Search This Blog

Wednesday, February 29, 2012

За керносот и за глупостите на тн антички„латински„ јазик





Кернос κέρνος или κέρχνος се керамички садови поврзани во едно.Служел за принесување на жртви на боговите.„Античкиот „опис за овие садови е следниот:

Кернос е сад од теракота со многу помали садови закачени на него.Во нив има жалфија,макови зрна,жито,јачмен,леќа,овес ,овошни колачи,мед,маслиново масло,млеко и немиена овча волна.Кога некој го носи овој сад,на пример ликнофоросот,тој пробува од содржината.

Каква врска има керносот со „античкиот латински јазик„?

Еден од најстарите натписи „на латински„ е тн „Дуенос натпис„ датиран 7-5 век пред нашата ера а пронајден во Рим во 1880.






Погодете како е преведен натписот на керносов на античколатински?Многу интересно.
Ќе ја земам само првата реченица таа што е највнатре бидејќи немам време да се занимавам со целото

Line 1:
a. IOVESATDEIVOSQOIMEDMITATNEITEDENDOCOSMISVIRCOSIED
b. iouesāt deivos qoi mēd mitāt, nei tēd endō cosmis vircō siēd
c. Iurat deos qui me mittit, ni in te (= erga te) comis virgo sit
d. The person who sends me prays to the gods, lest the girl be not kind towards thee

Личноста која ме испраќа се моли на боговите,нека девојката!?!? не биде љубезна кон тебе.

Ова па е уште подобро:

An interpretation set out by Warmington and Eichner, renders the complete translation as follows, though not with certainty:
1. It is sworn with the gods, whence I'm issued:
If a maiden does not smile at you,
2. nor is strongly attracted to you,
then soothe her with this fragrance!
3. Someone good has filled me for someone good and well-mannered,
and not shall I be obtained by someone bad.[3]


Чиста поезија на идиотштината.Господи боже чувај не од идиоти со тапија(диплома)

Бидејќи толку века пред нашата ера немало „Словени„ ниту овој натпис не може да го прочитаат па измислуваат топла вода.Дури и го извртуваат текстот како што им одговара.Неверојатно.

Малку распоред на буквите и еве што се добива


I OVE(Š)SA TDE I VOSQ OI MED MITAT NEIT EDE(Š) NDO C(K)OSMIS V I RCOS(Ž) I ED

или во превод

И ОВЕС ОВДЕ И ВОСОК И МЕД СТАВААТ И ЗА ДА ЈАДЕШ ТРЕБА ДА  ЗЕМАШ  ВО РАЦЕ И ЈАДИ



А бидејќи има многу букви "и" веројатно вертикалната цртичка е сепаратор меѓу зборовите.

Тогаш добиваме нешто слично

OVE SATDE VOSQO MEDM TATNE TEDE NDOCOSM SV RCOS ED

ОВОЈ САД ВОСОК МЕД ДАДЕ ОВДЕ ? СО РАЦЕТЕ ЈАДИ

acta est fabula, plaudite!

Monday, February 27, 2012

Мало пневматско олтарче



Херон од Александрија(ако се препознавте со некој друг „антички„ лик,не грижете се,портретов е измислен,поизмислен не може да биде)

Еден русин кој напиша лектира за контраисторичарите,наречена„Поинаква историја на уметноста„,(читај ТУКА на руски) се изнасмеа за користењето на еден вид„камера опскура„ во  4 век пред нашата ера со извикот „па што не напишале дека измислиле и микроскоп пред нашата ера„.Морам да кажам дека кога навлегов во темава сфатив дека „камера опскура„ е ситница за „античките„.Продолжив со „делата„ на некој Херон од Александрија кои се за восхит.Не верувате?

Човеков измислил триста механички чуда во 1 век од нашата ера.  Еве опис на една машина




Изградба на мал храм, таков што, кога ќе се запали оган, вратичките се отвораат спонтано,и ќе се затворат повторно кога огнот ќе биде изгаснат. Предложениот храм нека стои на пиедестал, ABCD (сл. 37), на кој се наоѓа мал олтар (жртвеник) ED.

Низ олтарот вметнете цевка, FG, на која крајот F и е во олтарот а крајот G е во еден глобус, H, достигнувајќи речиси до неговиот центар: цевката мора да се залеми во глобусот, во кој е поставен свиткан сифон, KLM.

Нека шарките на вратичките бидат продолжени надолу и нека се вртат слободно на оски во базата ABCD, а од шарките нека се закачат два синџири, кои споени во едно,ќе бидат прикачени,со помош на макара,на шуплив сад NX, кој  виси, додека другите синџири,обвиткани околу шарките во спротивен правец на претходните, и споени во едно,се прикачени,со помош на макара, на оловен тег, со чие спуштање вратичките ќе се затвораат.Нека надворешниот крај на сифонот KLM влегува во обесениот сад, и преку дупка,P, којa потоа мора да биде внимателно затворена , истурете вода во глобусот доволно за да се наполни до половина.Ќе се види дека,кога огнот на олтарот ќе се распали , воздухот во олтарот станува вжештен и се проширува во еден поголем простор, минувајќи низ цевката FG во глобусот (парниот казан), ќе ја протера течноста преку сифон от KLM во обесениот сад, кој, како што слегува со неговата тежина, ќе ги затегне синџирите и ќе ги отвори вратите. Повторно, кога огнот ќе се изгасне,реткиот воздух ќе избега преку порите на страниците на глобусот ,и свитканиот сифон, (на чиј крај е потопен во водата на обесениот сад) ќе ја повлече течноста од садот со цел да ја пополни празнината што ја оставиле испарените честички.Кога садот ќе се олесни тој ќе се крене нагоре ќе ги затвори вратичките. Некои наместо вода користат жива, бидејќи таа е потешка од водата и е лесно се шири од огнот.

Изработка на клепсидра преку која Плутарх гледал колку е часот ТУКА

Целата книга на Херон Александриски ТУКА

Железна маица


ПРВА КНИГА САМОИЛ
Глава 17

5.На главата имаше бронзена кацига, беше облечен во лушпест оклоп, а оклопот му беше тежок пет илјади бронзени сикли.


Мислите дека железната плетена маица(на англиски -mail или chainmail,ringmail ,француски-“Maille” ,маица од латински "macula" што значи"мрежа" ),дел од средновековната борбена опрема,е измислена во средниот век?Ахм,не е точно.

Бидејќи ваквата форма на метален оклоп всушност претставува некаква форма на плетење ланец,побарав да видам кога е измислен железниот ланец.Излезе дека е измислен во 3 век пред нашата ера(поточно во 225 година ПНЕ кога прв пат се среќава на цртеж на бунар од кој вода се вади со помош на ведро врзано со,замислете што,со ланец.Леле,ле).Но ова уште е зафрканција.На едно место сретнав дека Кинезите знаеле за ланец 30 века пред нашата ера.„под големиот император Ју 2200 година пред нашата ера,измислени се метални ланци,два напред и два назад,кои се фрлале од палубата за да се смири и да запре бродот„.

Прочитав и дека дури и Евреите знаеле за ланец.

Хирам од Тир направил ланци за бродот на царот Соломон во 950 година пред нашата ера.Аристофан рекол дека „јажињата на атинската морнарица понекогаш биле направени од ланци„(400 години ПНЕ).Цезар во 56 ПНЕ се жалел дека не можел да им ги исече јажињата на бродовите на Венетите затоа што биле направени од што?Па од железни ланци,се разбира.Од времето на Цезар до 13 век никој не спомнува ланци.Во статутите на Џенова во 1444 прв пат се спомнува за „железни ланци-анкери„ а во гравура од 1512 прв пат се гледаат нацртани ланци на брод.

Леонардо да Винчи (16 век),цртеж на ланци.


Повторно дупка од ланец па во 1634 Филип Вајт во Англија го патентира следното"A WAY FOR THE MEANING OF SHIPS WITH IYRON FOR THAT PURPOSE AND THAT EH HATH NOW ATTAYNED TO THE TRUE USE OF THE SAID CHAYNES AND THAT THE SAME WILBE FOR THE GREAT SAVEING OF CORDAGE AND SAFETY OF SHIPPES AND WILL REDOUND TO THE GOOD OF OUR COMMON WEALTH."(Блаблабла,ланци наместо јажиња)
Во 1808 (19 век)англичанецот Роберт Флин прв прави ланец кој е употреблив.Употребата на анкери со ланец се проширува дури по првата светска војна(20 век).

Историја на анкерот


Што да речам освен „Ма немојте со тие куршуми, ве молам„.Немам маица.

Се разбира металната маица не е ланец за анкер.Нејзината изработка би била „полесна„.




Се смета дека првата железна маица е измислена од Галите(Келтите,вотевр) 300 години ПНЕ.




Слика на персиски „планинци„ во плетен оклоп од 19 век


Цртеж на плетен оклоп од библија од 13 век



Цртеж од псалтир од 9 век





Цртеж на изработувач на „плетена маица„ од 15 век.



Персиски и Партијски војници 3 век НЕ, Фирузабад,Иран.


Танге сарвак, Иран



Накше Ростам,Иран

Борба на Сарацени и Христијани,цртеж,1218




Таписеријата од Бајо,11 век


Страбон (1 век од нашата ера) рекол дека плетениот оклоп го измислиле Галите а Маркус Теренциус Варо потврдил дека Римјаните плетениот оклоп го позајмиле од Галите ([de Lingua Latina, V, 24, 116)

Оклопот кој Римјаните „го земале„ од „Галите„ со кои прв пат се сретнале во Северна Италија (Цисалпинска Галија) се нарекувал lorica hamata .Бил направен од наизменични редови од цврсто сплетени прстени исечени од метални плочи и редови од прстени од жица кои оделе во хоризонтална насока.Секој прстен бил со внатрешен дијаметар од 5 мм а надворешен дијаметар од 7 мм.За да се направи една lorica hamata потребно е да се свиткаат 30.000 прстени.Проценетото време на изработка е 2 месеци за еден оклоп.Римјаните имале и плочест оклоп тн lorica segmentata(латински израз,но прв пат употребен дури во 16 век)

Наводно најстариот плетен оклоп е од првата половина на 3 век пред нашата ера а пронајден е во Хорни Јатов,Словачка.



Оклоп и коњ во оклоп.Столбот на Трајан ,Рим,2 век НЕ.




Секако,оклопите се многу „стари„.Штом ги има во библијата,вештината на правење 30.000 кругчиња за два месеци била развиена насекаде по светов во „антиката„.


Титус Флавиус Јосефус (1 век НЕ) во својата книга „Антиквитети на Евреите„вели дека кралот Давид (10 век ПНЕ) се борел против Филистинец кој носел thôraka halusidôton[5.7.299] „оклоп исплетен од ланци„(?)

Плетениот оклоп најлесно се прави од жица.Некои мудри глави сметаат дека античките народи (вклучувајќи ги и Римјаните и Галите) не можеле да произведуваат влечена жица бидејќи железото од кое се прави жицата треба да биде со извонредно висок квалитет за при влечењето таа да не се кине ,но ,еве,не било така.

Кога можеше друидот да му измисли напиток за огромна сила на Астерикс,зошто да не можел да измисли добро железо за жица.Море и златни оклопи можел да направи.Сепак и златниот оклоп не е ношто ново.Виргилиј во Енеида(1 век ПНЕ) вели дека таков оклоп веќе е направен [III.467, V.259, VII.639]


Јапонците се пореални.Имаат плетен оклоп дури од 14 век наваму.

Историја на плетениот оклоп

Thursday, February 16, 2012

Гностицизам

Гностицизмот (од gnostikos, "учен", од грчки: γνῶσις Гноза, знаење) е научен термин за збир на религиозни верувања и духовни практики заеднички за раното христијанство, хеленистичкиот јудаизам, грчко-римските мистерии- религии, Зороастризам (особено Зурванизам), и Неоплатонизмот.

Заедничка карактеристика на некои од овие групи е учењето дека реализацијата на Гнозата , (езотерично или интуитивно знаење), е патот кон спасението на душата одматеријалниот свет.

Се верува дека материјалниот свет е оздаден преку некое суштество посредник (Демиург) а не директно од Бога. Во повеќето системи, овој Демиург е виден како несовршен, а во други, тој дури и го претставува злото.

Различни гностичка школи понекогаш го идентификуваат Демиургот како Адам ,Кадмон,Ариман, Ел,Саклас,Самаел, Сатаната,Јалдабаот, или Јахве.

Исус е идентификуван од страна на некои гностички секти како олицетворение на врховното битие кое станало воплотено за да се донесе Гнозата на земјата.

Други одлучно негираат дека врховното битие дошло во тело, тврдејќи дека Исус може да биде само човек кој ја достигнал божественоста преку сознавањето и ги учел своите ученици да го сторат истото.

Меѓу Мандеаните, Исус се сметал за „мшиха кдаба „ или "лажен месија", кој ги извртел учењата што му биле доверени од страна на Јован Крстител.Други традиции ги идентификуваат Мани и Сет, третиот син на Адам и Ева, како спасители.

Христијанските секти прво биле наречени "гностичка" гранка на христијанството, сепак Џозеф Џејкобс и Лудвиг Блау (Еврејска Енциклопедија,1911) забележале дека голем дел од употребената терминологија била Еврејска и забележале дека ова "докажува барем дека главните елементи на гностицизмот биле изведени од еврејската мисла, а тоа не ја исклучува можноста на налевање на ново вино во стари шишиња".

Движењето било раширено во области контролирани од страна на Римската Империја и Аријаните- Готи, Персиската империја, продолжило да се развива во замјите околу Средоземното Море и Блискиот Исток пред и за време на 2 и 3 век.

Преминувањето во ислам и крстоносните војни (1209-1229) значително го намалил бројот на гностиците во текот на средниот век, иако неколку Мандеански заедници сè уште постојат.

Гностичките и псевдо-гностичките идеи станале влијателни во некои од филозофиите на различни езотерични -мистични движења од крајот на 19 и 20 век во Европа и Северна Америка, вклучувајќи и некои кои експлицитно се идентификуваат себеси како оживувачи или дури продолжувачи на раните гностички групи.

Вообичаеното значење на „gnostikos„ во старогрчките текстови е "учен" или "интелектуалец", како споредбата на "практичарот" (praktikos) и "интелектуалецот" (gnostikos) во дијалогот од Платон помеѓу младиот Сократ и Странецот во неговиот Државник.Употребата на Платон на "гностикот" е прилично типична за класичните текстови.

Во хеленистичкиот период, употребата на придавката „гностик„почнала да се поврзува со грчко-римските мистични култови и обреди, со што станала синоним за грчкиот термин „мистерион„.

Придавката не се користи во Новиот Завет но Климент Александриски во Книгата 7 од неговата „Строматис„ зборува за "учениот" (гностикос) христијанин во ласкави термини.

Употребата на „гностикос„ како форма на ерес потекнува од толкувачите на Иринеј.Некои научници, на пример А.Русо и Л..Дотрејо , преведувачи на француското издание (1974), сметаат дека Иринеј го користи терминот „гностикос„ едноставно во значење на "интелектуално". Компаративната придавка на Иринеј "гностерикон" -„по-учен", очигледно не може да значи " повеќе Гностички", и да биде име на некоја секта.

Терминот "Гностицизам" не се појавува во античките извори,и за првпат е измислен од англискиот филозоф Хенри Мор.(Henry More 1614 – 1687) во коментарите на седумте букви од Книгата на откровението,каде што тој го користи терминот "Gnosticisme" за да опише ерес во една од седумте цркви спомнати во Откровението ,онаа во Тиатир.

Според Откровението, една жена по име Језавела (кој се нарекувала себеси пророчица) учела и ги заведувала христијаните во Тиатир да вршат сексуални неморалности и да јадат работи жртвувани на идоли.

Лично сметам дека терминот „Гностик„ е создаден за да се „покријат трагите„ на старото ,неканонско „христијанство„ кое било многу поразлично од она кое денес го познаваме.

Tuesday, February 7, 2012

Јаничари-првата организирана војска во историјата


       Наводно,  од турски:Yeniçeri, и во превод Нова војска .А која била старата? 
Стара и немало.Во тоа време секогаш кога се создавало нешто му се ставало име „ново„. Подоцна по техничко технолошкиот век луѓето претпоставувале дека ако има „ново„ претходно имало и „старо„.Не е точно.Старо а слично или различно од новото обично воопшто немало.

„Јаничари биле припадници на турска пешадиска единица во својство на телохранители на султанот. Оваа единица била основана во 1329 година (14 век) од страна на султан Мурат I, времето кога Османлиското царство го започнувало своето проширување. Јаничарите се регрутирале од немуслиманско население, од заробени млади христијани што биле насилно потурчувани.„

Loquutus etiam sum cum primogenitis Christianorum, qui milites custodes Caesaris sui sunt, dicti Janitzares, et facti Mahumedani; dicebant quod usque corde Christiani essent, et quod aliqui intermedii, aliqui autem Mahumedani.

86.[86.] Разговарав и со некои кои служат како воени телохранители на нивниот Цезар,наречени Јаничари кои биле родени како Христијани а подоцна станале Мохамедани.  Тие велат дека сеуште во срцето се Христијани, некои се нешто помеѓу, а некои се Мохамедани.

 * Традиционално јаничарите се турска војска формирана во  14 век од бегот Орхан,од младичи Христијани и други воени заробеници конвертирани во Ислам. На крајот тие добиле толкава моќ да менуваат султани, не можеле да се контролираат, и во 1826, после револтот против султанот Махмуд II,биле масакрирани во нивните бараки и единиците им биле укинати.  

E.Swdenborg :De Ultimo Judicio Et Babylonia Destructa 1758 ,англиски ТУКА




Еден од најславните јаничари бил Ѓорѓија Кастриот Скендербег , син на деспот од северна Албанија кој водел 20 годишна војна против Отоманите, и Мехмед Паша Соколи селанец од Босна кој подоцна станал голем везир, служел на тројца султани, и бил дефакто владетел на Отоманската империја повеќе од 14 години.

Во украинскиот ,бугарскиот и српскиот јазик  името јаничар се употребува за воин кој се конвертирал од Христијанство во Ислам.

Единиците биле организирани во орти (еквивалентни на баталјон).На чело на ортата стоел чорбаџи(служител на супа). Сите орти заедно правеле оџак  ( "огниште"). Сулејман I имал 165 орти но со време нивниот број пораснал на 196. Султанот стоел на чело на јаничарите но непосредна команда имал нивниот ага (командант).
Војската била поделена на три групи:
  • ќемат (трупи на границата ,или „јемат„) ),со 101 орта
  • бејлик или буљук (лични телохранители на султанот), со 61 орта
  • шекбан или сејмен, 34 орти
Додатно имало 34 орти од ајеми (кадети). Тоа биле полуавтономни јаничари постојано распоредени во Алжир.
Ранговите на јаничарите наводно биле базирани на работни места во кујната или на групите ловци, за да се акцентира дека биле слуги на султанот. Кој знае дали е така.Не може точно да се утврди ни кој ги основал.
Локалните јаничари стационирани во градовите подолго време се нарекувале јерлија(звучи како герила).


Отоманите први имале организирана и постојана војска после „античките римјани„.Многу е поверојатно дека нивната војска била првата организирана војска во историјата.



Јаничарите имале и логистика.Тие биле дел од организиран воена машина.Отоманската армија имала трупи за изработка на патишта,трупи за подигање на шатори,трупи за печење леб.Чебечи трупите дистрибуирале оружје и муниција.Јаничарите имале и медицински персонал кој патувал со нив за време на походите .Тие ги собирале ранетите во патувачки болници зад борбените линии.

Јаничарите се споредувани со „римската преториска гарда„.Многу е поверојатно дека „римската преториска гарда„ е смислена на хартија по урнек на јаничарите .
Јаничарите носеле посебни униформи,биле плаќани во кеш, и марширале на особена музика која се нарекувала мехтер. Слично на напаѓањето со гласна музика на  фалангата на Александар. 
Ѕирни ТУКА.
Воената музика на јаничарите била позната по своите перкусиони и дувачки инструменти:кош (огромен тимпан), давул (бас тапан), зурла (силна труба),нафир или  бору (труба),чевган-ѕвонци , триангла, и зил -чинели, и други. Музиката на јаничарите извршила влијание врз европските музичари на класиката како Моцарт и Бетовен  кои компонирале маршеви „ала турка„.







Антички Грци од Анадолија и така натаму





















Сите костуми ТУКА

Friday, February 3, 2012

Alhana?=Athena?, L'Isle, Guillaume de (1675-1726)


Авторот на картава ја напишал Атина како Алхана или Атхана.Со оглед на арабанашката популација која во тоа време го населувала градот,можеби Alhana е всушност Albana?Подоцна Албана станува "античката" Атена.



И романскиот Неапол е на другата страна на Пелопонез-Мореја?


Napoli Di Romania, Greece P000668

Greece. Original steel engraving drawn by Wolfensberger, 

Грци или Евреи (3)


Спартанците и Јудеите се браќа (и сестри).Ништо чудно што приказната за јудејските маченици мајката со седум синови кои се жртвуваат за верата ,неодоливо потсетува на приказните за мајката Спартанка која двојно се жртвува (и себе и своите синови() за повисоки идеали.

Извадок од Книгите Макавејски(2 век ПНЕ)


5.А ова е препис на посланицата која им ја напиша Јонатан на Спартанците
6„Јонатан првосвештеникот и герусијата(собрание) на старците народот и свештениците и останатиот народ (δήµος) Јудејски на Спартанците браќа да се радуваат
7.Уште порано беа испратени посланици на Ониј првосвештеникот од Ариј вашиот цар дека сте наши браќа како што е преписот во прилог
8.И го прими Ониј испратениот( ваш) човек со слава, и ги прими посланиците во кои беше изложен сојуз и пријателство.
9.Ние значи иако немаме потреба во тоа имајќи ги за утеха Светите Книги кои се во нашите раце.
10.настојуваме да испратиме дека братството и пријателството со вас да го обновиме ,за да не се оттуѓиме од вас,бидејќи помина многу време од кога ни пишавте
11.Затоа ние во секое време непрекинато и за празници и во останати установени денови се сеќаваме на вас над жртвите кои ги принесуваме и во молитвите како што е праведно и личи да се сеќаваш на свои браќа.
12.И й се радуваме на вашата слава.
13.Нас пак не обиколија многу невољи и многу војни и војуваа на нас царевите кои се околу нас.
14.Сепак не сакавме да ги вознемируваме и останатите сојузници и наши пријатели во тие војни
15.Бидејќи имаме помош од Небото која ни помага, и се спасивме од нашите непријатели,и се поништија непријателите наши.
16.Го избравме пак Нуминиј синот на Антиох и Антипатер синот на Јасон и (ги) пративме кај Римјаните да го обновиме со нив поранешното пријателство и сојуз

17.И им наредивме да дојдат кај вас и да ве поздрават и да ви ги предадат нашите посланија за обновување на нашето пријателство.
18.И сега добро ќе сторите ако на ова ни одговорите„
19.А ова е посланието кое тие(Спартанците) му го испратија на Ониј
20.„Ариј царот на Спартанците,на Ониј големиот свештеник-да се радува!
21.Се најде во списите за Спартанците и Јудеите дека се браќа и дека се од родот на Аврам
22.И сега кога го дознавме ова добро ќе сторите да ни напишете за вашиот мир.
23.А ние вам ви отпишуваме:нашата стока и нашиот имот е ваш,а вашиот е наш.Заповедаме да ви соопштат вака
Грци или Евреи (1) http://kontraistorija.blogspot.com/2012/01/1.html
Грци или Евреи (2) http://kontraistorija.blogspot.com/2012/01/2.html

Knjige makavejske komplet


Анд зис ис Јудеја


Зум на „античка„ карта на Јудеја



Или антички кажано


Thursday, February 2, 2012

Александрија


Македонски-болгарски език веројатно е македонски-народен јазик(по логиката на vulgar -latin,народен латински јазик)
Aleksandrija

Најтиражната книга на средновековието е една македонска книга,Александрија.
Преведувана е на латински,персиски,руски, па и грчки.Денес оригиналот кој бил на „словенски јазик„ не постои.Доколку сакате да ја прочитате историјата за Александар во влашка редакција,исправана со бугарски правопис од почетокот на 19 век повелете на линкот погоре.


Краток извадок на современ македонски .
Личните имиња се транскрибирани како во оригиналот.

Во она време царуваше во Македонија царот Филип во Филип-град.А во Егупет царуваше Нетанав,царот егупетски и тој беше голем филозоф и ѕвездочетец и голем маѓосник и маѓосуваше четири царства и...ваши...и нивите и овошките и беше се наполнила сета негова земја со секоја сладост а во оние четири царства имаше глад...и тешки болести кој цар ќе тргнеше на него не можеше да го победи поради неговите маѓии.И тогаш се собраа оние цареви,имено,царот авиронски,царот арапски,царот етиопски,царот асирски, и напишаа писмо во кое се жалеа на Нетанав и го испратија до царот Дарија,кој беше највисок, над 40 цареви беше цар.

И вака му се молеа и велеа: те молиме цару Дарија,цар над царевите и бог турски и сонце персиско,си ги поклонуваме главите до земјата и ти се молиме да не помилуваш од Нетава,царот егупетски.И кога го прочита персискиот цар Дарија жалосното писмо од оние четири цареви и се омилија четирите цареви и стана и појде со сета своја војска персијска.

И испрати писмо да станат оние четири цареви против Егупет и Нетанав царот егупетски.Тоа го слушна Вервелуш војвода и му се јави и му кажа на  Нетанав царот егупетски.И тогаш се уплаши царот Нетанав и направи маѓии и излеа восок и му се покажа дека царот Дарија го освоил градот егупетски.

И заплака царот Нетанав и рече: Олеле тебе Егупте ,40 години се веселеше слатко и убаво а сега ти стана роб турски под Дарија царот персијски.Ќе ве ограби и зароби.И  напиша царот Нетанав писмо до Егуптјаните и....вие Егуптјани мали и големи си одам од вас стар а по 30 години ќе се вратам млад да ве спасам од ропството на царот Дарија.

И го стави тоа писмо на царската трпеза и  ја симна круната од главата ја стави на трпезата и си ги избричи мустаќите и брадата и главата и се облече во искинати прости облеки и излезе ноќе со плачење од Египет.И отиде во македонската земја во Филип град и се преправи во доктор и билкар.И седеше тајно во анот на Филип град.

И кога се собраа сите Егуптјани и отидоа во палатите Нетанавови и го најдоа писмото и круната царска на трпезата плачеа нажалени за својот цар.Изградија висок столб, го излејаа царот Нетанав во злато ,каков што беше ,и му ја турија круната на главата и писмото во рацете.

И царот Дарија го превзеде градот Егупет и си постави свој књаз во Егупет.И се врати назад во Персида својот град.

И Филип царот македонски тргна да оди со војска на градот Солун и ја викна својата царица Олимпијада и и рече: царице моја мила,јас одам на војска, да ми родиш чедо додека се вратам, ако не ,нема да ме дочекаш жива.
И отиде царот во војна.Отиде царот а царицата Олимпијада остана печална и скрбна.А една робинка и кажа  и рече: Госпоѓо царице , во нашиот град има еден доктор(врач) тој ќе знае билки за рожба.

И царицата ја испрати робинката кај Нетанав и таа го викна и отиде докторот Нетанав кај царицата и и се поклони.

И му рече царицата:човече божји имаш ли билки за рожба? 

Нетанав рече:имам.

Му рече царицата:ако направиш да родам чедо голем дар ќе ти подарам.
Нетанав ја погледна во лицето прекрасната царица и како со стрела го погоди во срцето убоста на царицата.

И одговори и и рече:Госпоѓо царице,со божја волја на Амон и Аполон можеш да родиш чедо.

Му рече царицата:како знаеш дека ќе родам чедо?
Нетанав рече:да бидеш подготвена госпоѓо царице оваа вечер во една ќелија(соба) седи сама и ќе дојде при тебе богот Амон да ноќева со тебе и кога ќе  го видиш да не се уплашиш.
И кога дојде вечерно време се затвори царицата сама во собата и дојде Нетанав и влезе кај неа и се преправи као ѕвер-глава лавовска(асланова),нозете орлови а опашката змијска (аспидска) како ламја со две крила орлови-едното крило златно а другото крило црно и страшно.И легна страшниот врач Нетанав со царицата Олимпијада и ги изгасија сите свеќи.И преноќева со неа додека не осамна.
И утрото Нетанав стана човек како сите луѓе и рече:Госпоѓо царице,од сега да не јадеш мрсно месо и да не пиеш вино ни мед ни ракија,затоа што зачна во утробата машко чедо и тој ќе биде цар на сиот свет,и направи си во близина до тебе соба а кога ќе дојде време да родиш побрзо да ме викнеш.
И се израдува царицата и го награди со големи дарови.А кога дојде време и наближи часот  да роди царицата Олимпијада чедо испрати да го викнат Нетанава.И тогаш беше полноќно време и и рече Нетанав на бабицата да ја подржи царицата и погледна на синото небо на ѕвездата зорница и на небесниот круг и на планетите и орисниците не беа тргнале да се  породи зашто беа.....човек прост и ја држеа царицата.И кога се исполни сиот небесен круг ја пуштија царицата и се роди младо дете во месец Март 15 ден и го зеде стара баба и го однесе во црквата елинска на Амон и Аполон и го благослови попот еленски  и му дадоа име избрано шо се вели по грчки Александру Македон.И беше голема радост за сета земја македонска по градови и по села.
И тогаш царот Филип се врати од војска и една ноќ виде сон и му се стори дека излезе од платносеницата што се вели чадорот и леташе над царот Филип еден орел и пушти едно јајце од горе на царот и се скрши јајцето и излезе едно змијче живо и го обиколи јајцето а потоа влезе во јајцето и умре.И пак виде на сон дека дојде богот Амон идолски и му донесе младо дете и му рече,радувај се Филипе бидејќи ти се роди младо царче.Тогаш царот македонски го викна патријархот филозоф Аристотел и му го раскажа царскиот сон.Аристотел филозофот му рече:Господине царе твојот сон е вистински.Она јајце е земјата македонска а малото змијче е твојот син принцот (царјувич).Сета земја ќе ја освои и дома  во Македонија нема да се врати.Тогаш стигна писмо од царицата Олимпијада и прочита  царот Филип дека родила дете,принцот Александар.
И се израдува царот Филип и тргна да си оди во Македонија.А кога се приближи излегоа да го пречекаат сите боери(великодостојници) и со голема слава го изнесоа малото царче и му го дадоа на Филип.
И го зеде царот на раце и го бакна (цалуна) и го благослови и рече радувај се сине мој Александре,личиш на прекрасниот Јосиф и на Ираклиј премудриот цар и му го подаде на патријархот Аристотел.
И го благослови патријархот и рече:нека биде раката твоја над сите царови земски.И влегоа во Филип град и се радуваа мали и големи.
И кога Александар стана на седум години го даде царот Филип на книга и на писмо.И го зеде Аристотел и го научи на книга и на сите псалми Давидови.И го научи на филозофија.
И еден ден појде Нетанав кај царицата и рече:Госпоѓо царице дај ми го мене Александар да го научам филозофија и круговите небесни и читање на ѕвезди и орисници и планети.
И тогаш царицата го викна Александар и му рече:сине мој Александре,послушај ја својата мајка ,да одиш кај овој филозоф да те научи на сета негова филозофија.Бакни му рака и поклони се.Александар му бакна рака на Нетанав и нетанав го бакна Александра.
И одеше Александар кај него секоја вечер и Нетанав го учеше филозофија и за седум години Александар го научи писмото и сите филозофии и сета убавина Египетска.
И еден ден патријархот Аристотел собра двеста момчиња врсници на Александар и го постави Александар да води сто момчиња а својот син Птоломеј да ги води другите сто, за да го провери Александар.Се разделија на две војски и почнаа војна со дрвени сабји.
И војската на Александар ја победи војската на Птоломеј.И тогаш рече учителот Аристотел:О љубезен мој Александар ,ќе бидеш цар на сиот свет.
И еден ден се качија Александру и Нетанав на еден висок чардак и рече Александар,даскале,ме научи на цела филозофија,небесна и земна,да ми кажеш од што ќе ти дојде смртта.Му рече Нетанав.Од еден мој син.Александар помисли и рече:Нетанав нема син и го бутна од чардакот и падна долу Нетанав и му се скршија коските и извика и рече:о сине мој Александре,ти си ми син и од тебе умирам и душата моја оди во гладниот ад,каде влегуваат сите цареви еленски.
И со овие зборови умре Нетанав царот егупетски.Го слушна ова Александар и се уплаши и појде кај својата мајка Олимпијада и и кажа што сторил и дека го убил учителот Нетанав.Тогаш се уплаши царицата и рече:сине мој тој ти е и отец и татко.И на крајот нареди царицата и го погребаа Нетанава во гроб со големи почести и плачеа горко и царицата и Александар за Нетанава.И така заврши Нетанав царот егупетски.А за овие работи царот Филип не знаеше.
И една ноќ дојде еден царски слуга и му кажа на царот Филип дека се ождребило едно коњче чудно црвено и помеѓу ушите има еден рог голем колку еден лакот.
И се почуди царот Филип и нареди царот да изградат убори(коњушница) и направија железни врати и го затворија во железна коњушница.
И она коњче растеше чудно и убаво и стана лошо и срдито и не даваше никој да му пристапи освен уборникот(коњушарот).
И еден ден отиде Александар и го виде низ прозорецот на коњушницата еднорогиот коњ и ја подаде раката и се поклони коњот на колена и цвилеше и се скроти бидејќи го препозна својот господар а Александар го галеше и го целуваше и за рогот го фаќаше и многу пати така одеше Александар на прозорецот и го милуваше коњот еднорог.
И еден ден појде и го скрши катанецот и го улови коњот за рогот го обузда и го оседла и седна на ненаучениот коњ и излезе од градот.И кога слушна царот Филип се исплаши и нареди да потрчаат царските војводи по Александар ,да не загине царчето.
И поседнаа војводите на добри коњи и со златни мечеви и го стигнаа на градската врата.Александар го сврте коњот,го збодна и ги остави како прав и пепел и ја преплива големата река Марица и го разигра на средина на царските палати.
И му се поклонија мали и големи како на самиот цар.А коњот го затворија во железено трло.
И помисли царот Филип и рече,благословен да бидеш втор цар Ераклија и јунак над јунаци.
И пак рече царот Филип:господа мои војводи,да знаете дека од сеха нема ни еден цар да може да пристапи во Македонија и ни еден цар нема да се одбрани од Александар мојот син.
И царот Филип нареди да се одберат 1000 војници јунаци и да одат по Александар и да го учат на меч и накопје и на стрели и да одат на лов секој ден.
А во она време имаше  кон белото море едно место кое се нарекуваше далфински остров.
И таму имаше направено едно тркало и беше закаќено на едно дрво со секакви мајстории.И таму имаше многу избрани јунаци и се бореа со сабји и боздогани и кој кого ќе го победеше му го одземаше коњот и оружјето и се што имаше при него и сребро и злато и му напишаа писмо и ја славеа славата далфинска.
Александар слушна за ова далфинско тркало и појде кај царот Филип и му се поклони на својот татко и рече.ти се молам господине мој родителе да го пуштиш својот Александар ,да појде твојот син на далфинскиот остров да си ја испита храброста со далфинските јунаци.Царот одговори и рече:о  мал мој Александар  не треба да одиш на далфинскиот остров зошто си уште млад на петнаесет години .Одговори Александар и рече,Господине мој и царе,ако не ме пуштиш нема никогаш да ме видиш.
И тогаш царот го прегрна Александар и го благослови и рече,да ти биде помошник,сине мој,богот Аполон и богот Амон и да ја води раката твоја над сите јунаци далфински.
И тогаш зеде Александру сто јунаци македонци и двајца млади војводи Птоломеј и Филон и зеде сребро и злато и многу други потреби.
И седна на еднорогот,својот коњ и отидоа на далфинскиот остров и го завртија тркалото и излегоа двајца јунаци Калестин и Леомедлин.
И удри Александар на калестин и го пресече на две.А Птоломеј војвода удри на Лиомелдин и го пресече.и им ги зедоа коњите и оружјето.
И излегоа сите далфињани и се зачудија на силата на царчето Александар и на неговата убавина.
И конечно излезе нокој филозоф по име Уранија и го праша Александар:од каде си господине и чиј син си.Александар одговори и рече :јас сум син на храбриот цар Филип Македонски.Уранија филозофот рече:слушнав од мојот стар даскал,кој пророкуваше и думаше :ќе излезе остра сабја од Македонија,од царот Филип и ќе го превземе сиот свет.Да знаете дека тоа е овој млад јунак.
И пак господине млад царевич,кога ќе ја освоиш нашата земја далфинска да не помилуваш како ќе биде волјата божја.И се врати Александар во Македонија.
А царот Филип ја беше напуштил мајката на Александар,и земал нова царица затоа што царицата олимпијада беше наклеветена од двајца благородници.
И кога стаса Александар и слушна дека мајка му ја направиле курва и кога седнаа да вечераат на царската трпеза и оние војводи клеветници беа таму.
И Александар стана како ѕвер и зема една столица и го удри едниот и му ја скрши главата и умре и го удри вториот и го уби а другите се разбегаа и самиот цар се уплаши нареди да ја донесат царицата Олимпијада и се разболе царот Филип и лежеше цела година.
И се расчу на сите страни дека е болен македонскиот цар Филип.Татарскиот цар Алтамаш ја собра сета сила татарска и собра до 5000 избрана војска и ја покри реката Дунаи одејќи на Македонија.Го слушна ова Филип царот македонски и се налути и го викна својот син Александар и му рече:сине мој Александре,јас лежам во тешки болести а ти одбери војска македонска и оди против Алтамаш царот татарски побрзо да не ја поробат нашата земја македонска.
И му се поклони Александар на својот татко Филип и собра 3000 македонци и отиде против Алтамаш царот татарски.
И се приближија и испрати Александар извидници.
И извидоа дека татарската војска е распрсната и ненатокмена.
И кога дојде вечерта направија многу огнови и ги удрија од три страни во тилот и свиреа со труби и пишталки( види тука етимологија на зборот фаланга http://kontraistorija.blogspot.com/2012/01/blog-post_25.html).
И кога видоа татарите толку војска се уплашија и не знаеја каде да бегаат.
И ги сечеја македонците до разденување и паднаа 2000 татари а 3000 ги изловија живи.И царот Алтамаш самиот Александар го исече.И извикаа 3000 татари:царе Александре помилувај не ти се поклонуваме на твоето царство и ќе ти платиме данок,остави не живи.
Александар кога го чу плачот татарски ги помилува и им постави свој цар по име Франц,нов татарски цар и се врати во Македонија.
А пелагонидскиот цар Анархос, слушна дека идат татарите на царот Филип во Македонија и напиша писмо:јас Анархос царот пелагонитски,му пишувам на мојот брат  Филип царот македонски и му посакувам здравје и долг век.Слушнав дека идат татарите на вас.Да знаеш дека доаѓам со мојата војска на помош и за десет дена ќе дојдам.
И царот Филип го прочита писмото на Анархос и се израдува.А кога дојде царот Анархос Филип го почести со големи почести.
И тогаш царот Анархос ја виде царицата Олимпијада прекрасна и убава и ја грабна тајно.
И царот излезе да ги гони со малку војска.
И замавна Анархос со острата сабја и го удри царот Филип и лошо го рани.избега Анархос со мајката на Александар а Филип се врати назад лошо ранет и болен и крвав од лутите рани од царот Анархос.
Тогаш се врати Александар од војната татарска и му кажаа дека царот Анархос ја заробил мајка му и го ранил татко му.И собра 5000 Македонци коњица вооружена и брзо полета и го стигна царот Анархос и го удри и му ја растури војската и го улови царот Анархос жив и го доведе кај царот Филип.И стана царот Филип и го прободе со копје и умре царот Анархос.И тогаш рече царот Филип.оди мојата душа сега во адот несит.И пак рече:да бидеш сине мој Александре благословен од господа бога и од мене и да биде раката твоја над сите царови земски.
И го целива Александар и царицата Олимпијада и се прости со мали и големи и сврши и умре Филип царот македонски.
И после беше голем плач.И излезе сиот град Филипски и го погребаа царот Филип кај царот егупетски Нетанав во месец мај 12 ден и го целуваа гробот царев.

За читање ќе ви биде потребно означувањето на броевите на старословенски начин со букви



Начинот на нарација е мошне интересен.Во старите хронографи Александрија стоела заедно со библиските книги.Може да ја забележите неверојатната сличност на нарацијата со Книгите Макабејски кои се дел од  „септуагинтата„.Првата и втората книга се канонски книги на католичкиот и источно-православниот стар завет на Библијата ,но не и на хебрејската Библија.Првата книга ја претставува борбата меѓу побожните Евреи и „одметнатите„,„хеленизирани„ Евреи.Втората книга ја акцентира борбата меѓу „јудаизмот„ и „хеленизмот„.Книгите Макавејски не се дел од канонот на МПЦ.

 Од житието на Св.Методиј

15.Потоа тој ги отфрли сите возбуди (на светот) и ја стави својата тага во Бога.Уште порано постави двајца од своите ученици за попови брзописци и брзо ги преведе во потполност сите библиски книги и Макавејските од грчки јазик на славјански за шест месеци почнувајќи од месец март до 26 октомври.Завршувајќи,достојна слава и пофалба му даде на Бога кој пак нему му даде милост и среќа.И ја вознесе светата тајна со клирот свој, славејќи го споменот на Св Димитрија.Само Псалтирот и Евангелието со Апостолот ги воведе во избрана црковна служба и ги преведе од почеток со Филозофот. Потоа и Номоканонот кој значи правило на законот и книгите на отците ги преведе.
Житието на Методиј: http://kontraistorija.blogspot.com/2011/12/blog-post_2579.html

Често се инсистира на „историцитетот„ на Книгите Макавејски додека Александрија се исфрла како апокрифен текст односно „бесмислица„.Се разбира дека читајќи го текстот на Александрија лесно ќе воочите анахронизми,таа врие од анахронизми и чудна географија ,барут ,пушки, пиштоли- во 3 век ПНЕ,градот Атина обиколен со Босна,Црна Гора и „земјата на арнаутите„ и така натаму додека кога ги читате Книгите Макавејски, нема вакви анахронизми.Но, може и да претпоставиме дека анахронизмите се подоцнежни „разубавувања„ на текстот и прилагодувања направени за тој да му се приближи на читателот за кој е преведуван.

Доколку сакате да направите споредба на стилот,подолу се книгите макавејски(на српски јазик).Не ги земајте здраво за готово објаснувањата на преведувачот во загради или неговото именување на Грците како Грци.Во времето на Александар Македонски не постоеле Грци.Постоеле Елини.
Knjige makavejske komplet