Search This Blog

Monday, May 7, 2012

Историја,верзија 1.0



Текстот подолу е извадок од написот на Александар Жабински„Раѓање на хронологијата


Во 1492 година завршил седмиот милениум од создавањето на светот. Католиците го чекале крајот на светот: ако Бог го создал светот за седум дена, и крајот треба да дојде со бројот седум. Но поради некоја причина, Армагедон не дошол.Не сомневајќи се во библиската хронологија, ниту проверувајќи ја теоријата за магичниот број седум, Татковците на црквата не можеле да сторат ништо освен да уживаат во животот. Но, некои христијани биле разочарани од Католицизмот ,престанале безусловно веруваат во Стариот завет, и заминале во Протестанти.  


XVI век бил век богат со настани. Најважниот од овие бил Католичкиот Совет во Трент (1545-1563).Наскоро по соборот, папата Павле III го воспоставил инквизиторскиот трибунал во Рим и во 1543 година вовел цензура на печатењето. Во 1555 Карло V, царот престанал да биде владетел на огромна империја во која било вклучено и Мексико, па дури и Перу.По 1563 инквизицијата во Шпанија и Италија ги разгорела кладите. Низ цела Европа, грмеле војни. Во 1571 комбинираната флота на Шпанија, Венеција и Папата ја поразиле турската флота, која претходно била најмоќната во Средоземното Море. На крајот на векот започнала календарската реформа, процесот на транзиција кон Грегоријанскиот календар. При сеопшт интерес за проблемите на календарот и работата на библиската историја која била спроведена, математичарот и астроном ,хугенотот (протестант) Јосиф Скалигер (1540 - 1609), имал извршено огромно влијание.Тој ја врзал граѓанската историја со Библиската приказна , со користење на делчиња информации за минатото за кои се верува дека ги поседувал. Неговиот главен научен труд го напишал во 1583 и го нарекол "Исправка на хронологијата."Покрај тоа, во 1606 тој го напишал и "Thesaurum temporum", во кој дури се спомнати и календарите на американските Индијанци. 

 Ова не било поздравено од страна на Католиците, и било предмет на обемна дискусија во која Језуитите биле особено активни. Историјата, како претставување на минатото, станала адут во политичка борба. Историчарот, "демократ" Гвичардини му опонирал на Макијавели .Противник на Скалигер бил Јуст Липсиј, да не зборуваме за Инквизицијата. Ученикот на Скалигер калвинистот Кабозон ги напаѓал историските списи на кардиналот Цезар Барониј. Треба да си претставиме дека претходно друга историја, освен Библијата, воопшто немало."Градењето" нови историски текстови им изгледало насовремениците како напад врз темелите на верата. Хронологијата на Скалигер, која сега ја користи човештвото, била усвоена од страна на Реформацијата поради политички причини, затоа што историјата – тоа е основа на идеологијата.

 Но, политиката е политика, и науката - наука. 

 Хронологијата, датирањето на минатите настани, тоа е "костурот" на историјата.Проблемот е во тоа што документирано да се провери историјата која ја составил Скалигер, е невозможно: не постојат вистински документи од антиката, или од античкиот свет а средновековните документи обично не содржат датуми. Затоа, од научна гледна точка ,нашата традиционална историја правилно е да се нарече само "верзија".

 Многу критичари веруваат дека повторувањето во историјата можеле да произлезат од грешките во датирањето кои му биле на располагање на Скалигер во неговите историски документи. Но, ние веруваме дека повторувањата се "дизајнирани" вештачки, и „научникот„ немал никакви документи. Но, тој имал јасен и сигурен математички метод за да пресмета се ! Во негово време брзо се развивал тн. "нумеролошки", филозофски систем, според кој сите тајни на светот се скриени во броевите.

 Приврзаниците на окултните науки ја развиле нумерологијата, и таа толку ги восхитувала што на крајот тие почнале да ја гледаат повисоката космичка смисла во хармонијата на бројките , развиле теорија, ја криптирале. Тоа биле основите на методите  на Скалигер. 

 Ова станува јасно ако се сетиме на бројот на годините по кои се повторуваат настаните од историјата.Би можеле ли циклусите на "повторување", така точно да одговараат на омилените на нумерологијата "магични" броеви 333 и 360, ако нашата историја одела по природен тек? 

Судете самите, настаните од антиката до средниот век, се повторуваат во следните интервали: 333 (половина од 666). 
 360 години (половина од 720).
 693 години (360 333), "Арапски циклус на повторување 
 999 години (333.333.333). 
 1026 години (360.333.333).
 1053 (360 x 2333), "Христијански" циклус на повторување
 1413 години (360 x 3333), "римски" циклус на повторување 
 1773 (360 x 4333)
 и 1800 години (360 x 5), "грчки" циклус на повторување
 2133 (360 x 5333), "еврејски" циклус на повторување 
 2466 години (360 x 5333 x 2), "Вавилонски" циклус на повторување
 2799 години (360 x 5333 x 3), "египетски" циклус на повторување
 3132 години (360 x 5333 x 4). 
 3465 години (360 x 5333 x 5).

 Во секој случај се јавуваат броевите 360 и 333. Бројот 360 е присутен во кругот на прецесијата.Тој можел да се смета за божествен број, распределен од страна на Бог во ротацијата на земјината оска.Бројот пак 333 е на ѓаволот, половина од 666, бројот на ѕверот.Не е сосема јасно зошто е земана половината, но фактот останува факт, дека хронологијата на Скалигер е создадена врз основа на "божествениот" број и бројот на "ѕверот." 

 Пример - историјата на Константинопол од времето на крстоносните војни.Во 1204 година градот ("втор Рим") го нападнале крстоносците.999 години пред тоа, околу 200 година, Византија била освоена од страна на Септимиј Север.А по 333 години од Септимиј Север, во 538, Рим го завојувал војсководецот Велизариј.Во 1261 година Православните им го одзеле Константинопол на Латините .Претходно 693 години (360 333), во 568, почнало освојувањето на Рим од Ломбардите.Во 1453 Турците го освоиле Константинопол.999 години пред тоа, во 455, Рим бил освоен од Вандалите.

 Нумеричките вредности на "хронолошките циклуси," дизајнирани од Скалигер, лесно може да се  најдат во секое окултно дело. 

Во дијалогот „Тимеј„ вака Платон ја искажува создавањето на „душата на светот„ 

"Во почетокот тој (Демиургот ) оддели од хаосот на одреден дел, а потоа зеде друго парче двапати од првото, а потоа – трет дел кој е еднаков на три од првиот, четвртиот, двојно од вториот, петтиот, тројно од третиот,шестиот, еднаков на осум пати повторување на првиот, седмиот, еднаков на дваесет и седум кратно повторување на првиот. " 

 Ако го криптирате ова тајно "знаење", ќе добиете: 1 2 3 4 9 8 27 = 54. 

 Во книгата "Гаргантуа и Пантагруел", во 36 поглавје на петтата книга (36 х 5 = 180 каде збирот на цифри еднаков на 9, нумеролозите го запишувале нивното тајно знаење), масонот Франсоа Рабле (1494-1553) ги става следните зборови во устата на Пантагруел

"Ова е вистинската психогонија на Платон вознесена на академиците ,но лошо разбрана од нив: половина од неа се состои од единици, следните два броја, два броја на квадрат и два на куб."

Пред нас е магичната формула: 1 2 3 22 32 23 33 = 54 (половина), 54 x 2 = 108 (цел број).

 Што правеле Платонските академици (наводно во IV век п.н.е.)?

Тие "играле" со бројот на ѕверот: 54+ 666 = 720; 720: 108 = 360 : 54 =6,66 666 666. 

 Исто така е јасно дека предвидувањата на маѓосниците како на "минатото" така и на "иднината"е неточно. На пример, големиот кнез на хоророт  не паднал врз нас од небото во јули 1999 година, спротивно на предвидувањата на Нострадамус во 72-ри катрен од Десеттата центурија, 72 x 10 = 720.


IC XC = 99 90

Александар Македонски и Исус починале на 33 години.99+90=189

Вјачеслав Лопатин дава друго интересно четиво со слична содржина.Историјата на религијата и светската историја се измислици.Читај ТУКА

No comments:

Post a Comment