Search This Blog

Tuesday, May 15, 2012

Мрачниот 14 век

14 век е еден од мрачните векови на човештвото иако наводно терминот „мрачен среден век „е искован за перодот 1000 години претходно.

Зошто е „неисториски „14 век од нашата ера?Затоа што тогаш светот на некој начин почнал кобожем „наново„ да постои.Претходно се си мирувало 1000 години.

Ако не е вистина -голема лага е.

Кватроченто или „четиристотите„ години од историјата на човештвото

1 јануари, 1301 31декември, 1400.

1.Иако нема релевантни податоци пред 1600 г,се смета дека средновековниот „топол период на земјата„ се сменил со „мало ледено доба„ кое траело до 1850.
2.Се родила „Отоманската империја„
3.Започнала„големата шизма„ ,раскол во католичката црква. Едновремено постојат тројца папи, 1378. Шизмата траела до 1447. Папите од Франција (Авињон) божем се „вратиле назад„ во Рим и потоа продолжиле извесен период да делуваат од две места (имало по двајца папи ,во Франција и во Италија)
4.Се распаднало „Монголското царство„ во Персија
5.Битката на Косово, божем меѓу некакво „српско царство„ и „Отоманската империја„.Загинале „Кнез Лазар„,Султанот Мурат I и Милош Обилиќ
6.Започнала „стогодишната војна„ кога Едвард III од Англија го побарал францускиот престол во 1337(1337-1450)
7.Започнала војната на „Бугарите„ со „Отоманската империја„
8.„Црната чума„(Бубонска чума) во неколку „бранови„ убила 1/3 од населението на Европа 1347-1351.
9.Направено чудесно стаклено шише во Сирија (претходно стаклени чаши имало но шишиња немало иако дувањето стакло природно прво произведува шише,па чаша).
10.Пропаднала „Монголската Јуан династија„ во Кина и дошла на власт династијата Минг(1368).
11.Во Англија се појавило движењето „Лоларди„ (неписмени) поврзано со Џон Вајклиф,човекот кој прв ја превел Вулагатата (народна билблија) на англиски.Вајклиф и Неписмените  божем сакале да го реформираат „католицизмот„ некој век пред Лутер.Дури и тези закачиле на вратата на Вестминстер(популарен начин на „издаваштво„ во мрачните векови пред појавата на весниците).1395

12.Јан Хус(1369-1415),првиот „протестант„ во Бохемија.Еден век подоцна 90% од жителите на чешките земји се „Хусити„.
13.Свети Јован Дамаскин „го превел„ на грчки „житието на Буда„ во форма на приказна за Варлаам и Јосафат.Јосафат(Буда) станал толку популарен,што го прогласиле за католички светец.
14.Полска „повторно„ се обединила на чело со Ладислав I
15.Во Фиренца и во Англија избувнуваат народни буни (буната на Ват Тајлер)1381.Селаните и занаетчиите нејќеле да плаќаат данок.(веројатно прв пат воведен и голема новина)



                                                             Смртта на Ват Тајлер

16.Црните луѓе во Африка од народот Хауса ги формираат првите градови-држави на територијата на денешен Нигер.
17.Петрарка го кова терминот„мрачен среден век„ за да ги опише претходните 900 години од историјата на европа. Мрачен,веројатно затоа што никој не знаел ништо за тоа што се случувало во тие 900 години од падот на „западното римско царство„ во 476 г. За претходно кобожем се се знаело.Како да не.
18.Шкотска со Англија води „борба за независност„ и ја добива.Со Англија „се здружуваат„ дури во 1707(18 век) во тн „Кралство на Велика Британија„.
19.Во Италија започнува „Ренесансата„.Наеднаш се откриваат тајните чувани и закопани под земја цели илјада години.
20.Кобожем независните Норвешка, Шведска и Данска се спојуваат во едно царство 1397.
21.Ибн Батута,муслимански Бербер ,патува и запишува 1304-1368/1377
22.Вилијам од Окам (1285-1347) доаѓа до заклучок дека најдобро е наједноставното решение.Никој не го слуша бидејќи информациите чинат суво злато и се недостапни секому,па човештвото во хистерија добива масивна историја, каква што никогаш не постоела.
23.После векови сликање како првачиња, се појавува Џото кој сите ги убедува дека треба да сликаат како што тоа се прави со завршена ликовна академија. Ова го слуша Симоне Мартини и го илустрира „античкиот„ Виргилиј„ на Франческо Петрарка (1304-1374),првиот поет римски лауреат по „возобновувањето„ на „антиката„1000 години по пропаста на „римската империја„кој освен глупава љубовна поезија им пишувал и писма на Виргилиј и Цицерон (мртви илјада години).


Франческо Петрарка.Лауреат значи дека носел на главата „ловоров венец„ како „античките„ поети


Петрарка слично на „Плутарх „ и други (популарна „историографска„ занимација во „средните векови„) пишувал биографии на славните мажи.
До ден денес никој овие „животи на славните мажи„ не нашол за сходно да ги преведе на англиски.Во „славните мажи „спаѓаат и Адам,Херкулес и Мојсеј иако Петрарка не поштуел теолошка литетература и такви дела немал во својата домашна библиотека,првата „библиотека „во Италија и пошироко.

24.Умира Данте Алигиери (1265-1321) на пат од Равена кон Венеција,од маларија ,изгонет од Фиренца каде се бореле Гвелфите и Гибелините(зборови наводно од германски но со непозната етимологија) .Гвелфите го поддржувале папата а Гибелините императорот на „Светата римска империја„ (горе доле Германија),уште наречени и „црковна партија„ и „империјална партија„.некакви „Црни Гвелфи„ го изгониле Данте од Фиренца(кој бил „Бел Гвелф„) затоа што не прво не се појавил на суд и неплатил казна за непојавување од 5000 флорини.Кога не платил го осудиле на прогонство и смрт на клада ако повторно стапне во Фиренца.Градот Фиренца оваа пресуда ја укинал во 2008.Арно им текнало.

25 .Се родил и живеел Џовани Бокачо 1313-1375 (кој во првата биографија на Алигиери „излажал„ дека Данте шетал во Париз и во Оксфорд, богзнае зошто).Каде се родил не се знае.Некои тврдат во село во Италија а неговиот прв биограф Џовани Вилани ,живееле во исто време и биле пријатели,тврдел дека се родил во Париз како плод на недозволена врска.Но науката ова го отфрлила како „неточно„ и „научно„ докажала дека бил син на фирентински трговец и мајка невенчана и непозната.
Бокачо многу сакал да пишува еротска литература и покрај делото „За славните мажи„ имал и дело „За славните жени„.Најславно дело му е Декамерон (од грчки :дека имерон,десет дена).Алтернативно име на делото било Принц Галахад(пријател на Ланселот,еден витезите на округлата маса на кралот Артур).Еротическото дело на Бокачо врие од нумерологија и „мистички значења„.Тој го напишал и делото De montibus, silvis, fontibus, lacubus, fluminibus, stagnis seu paludibus, et de nominibus maris liber (бидејќи зборот географија сеуште не бил измислен).Бокачо го смислил првото роднинско стебло на „паганските богови„-De genealogia deorum gentilium а наводно како извор му служи  Liber imaginum deorum кобожем дело на некој Албрикус(12 век).Делото (со сликички) разгледајте го тука.


Бокачо и Фирентинците кои побегнале од Бубонската чума и раскажувалее комично-еротски приказни десет дена.(Декамерон)


26.Англичаните добиле свој Бокачо-Гофри Чосер(1343-1400),препишувал, разбира се.
27.Пишувал персискиот поет Хафиз (1310-1379)
28.Првата жена писателка Кристина Пизанска напишала поема за Јованка Орлеанка. Во поемата се спомнува Бог,Мојсеј,Парис ,Мерлин,но не и Исус.Ниту Данте ни еднаш во својата Комедија не го спомнал името Исус.Може не им се римувало со ништо а може името Исус не било популарно во средниот век.Проверете тука.
29. Карло I од Унгарија „повторно„ го формира Унгарското царство
30.Стефан Урош или Душан Силни ,цар на Србија и Грција(?) 1308-1355
31.Карло V -мудриот (1338-1380) крал на Франција
32.Луј Велики (1342-1382), крал на Унгарија , Хрватска, Далмација, Ерусалим, Сицилија и Полска од 1370.Можел да собере до 100.000 војници, дотогаш нечуен број на војска.
33.Карло IV крал на Бохемија
34.Дмитри Донски, московски кнез(1350-1389) ги победил Татарите во Куликовската битка (1380)
35.Ричард II 1367-1400
36.На Балканот се појавуваат Богомилите(најмногу ги има во Босна).Бидејќи ја одбиваат католичката и ортодоксна црковна структура ,најблизок им е Исламот и божем под влијание на Османлиите масовно преминуваат од Богомилство во Ислам.
37.Иако претходно никој не ги спомнал ни видел, масовно се појавуваат „вештерки„.Тие се во непозната врска со воено религиозниот ред на Витезите темплари кои биле ветерани од Крстоносните војни и во 14 век „ненадејно„ се појавиле во Франција. Ги обвиниле за „маѓосништво„ и ги средиле во 1307 за една вечер.Во 1314 е убиен нивниот водач и „голем мајстор„ Жак де Моле.Тој наводно пред смртта ги проколнува Папата и кралот дека до крајот на годината ќе се сретнат на небото.Тоа и се случува папта умира за месец а кралот Филип за 6 месеци. Поради проклетството следува низа „недолговечни„ владетели на Франција. 
38.Во Македонија владее Крале Марко(1335-1395)


Хронологија година по година:


1303 Црковната моќ е во опаѓање. Загрижен што кралевите го оданочуваат црковен имот, папата Бонифациј VIII има издава папски декрет, Unam Sanctam, за да се одржи црковниот авторитет над кралевите. Кралот Филип IV од Франција (1285-1314) стравува дека ќе биде екскомунициран и праќа луѓе да го заробат Бонифациј во една од неговите палати. Бонифациј се спасува, но потресен, набрзо потоа умира .

1303 Едвард I на Англија повторно врши инвазија на Шкотска, со цел да ја потчини.

1304 Избран е нов папа, Бенедикт X, кој има непријатели во Рим, како резултат на конфликтот околу тоа кој треба да биде папа. Бенедикт умира ,наводно после јадење отруени смокви.

1305 Француското влијание во Академијата на кардиналите резултира со изборот на Епископот на Бордо, кој станува папа Климент V. Кобожем народот на Рим, се противи еден Французин да биде папа, и прави немири.

1305 Вилијам Валас на Шкотска е заробен, однесен во Лондон, осуден за предавство, обесен и неговиот труп е влечен и распарчен.

1306 Кралот Филип IV од Франција изнудува пари од Евреите. Му требаат пари да ја одржува империјата. Тој го запленува имотот на неколку Евреи и ги брка од својата област.

1307 Муслиманите ги бркаат "крстоносците" од Блискиот Исток, вклучувајќи го и редот наречен Темплари. Темпларите пристигаат во Франција. Тие се богати, а кралот Филип ги обвинува за магија и ерес - единствен начин законски да го заплени имотот на Темпларите . Темпларите се обвинети за содомија и дека се во сојуз со Муслиманите. Филип ги заробува во петок на 13-ти (така петок e13 -ти божем станува баксузен ден).Некои Темплари се мачени и погубени.

1309 На барање на кралот Филип, Папата Клемент V го преместува својот дворец во Авињон, далеку од непријателствата во Рим.

1310 Витешкиот ред на Свети Јован (крстоносен ред основан во Ерусалим во 1113) бега од Блискиот Исток и го освојува островот Родос.

1311 Агресивниот султан на Делхи, Ала-уд-Дин, владее со голема жестина и контрола. Тој ја одбива инвазијата на Монголите и го освојува јужниот дел на Индија, ставајќи ја целата територија на Индија под своја власт.

1315 Италијанскиот хирург, Мондино де Луци, надгледува дисекција на труп.Неговиот прирачник за анатомија ќе биде првиот кој се заснова на практична дисекција.

1315 Започнуваат климатските промени и оваа година во Европа континуирано врнат дождови , луѓето зборуваат за враќање на потопот опишан во Библијата. Жетвата е уништена и во некои области се јавува глад.

1316 Починал Папата Клемент V. По две години на несогласување меѓу кардиналите во Авињон негов наследник станува папата Јован XII, кој е роден во Франција. Јован XII владее осумнаесет години и наметнува тешки даноци на христијаните во Европа, во обид да ја поврати независноста и престижот на Црквата.

1316 Во Индија, , починал султанот на Делхи, Ала-уд-Дин и го наследува неговиот син, Кутуб-уд-Дин Мубарак.

1318 Четири Францисканци (католички монашки ред) се изгорени на клада заради проповедање апсолутна сиромаштија.

1320 Во Германија се започнува со   производство на хартија

1320 Атентат врз Мубарак кој носи крај на тригодишното владеење на султанот на Њу Делхи.За време на неговото владеење тој извршува убиство врз своите истакнати роднини, го прави Султанатот во Делхи независен од Калифатот во Багдад и се прогласува себеси за глава на муслиманската вера.Обвинет за убиството е неговиот премиер (везир), конвертиран во ислам под името на Козрој, кој владее четири месеци.Потоа, исламските благородници, предводени од Гази Малик го соборуваат Козрој и го убиваат.Не постои машки наследник во семејството Мубарак и благородниците го убедуваат Малик да владее како султан под името Гијаз-уд-Дин Туглук .Започнува династијата Туглук - владее до 1413.

1322 Папата Јован XXII го декларира како ерес на мислењето меѓу Францисканците дека Христос и Неговите апостоли немале имот.

1328 Англичаните се протерани од Шкотска од Роберт Брус.Договорот од Единбург-Нортхамптон ја признава независноста на Шкотска.

1325 Еден човек кој има многу пари и купил многу имоти ,започнува да владее како господар на Москва.Тој е наречен Иван и е прв од династијата на руските цареви.

1326 Отоманските Турци се шират од нивната база во северозападниот дел на Мала Азија.Тие го освојуваат градот Бурса, околу педесет километри јужно од Константинопол (Истамбул).Отоманските воини преминуваат да ограбуваат во Тракија (во Европа). Отоманскиот султан, Орхан, се здружува со еден од христијанските претенденти за престолот во Константинопол, Јован Кантакузин, и се жени со неговата ќерка, Теодора.

1328 Во Европа се појавува првата пилана .Почнува да се развива бродоградбата.

1328 Создаден е системот на поглавја за Новиот Завет од страна на кардиналот Хуго де С Каро.

1328 Во Франција, умира кралот Карло IV (1322-28) . Тој е наследен од Филип Валоа, кој ја зема титулата Филип VI.Тоа е крајот на династијата капети и почеток на династијата Валоа.

1336 Во близина на Самарканд, се раѓа Тимур, кој ќе биде познат и како Тамерлин, во муслиманско семејство.

1336 Индија страда од суша и глад.Султанството во Њу Делхи малку прави за да им помогне на своите поданици и незадоволството води до побуна.Забележувајќи успеси против муслиманите, некои Хиндуси прогласуваат независност од Делхи .Се јавува ново хинду царство, доминираноод страна на аристократи кои зборуваат на јазикот Телугу, - Вијајанагар - именувано по  главниот град.

1338 Собранието(Диета) во Франкфурт, во Светата Римска Империја, носи уредба дека кралот на империјата може да биде избран без папско учество.

1338 Новиот крал на Франција, Филип VI (1328-1350), интервенира во спорот во Фландрија каде што Едвард III од Англија е сопственик на имот и  англиското влијание е доминантно.Едвард објавува дека тој е крал на Франција – по право на раѓање и семејни врски.Филип реагира со прогласување на имотите(фиефи) на Едвард во Франција за конфискувани. „Стогодишната војна„ е во подготовка.

1339 Бенгал прогласува независност од Њу Делхи. Од борбите меѓу благородниците Малик Хаџи Иљаз е победник, и зема титула Султан Шамс-уд-Дин. Маса од населението на Бенгал се конвертира во ислам, и суфизмот е популарен кај најниските класи на Бенгал .

1340 Татарите се покосени од епидемијата на чума - црната смрт - и тие ја пренесуваат болеста на ѓеновските трговци по враќањето од Кина.

1342 Кина и Кореја „одбиваат„ да тргуваат со странци.

1346 Едвард III од Англија врши инвазија на Франција, започнува „стогодишната "војна. Неговата армија од 10.000 мажи, со користење на лак и стрела, ја уништува Француската коњица во битката кај Креси.

1346 Монголска окупација завршува во Трансоксијана, откако се протерани со вооружен бунт. Таму Емирот (друг збор за воен лидер) ја презема власта.



1347 Едреник се враќа во Џенова од патување кон Исток. Членовите на екипажот се мртви или умираат од епидемија на чума.

1348 Црната смрт пристига во Франција, Данска, Норвешка и Велика Британија, и удира на населението ослабено од речиси две генерации лоша исхрана.Умира околу една третина од луѓето во погодените области .

1350 Некои Европејци ги обвинуваат Евреите за чумата. Некои ги обвинуваат богатите а некои Католичката црква. Верувањето во магии се ревитализира.Верувајќи дека на крајот на светот е блиску, некои групи се вклучуваат во жестоки баханалии и оргии. Таканаречените Флажеланти веруваат дека чумата е Божјиот суд за грешното човештво. Минувајќи низ селата, мажите и жените се камшикуваат едни со други. Тие проповедаат дека ако се прави тоа триесет и три дена ќе биде исчистен од сите гревови - еден ден за секоја година која што  ја живеел Христос.Црквата е на стража против креативната, еретичка теологија и папата Климент VI го осудува движењето.

1351 Градовите Фиренца и Милано се во војна бидејќи Милано се обидува да ја прошири својата моќ на југоисток во Тоскана.

1351 На отворено започнува игра наречена тенис , создадена во Англија. Чумата достигнува до Русија.

1355 Шкотите, потпомогнати од страна на Французите, повторно се борат со Англичаните.

1356 буна против Монголското владеење се рашири низ голем дел од Кина, придружено со анархија.

1356 Во Кореја започнува бунт против Монголското владеење.

1356 Во битката кај Поитерс, Англичаните го заробуваат и го држат за откуп францускиот крал и многу француски благородници. Војувањето на витезите во оклопи со копја и мечови и качени на коњи е блиску до својот крај.

1358 Селаните во Франција „не се среќни„ со даночното оптоварување поради стогодишната војна.Во близина на Париз, селани наречени Жакери се движат низ селата, убивајќи благородници. Во својот гнев против авторитетот тие се чувствуваат слободни да ги силуваат жените и ќерките на благородниците, ги палат замоците и го уништуваат имотот.

1361 Црната Смрт повторно се појавува во Англија а страда и Европа. Преживеаните од првиот бран се поспособни да и се спротивстават на болеста, отколку луѓето незаразени за време на првиот бран во 1348. Вториот бран на чумата е помалку сериозен од првиот .

1361 Во Самарканд е убиен емирот Казган и Монголите повторно ја освојуваат Трансоксијана.Но, наскоро таа повторно ќе биде освоена од страна на локалното население ,главно од вооружени муслимани.

1369 Благородниците на Гаскоња (јужно од Бордо) се жалат на францускиот цар Карло V, за угнетувачкото оданочување од страна на Едвард III од Англија. Карло ги конфискува англиските имоти. Едвард III повторно го побарува францускиот трон, а стогодишната војна започнува повторно.

1370 Тимур, на возраст од триесет и четири години , станува доминантна сила во Трансоксијана.Неговата војска е моделирана по армиите на Џингис Кан, но со повеќе пешадија и неговите воини се повеќе од населени семејства отколку номадски коњаници.
Тоа е војска чија лојалност е кон нејзиниот командант, наместо кон една нација, армија што си наоѓала слава во репутацијата на Тимур како голем воин.Тимур поставил нови ѕидови на темелите уништени од страна на Монголите - ѕидови опкружени со длабоко ров.Тој го подобрил пазарот, наредил да се направат големи градини и да се изградат палати .Величественоста и просперитетот на Самарканд предизвикува завист во Каиро и Багдад.

1373 Хинду царството Вијајанагар го освојува муслиманскиот Султанат Мадура.

1373 Царот на Кина испраќа двајца будистички свештеници во Јапонија како пратеници за да побара крај на јапонските пиратски (Вако) активности.

1377 Папата Григориј XI го враќа папството од Авињон во Рим, и таму умира.

1378 Римските народни маси бараат Советот на кардиналите да избере Римски папа, а под овој притисок кардиналите го бираат Урбан VI. Потоа тој е отфрлен, а во вториот избор се избира папата Климент VII, кој папството го враќа назад во Авињон. Сега постојат двајца папи: Урбан VI во Рим и Климент VII во Авињон. Тие се екскомуницираат еден со друг. Франција, Шкотска и Шпанија ќе го поддржат папата Климент. Англија,  Светата Римска Империја и поголемиот дел од Италија ќе го поддржат Урбан VI. Некои во Црквата бараат двајцата папи да поднесат оставка и бараат нови избори.

1380 Гледајќи се себеси како нов Џингис Кан и со потреба да живее како слика на Џингис Кан(?), Тимур го поминува истокот и ги уништува населбите околу Исук-кул. Во 1380 тој го зазема Кашгар (сега Шуфу во Кина ).

1381 Селаните во Англија се бунтуваат против даноците за стогодишната војна (пак) но и против принудната работа на црковното земјиште.

1382 Џон Вајклиф, теолог со докторат од Универзитетот во Оксфорд, почнува со преведување на Вулгатата од латински на англиски јазик.Тој , исто така , ја критикува гласно Католичката црква. Неволен да ја промени својата реторика,принуден е да го напушти Оксфорд, а неговите дела се забранети од страна на универзитетот.Преводот на Вајклиф на стариот англиски јазик:


1 In the bigynnyng God made of nouyt heuene and erthe.
2 Forsothe the erthe was idel and voide, and derknessis weren on the face of depthe; and the Spiryt of the Lord was borun on the watris.
3 And God seide, Liyt be maad, and liyt was maad.
4 And God seiy the liyt, that it was good, and he departide the liyt fro derknessis; and he clepide the liyt,
5 dai, and the derknessis, nyyt. And the euentid and morwetid was maad, o daie.
6 And God seide, The firmament be maad in the myddis of watris, and departe watris fro watris.
7 And God made the firmament, and departide the watris that weren vndur the firmament fro these watris that weren on the firmament; and it was don so.
8 And God clepide the firmament, heuene. And the euentid and morwetid was maad, the secounde dai.
9 Forsothe God seide, The watris, that ben vndur heuene, be gaderid in to o place, and a drie place appere; and it was doon so.
10 And God clepide the drie place, erthe; and he clepide the gadryngis togidere of watris, the sees. And God seiy that it was good;
11 and seide, The erthe brynge forth greene eerbe and makynge seed, and appil tre makynge fruyt bi his kynde, whos seed be in it silf on erthe; and it was doon so.
12 And the erthe brouyte forth greene erbe and makynge seed bi his kynde, and a tre makynge fruyt, and ech hauynge seed by his kynde. And God seiy that it was good.
13 And the euentid and morwetid was maad, the thridde dai.
14 Forsothe God seide, Liytis be maad in the firmament of heuene, and departe tho the dai and niyt; and be tho in to signes, and tymes, and daies, and yeeris;
15 and shyne tho in the firmament of heuene, and liytne tho the erthe; and it was doon so.
16 And God made twei grete liytis, the gretter liyt that it schulde be bifore to the dai, and the lesse liyt that it schulde be bifore to the niyt;
17 and God made sterris; and settide tho in the firmament of heuene, that tho schulden schyne on erthe,
18 and that tho schulden be bifore to the dai and nyyt, and schulden departe liyt and derknesse. And God seiy that it was good.
19 And the euentid and the morwetid was maad, the fourthe dai.
20 Also God seide, The watris brynge forth a `crepynge beeste of lyuynge soule, and a brid fleynge aboue erthe vndur the firmament of heuene.
21 And God made of nouyt grete whallis, and ech lyuynge soule and mouable, whiche the watris han brouyt forth in to her kyndis; and God made of nouyt ech volatile bi his kynde. And God seiy that it was good;
22 and blesside hem, and seide, Wexe ye, and be ye multiplied, and fille ye the watris of the see, and briddis be multiplied on erthe.
23 And the euentid and the morwetid was maad, the fyuethe dai.
24 And God seide, The erthe brynge forth a lyuynge soul in his kynde, werk beestis, and `crepynge beestis, and vnresonable beestis of erthe, bi her kyndis; and it was don so.
25 And God made vnresonable beestis of erthe bi her kyndes, and werk beestis, `and ech crepynge beeste of erthe in his kynde. And God seiy that it was good; and seide,
26 Make we man to oure ymage and liknesse, and be he souereyn to the fischis of the see, and to the volatilis of heuene, and to vnresonable beestis of erthe, and to ech creature, and to ech `crepynge beest, which is moued in erthe.
27 And God made of nouyt a man to his ymage and liknesse; God made of nouyt a man, to the ymage of God; God made of nouyt hem, male and female.
28 And God blesside hem, and seide, Encreesse ye, and be ye multiplied, and fille ye the erthe, and make ye it suget, and be ye lordis to fischis of the see, and to volatilis of heuene, and to alle lyuynge beestis that ben moued on erthe.
29 And God seide, Lo! Y haue youe to you ech eerbe berynge seed on erthe, and alle trees that han in hem silf the seed of her kynde, that tho be in to mete to you;


1387 Во Кина се основа нова династија - Минг.

1389 Битката на Косово , Турците се борат против „Србите„, под принцот Лазар Хребељанович во битка без победници, која како и многу други историски настани, станува митска.

1391 Тимур ја освојува Персија, масакрира и пали. Тимур верува дека со репутација за терор луѓето ќе бидат попослушни во преговорите. Неговата стратегија е да се заплашат луѓето до послушност за да се поштеди неговата војска од борби.Тој масакрира мажи, жени и деца, и гори се што не може да однесе со себе. Додека Тимур е зафатен во Персија, Монголските сили доаѓаат јужно од шумскиот регион околу Москва а од Кавказкиот регион Тимур ги турка назад кон Москва. Доцна годината, армијата на Тимур е натоварена со стока и поради потребата од одмор и засилување се враќа во Самарканд.

1397 Во Фиренца Медичи основаат банка.

1398 За време на неговиот престој во Самарканд, Тимур слуша вести од Индија.Со изговор дека муслиманските владетели во Индија се премногу толерантни кон Хиндусите, Тимур ја води својата војска таму.Тој го уништува исламското кралство во градот Делхи, масакрира и пустоши. Задоволен е што навлегол во Индија подлабоко од Александар Велики или Џингис Кан. Се враќа од Индија со индиски уметници, занаетчии и плен,а таму остава поткупени потчинети како награда за нивната лојалност.  


No comments:

Post a Comment