Пресудата на Парис е приказна од грчката митологија во врска со Тројанската војна.Приказната варира зависно од изворот .Накратко се работи за следното:
Зевс прави забава(свадба).Божицата Ерис(неслога) не е поканета на забавата.Таа доаѓа на забавата и носи златно јаболко на кое пишува „најубавата„ (калисте). Секоја од трите божици, Хера , Атина и Афродита сака да го добие јаболкото.
Зевс го мрзи да се расправа и му наредува на Парис да пресуди чие ќе биде јаболкото.Со Хермес како нивни водич, божиците се капат на изворите во планината Ида.Секоја , за да биде прогласена за најубава, му се покажува угол гола на Парис.Додека Парис проценува секоја се обидува да го поткупи. Хера му нуди да стане крал на Европа и Азија, Атина му нуди мудрост и вештина во војна а Афродита му ја нуди најубавата жена на светот, Елена од Спарта. Парис ја прифаќа понудата на Афродита (Венера) и и го дава јаболкото.
Зевс го мрзи да се расправа и му наредува на Парис да пресуди чие ќе биде јаболкото.Со Хермес како нивни водич, божиците се капат на изворите во планината Ида.Секоја , за да биде прогласена за најубава, му се покажува угол гола на Парис.Додека Парис проценува секоја се обидува да го поткупи. Хера му нуди да стане крал на Европа и Азија, Атина му нуди мудрост и вештина во војна а Афродита му ја нуди најубавата жена на светот, Елена од Спарта. Парис ја прифаќа понудата на Афродита (Венера) и и го дава јаболкото.
Оваа приказна често е преставувана од уметниците од Ренесансата па наваму. Карактеристично е што композицијата на сликите ретко се менува.Класичната уметност не трпела многу импровизација .
Да видиме од каде потекнува најексплоатираната композиција
Апулеј (125-180) во „Златното магаре„ или „Метаморфози „ , „настанот„ го опишал вака.Сцената е всушност „религиозна„театарска претстава која се одиграла „во Коринт„:
Се крена завесата и платната се тргнаа настрана ( какви тоа звеси имало во антички театар не знаеме и никогаш веројатно нема да дознаеме) и се постави сцената (значи имало и сценографија и кулиси во 2 век НЕ ,аууу ) со извонредна вештина беше конструирана дрвена планина за да ја претставува познатата планина која Хомер ја нарекува Ида.
Таа беше засадена со гранки и живи дрва и од нејзиниот врв течеше река, вода од фонтана , инсталирана од рацете на занаетчиите ( оф леле,денешниве театри да позавидат). Една , две кози ја брстеа тревата, а еден младич го чуваше стадото. Тој беше удобно облечен за да претставува фригиски овчар и го претставуваше фригискиот овчар Парис, со егзотична облека која му паѓаше од рамениците, и на главата беше крунисан со тијара од злато.
Покрај него [Парис] стоеше блескаво момче, голо, освен наметката која му беше префрлена преку левото рамо, неговата руса коса го правеше центар на внимание то во сечии очи. Мали златни крилца излегуваа од неговите локни, кои му беа прицврстени симетрично на двете страни. Стапчето кое го носеше го идентификуваше како Меркур [Хермес]. Тој танцуваше сталожено напред, држејќи во десната рака позлатено јаболко со златни листови, кое му го предаде на момчето кое ја играше улогата на Парис. Откако ја пренесе командата на Јупитер [Зевс] со движење на главата, тој одеднаш благодатно се повлече и исчезна од сцената.
"Напред се појави девојка со достоен изглед, слична на божицата Јуно[Хера], во косата имаше наредено бела дијадема, и скиптар. Упадна и втората девојка која би ја препознале Минерва [Атена ] Нејзината глава беше покриена со сјаен шлем кој и самиот беше крунисан со венец од маслиново гранче... таа носеше штит и копје, симулирајќи ја борбената улога на божицата. По нив влезе трета девојка , нејзината убавина беше видливо ненадмината. Нејзиниот шармантен тен ,како амброзија, укажуваше дека таа ја претставува венера [Афродита] кога божицата сè уште била девица. Таа се фалеше со нејзината чиста убавина појавувувајќи се гола и разоблечена ,освен со свилена наметка која и ги прекриваше и обвиваше пониските делови од телото. Еден испитувачки налет на ветрот во еден миг со доста лизгав удар ја тргна и оваа облека настрана, така што кога дувна го откри нејзиниот девствен цут, во друг миг тој безобѕирно дишеше директно врз неа, припивајќи го цврсто велот и сликовито истакнувајќи го пријатниот изглед на долните екстремитети на божицата .Нејзиниот изглед нудеше пријатни контрастни бои за очите, нејзиното тело беше блескаво бело, укажувајќи дека нејзиното потекло е од небото а нејзината наметка беше темно сина, означувајќи ја нејзината појава од морето ... Но, сега Венера [Афродита] завземајќи го центарот на сцената со голема акламација на театарот, се насмеав слатко ... [Таа] уште поемотивно почна нежно да меша, со постепени, бавни чекори, здржано да ниша со колковите, и со благ наклон на главата почна да оди напред, а нејзините рафинирани движења ги следеа меките звуци на флејтите. Понекогаш нејзините очи самите танцуваа, и во еден миг таа нежно ги наведнуваше капаците, а во друг доминантно сигнализираше со заканувачки поглед. Во моментот кога очите и се сретнаа со погледот на судијата, покажувајќи со рацете кон неа , се чинеше дека ќе го одржи ветувањето и ако ја претпочита во однос на другите божици, таа ќе му претстави на Парис невеста со неспоредлива убавина, слична на нејзината. Таму и тогаш фригискиот младич спонтано и го додели на девојката златното јаболко во рака, што сигнализираше глас за победа ... Откако Парис заврши со својата пресуда, Јуно[Хера] и Минерва [Атена] се повлекоа од сцената, потиштени и очигледно огорчени, укажувајќи со гестови на својот гнев што беа одбиени. Венера [Афродита] ,од друга страна ,беше екстатична и се смешкаше и ја покажуваше нејзината радост танцувајќи во друштво со целиот хор. "Никаде на друго место ВИДИ ТУКА нема ваков добар опис на композицијата од Помпеи (која нели Апулеј никогаш не ја видел,човекот си гледал театарска претстава „во Коринт„)
Еве како оваа сцена е претставена во Помпеи (затрупан под вулканска пепел во 1 век НЕ)
Чиниш фрескописецот во Помпеи ја гледал претставата на која присуствувал Апулеј.Дури и наметката на Афродита веројатно е сина,а се гледа делумно и „девствен цут„.
Истата композиција поблиску до времето на Апулеј,2 век НЕ.Мозаик Антиохија(денес во Лувр)
Афродита,во средината има погрешна боја на наметка
Етруско огледало,4 век ПНЕ
6 векови пред Апулеј ,вазна 440 г ПНЕ
Афродита го држи Ерос во една рака и ловорикиво другата рака(музеј во Берлин)
7 векови пред Апулеј 490г ПНЕ
Хермес прв ,со полуцилиндар на главата,Парис чува три кози и свири на лира,последна десно Афродита опколена од 4 ероси.
Непознат автор ,наводно околу 1400
Ботичели не ја гледал претставата ни видел вазни,ни бил во Помпеи па композицијата му е следната (1485-1488).Кликни на сликата за зголемување.
Маркантонио Раимонди,според Рафаел 1510-1520
Дорман Херинг 1529
Лукаш Кранах постариот 1528
Франс Флорис 1550
До тука без штитот со главата на медуза
Оттука со штитот(Првото издание на „Златното магаре„ е од 1469)
Ханс фон Ахен 1588
Хенрик ван балден постариот 1599
Непознат холандски автор ,околу 1600 г
Рубенс 1636
Шеширчето на Хермес се појавува дури во 16-17 век
Андреа мантења ,Парнас,детал,наводно 1497
Шеширчето на Хермес наводно се викало„петасос„ и овчарите и патниците го носеле уште во „антиката„ .Потоа се изгубило па пак се измислило
Интересно е што шеширчето на овчарот и гласник Хермес во католичката црква е превземено како „галеро„ кобожем од 13 век наваму (по 1245 ,Првиот синод од Лион) но би рекол дека тие се во употреба дури во 16 век кога папата Гргур XIV наводно дозволува нивна широка употреба.А и Хермес станал попопуларен, од кај знаеле во 13 век кога сликале само светци каков шешир носел Хермес.Галерото прво го носеле само папските пратеници,што ќе рече Хермеси или Гласници
No comments:
Post a Comment