Search This Blog

Friday, May 4, 2012

Венера Лели (мори мајко)

Венера Лели

Оваа чучната „Венера„наводно е стара 2000 години.Кобожем до 1627 била во колекцијата Гонзага каде ја видел Рубенс(1577-1640) и таа влијаела врз неговото творештво(односно, тој секогаш слично ги сликал голите женски).Од Гонзага ја купил Чарлс I од Англија за огромна сума од 6000 екуа.Подоцна таа некако дошла во сопственост на сликарот Сер Питер Лели.Оттаму и нејзиното име.Од 2005 е во Британскиот музеј.

Венера Лели е плукната оваа


Или оваа



Ова е гравура на Маркантонио Раимонди (1480-1534) создавачот на првите „Фигуре венерис„ т.н „И моди„(позиции) наводно според слики на Џулио Романо ,кои нашиот пријател Пјетро Аретино ги опеал а папата Климент VII ги запалил.Овој Раимонди бил првиот италијански гравер и печатар кој создавал и печател гравури на познати сликарски дела,односно ги правел првите репродукции.Живеел и работел во Болоња.Отишол и во Рим околу 1510 па се запознал со Рафаел и Дирер и од нивните дела црпел инспирација за своите графики.
Не е познато како„ Венера Лели„ стигнала во сопственост на Гонзага(гарант ја ископале во двор бидејќи Венера во оваа поза била „извонредно популарна„ за во двор ) а доказ дека е „античка„ се зборовите на Плиниј Постариот кој опишал некоја античка скулптура на Венера која се бања.
Уште помалку е познато од која оригинална слика или скулптура Раимонди ја направил гравурава.Или  било обратно?
Во Вилата на Адријан е откопана и друга слична „чучната Венера„.Човекот едноставно немал само она што нема.







3 comments:

  1. Во контекст на твоето тврдење:

    http://gosegosegose.blog.mk/2012/05/07/istorijaverzija-1-0/#comment-4186

    “Конечно треба да се признае дека немаме појма што точно се случувало со светов пред 18 век а ништо не знаеме за она што се случувало пред 16 век.“

    како излегува дека:

    “теоријата дека таканаречените “словени“ се всушност потомци на Траки и Македонци, поробени и одвлечени зад Карпатите“ е глупост?
    ------

    Gоse Says:
    април 12th, 2012 at 7:40 pm
    Теоријава ви е жива глупост.Ропството е современа категорија.Ропство може да постои само по 15 век(кога според официјалнава историја е измислено огненото оружје,инаку јас би рекол 17 век најрано).
    ---
    Gоse Says:
    април 12th, 2012 at 7:43 pm
    “Плиниј” е измислен па не е интересно нити “фрапантно” баш ништо.

    http://lupcobocvarov.blog.mk/2012/04/12/trakimakedonci-i-bugari/

    ReplyDelete
  2. Па може не е глупост ама да се носат робови „зад Карпатите„ едвај да има некоја логика.Робови се земаат ако имаш корист од нив,каква корист има диво племе„ од зад Карпатите„ од роб? Да не му ги работи огромните ниви?Римјаните држеле робови зато што божем имале огромни селски имоти„латифундии„. Зборуваш за големи маси од робови кои можеле да променат етничка структура и култура на населението?Не е можно тоа.

    Индивидуално луѓето и сами се продавале во ропство во средниот век,за да преживеат,но тоа не било толку масовно.

    На пример замисли што е тоа ропство.Ако прочиташ во литература ,ќе видиш дека ропството во „антиката„ и во „средниот век„ по ништо не се разликува.Има три вида робови:

    1.Некој ги продал во ропство за пари или ги „одвел дома од војна„
    2.Се родиле како робови
    3.Сами себе се продале во ропство.

    Две до 4 петини од „античките Грци„ наводно биле робови.Ама биле културни тие робови и се бавеле со филозофија и уметност.Како да не.Што ги спречувало да се „ослободат„?Или не им сметало затоа што ги немало.Во прашање се вили,секири и камења.Кај ниедно „примитивно„ племе немало и нема робови.Можеби инцидентно.

    Продавањето робови за пари и трговија претпоставува и „набавување на стоката„.Како се набавувала „стоката„?Треба ли цело село да ги врзеш да ги качиш на коњ,кола и сл. за да ги отераш до пазарот за робови?За да фатиш десет робови треба да имаш десет коњаници.(во случај да се разбегаат на сите страни а немаш пиштол ).На „коњичките и диви „ племиња не им требале робови,немале за што да ги користат.„Римјаните„ немале ни коњаници.Добро ли трчале?

    2.Се родиле како робови.Па добро.Кај пишува,или, цело село знае и тоа е тоа.Ги жигосувале со Ф побегнатите.Па добро.

    3.Сами себе се продале во ропство.Пологично од се друго.Должат,доброволно служат,за храна, за гол живот.Ама тие не се робови,нели повеќе личат на Срби(серви) ,Слуги?

    Затоа „закрепостените„ ги замениле робовите во антиката толку незабележливо.

    ReplyDelete
  3. Зошто немало „антички свет„ и „античко ропство„ пред измислувањето на оружјето?

    Во основата на теориите за „ропството„ во антиката и „средниот век„ лежи идејата дека некои луѓе „едноставно се родени за робови„.Тоа е нивното „природно положение„.Биолошки факт.Ова го дискутирале и „Платон„ и „Аристотел„.Ова е расистичко ѓубре а не „демократија„.на пример вака вели Аристотел:

    “Едно човечко суштество кое по својата природа не си припаѓа себе си туку на друг е роб по природа ,а една личност е човечко суштество кое му припаѓа на друг ако како човек е предмет восопственост , а предмет во сопственост е ако е инструмент со кој се работи и е одвоен од неговиот сопственик.”(Значи сам работи,не мора неговиот сопственик да го „управува„ м.з)

    “Затоа што тој по својата природа е роб бидејќи е способен да му припаѓа на друг (и токму затоа тој му припаѓа некому), и кој учествува со својот разум толку колку да разбере но не го поседува(разумот м.з), бидејќи животните за разлика од луѓето не му се покоруваат на разумот , со разбирање, туку со чувства.”

    “Затоа според природа постојат различни класи владетели и владеани .Бидејќи слободните ги владеат робовите,мажот жената,а луѓето децата, на различен начин.И сите поседуваат различни делови од душата но ги поседуваат на различен начин бидејќи кај робот самоволниот дел (од душата м.з) воопшто не постои ,а жената го има, но без целосен авторитет, и детето го има, но недоволно развиен.”

    Но ова е невистинито.Ова е колонизаторска измама.„Ропските народи по природа„ секогаш се гордееле со својата воинственост.Дури и Африканските племиња.Воинственоста е главна одлика на возрасната машка единка.Антрополозите обработиле не мал дел од оваа тема, иницијации во зрелост и сл.

    Читајќи го Аристотел имам впечаток дека робовите во „антиката„ биле или робови по своја воља или хендикепирани луѓе(слабоумни).Веројатно само такви „робови„ и имало пред 10 век.Бидејќи хендикепираноста е табу тема за „античките„(Спартанците наводно ги убивале несовршените деца)се сомневам дека е внесена во категоријата „робови„.Но, нема како да дознаеме.Дека во античка Грција немало робови се гледа од тоа што немало ни робовски востанија.Зошто здрав прав човек на таков низок степен на општествен развој би бил роб?Нема логика.

    Римјаните божем имале изрека:‘servi aut nascuntur, aut fiunt. Робовите или се раѓаат или се прават.

    90% робови во антички Рим биле мажи.Како се раѓале робови?Роб може да роди само жена робинка.Тогаш точно се знае дека детето е роб.Ако го роди слободна жена,како се знае дека татко му бил роб?
    Како се „прави„ роб?Со „запленување„ во војна или од други причини,казна за недолично однесување,кривично дело и сл(тешко ама да речеме).Три или повеќе робови правеле „фамилија„.Ако работеле на село биле „familia rustica„ а во град „familia urbana„.Бидејќи во град се живеело поубаво ако направат беља ги праќале во село.

    Не тврдам дека ропство воопшто не постоело.Ропството е факт.Денес има повеќе робови од било кога.Но тврдам дека „античкото ропство„ е средновековно ,по измислување на оружјето кое ја поттикнало тговијата со робови.И тврдам дека сите описи на ропство на „античките„ се описи на средновековно ропство.

    Да ги погледнеме слободните римски граѓани.Што работеле?

    1.Војувале
    2.Се бавеле со финансии
    3.Биле „паупери„-сиромаштија

    Не ли е ова слика на „средниот век„ која ја гледаме до 20 век?

    1.Витези(Римјани,аристократија)
    2.Банкари(Грци,Евреи)
    3.Прост народ(Срби ,Бугари, Словени,робови според својата „природа„)

    Плиниј е условно земено средновековен автор однесен во антиката.Сите мои постови се иронија на антиката.Ако го спомнам Плиниј,тоа е иронично.Ако спомнам било кој „антички„ автор,тоа е иронично.

    Поздрав Бочваров

    ReplyDelete