирал и други изумители на писма.
Тој го пронашол и изумителот на античката хебрејска азбука.Мојсеј.
А го констатирал и изумителот на новата хебрејска азбука.Езра.
Аврам ги измислил Сириските и Халдејските букви
Меркур ги измислил египетските свети букви
Херкул ги измислил Фригиските букви
Мемнон ги измислил обичните египетски букви
Кекропс ,атинскиот крал ги измислил грчките букви
Или Кадмо
Феникиското писмо ,се разбира,било донесено oд Феникс.
Етруска-Хетруска азбука
Готска азбука,ја измислил Улфила
Илирска азбука
Српска азбука,ја измислил Свети Кирил
Значи во 1591 година Кирил бил светец а во 1729 не?Чудно.
Во 1559 година папата Павле IV пропишува,„За печатење на преводот на Библијата на народни јазици,потребна е посебна дозвола од Светиот уред на инквизицијата.ваква дозвола е потребна и за да се поседува и за да се чита еден ваков текст„.
No comments:
Post a Comment