Search This Blog

Wednesday, October 31, 2012

Кој лаже?

Познат е софизмот за Критјаните формулиран од Фаулер вака „Епименид критјанецот вели дека сите Критјани лажат„ .Ако и тој самиот е Критјанин ,дали Критјаните лажат или ја говорат вистината?Суштината на парадоксот е во зборот „сите„.Кога би лажеле само некои Критјани -не би имало никаков проблем.Овде сите лажат и не се знае ништо.

Кобожем „вистинскиот„ Епименид живеел на Крит 600 години ПНЕ и бил „религиозен поет„ кој ја бранел бесмртноста на Зевс.Имено,Критјаните му направиле гроб на Зевса на кој се молеле


They fashioned a tomb for thee, O holy and high one
The Cretans, always liars, evil beasts, idle bellies!
But thou art not dead: thou livest and abidest forever,
For in thee we live and move and have our being.
— Epimenides, Cretica

Ти направија гроб тебе о светецу и височество
Критјаните,секогаш лажливи,зли ѕверови,мрзливи трбуси,
Но ти не си мртов,ти живееш и престојуваш вечно
Зошто во тебе живееме ние и се движиме и суштествуваме.

Епименид,Кретика

Се прашувам како делата на „Епименид„веројатно  пишувани на восочни таблички дошле до апостол Павле .



ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ТИТ
Глава  1




 5 Затоа те оставив на Крит, за да го средиш несвршеното и за да поставиш старешини по сите градови, како што ти наредив:
  6 ако е некој непорочен, маж на една жена, ако има деца кои веруваат, кои не се обвинети заради разузданост или непокорност;
  7 зашто епископот како Божји домоуправител треба да биде непорочен: не самољубив, не гневлив, не пијаница, не тепач, не лаком за срамна печалба,
  8 туку гостољубив, пријател на доброто, разумен, праведен, благочестив, воздржлив,
  9 кој се држи цврсто за верното слово, согласно со науката, за да може и да опоменува во здравата наука и да ги изобличува оние кои се противат.
10 Имено, има многу непокорни, празнословци и измамници, особено од обрезаните,
11 на кои треба да им се затвори устата, зашто тие заради срамна печалба растураат цели домови, учејќи го она што не треба.
12 Еден од нив, нивен сопствен пророк, има речено: „Критјаните се секогаш лажливи, зли ѕверови, мрзливи трбуси!”



EN - King James - Tit. 1:12

One of themselves, even a prophet of their own, said, The Cretians are alway liars, evil beasts, slow bellies.




значи Епименид бил пророк на „обрезаните„ Критјани ?

Какви антички Елини ,на Крит повеќето биле „обрезани„ во 1 век НЕ.

Ова ако мижиме и даваме да не лажат дека „посланието„ навистина е од 1 век од НЕ а Апостол Павле го прочитал Епименида од 99тото ракописно-папирусно „издание„ на неговата поезија.

Од 33тото  издание на Епименида пак препишувал нашиот Калимахус ,(4-3 век ПНЕ) но не бил толку добро запознаен со неговата поезија.Се чини пологично е Апостол павле да го читал Калимаха бидејќи видовме како Калимах го седнува Аполона на десната страна од Зевса.


O Zeus, some say that thou wert born on the hills of Ida;
Others, O Zeus, say in Arcadia;
Did these or those, O Father lie? -- “Cretans are ever liars.”
Yea, a tomb, O Lord, for thee the Cretans builded;
But thou didst not die, for thou art for ever.
— Callimachus, Hymn I to Zeus
О Зевсе,некои велат дека си роден на ридовите на Ида,
Други,О Зевсе,велат во Аркадија,
Дали овие татко миј лажат?„Критјаните секогаш се лажговци„
Да, гробот,О Боже,за тебе направија Критјаните
Но ти не умре,бидејќи си вечно жив.

Калимах,химни на Зевс


До мојега.Поверојатно е дека и „Епименид„ и „Калимах„ го читале „Апостол Павле„.




Tuesday, October 30, 2012

Сократ или Христос?

Вкоренето е мислењето дека Сократ, Платон и Аристотел се реални личности кои живееле во „античката Елада„ во 5 и 4 век пред нашата ера , односно пред 25 века или 2500 години.

Сократ е најстариот и најглавниот и кобожем „татко„ на западната филозофија. Иако Сократ бил најпаметниот тој никогаш не напишал ни една единствена буква ни на папирус ни на восочна табличка (мудрец тој).

Дека Сократ „навистина постоел„ кобожем се потврдува од делата на неговиот најверен ученик- „Платон„, кој го идеализирал својот (усмен) учител  и драмите на „Аристофан„(видовме како Аристофан наводно го гледал Сократа-како кловн). Според Платон, Сократ никогаш не работел, живеел од чист воздух и филозофирал. Според Аристофан, тој сепак наплатувал дебели прачки(драхми) за да ја подучува младината на  еретички глупости. Сократ се борел во војни за  Атина ама ја фалел Спарта. Пророчиштето во Делфи знаело дека Сократ е напаметен на светот но самиот тој велел дека „знае дека ништо не знае„. Сократ не сакал да се занимава со политика ама пишувал за тоа како таа е најдобро да се води.

Сократ не можел да биде пророк на родното буниште (исто како ни Исус). Го осудиле на смрт за расипување на младината со луцидни идеи за  скромност и мажественост , за промоција на нови богови наместо стариот Зевс, Хера и сл.. Според неговиот „ученик„ Ксенофонт, Сократ , за кого пророчиштето во Делфи рекло „не знам дали си човек или бог„, не сакал да се брани и сакал да умре . Во ова тој комплетно е слика и прилика на нашиот Исус, кој бил и скромен човек и бог , кој доброволно умрел  и бил обвинет за промовирање нова религија.

„А потоа младината.А како можам јас да ја расипувам  младината со препорачување скромност и мажественост ?Дури ни моите обвинители не подигаат обвиненија против мене за дела кои се казнуваат со смрт како што се : ограбување на храмови,кражба по куќи,продавање слободни луѓе во ропство или предавство на државата па во чудо се прашувам како ви докажуваат дека треба да ме осудат на смрт?Ниту затоа што умирам невин треба да ја наведнам главата бидејќи дамката не е врз мене туку врз моите обвинители„

Абе, чиниш го слушаш палестинскиот Исус наметнат со  хеленистички филозофски плашт како зборува грчки изговарајќи Б наместо В.Барбарос,Библос,Бараба итн.

Сократовиот проблем бил  сличен на оној на Христос.Го убиле невин.Тој прорекувал дека ќе им се врати.И така и се случило.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО 
Глава  14  
55 А првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштво против Исуса, за да Го убијат, но не најдоа.
56 Зашто мнозина сведочеа лажно против Него, но сведоштвата не беа еднакви.
57 И некои станаа и сведочеа лажно против Него, велејќи:
58 ”Ние Го чувме како зборуваше: „Ќе го урнам овој ракотворен Храм и за три дни ќе изградам друг - неракотворен. „
59 Но ни така нивното сведоштво не беше еднакво.


ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава  26
59 А главните свештеници и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исуса, за да Го убијат, и не најдоа,
60 иако дојдоа многу лажни сведоци.

1 Тогаш целото нивно множество стана и Го одведе при Пилата.
  2 И почнаа да Го обвинуваат, велејќи: „Го најдовме Овој, како го буни нашиот народ и забранува да се дава данок на ќесарот, а за Себе вели дека е Христос Цар.”
  3 А Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Јудејски Цар?” А Тој во одговор му рече: „Ти велиш.”
  4 Тогаш Пилат им рече на свештеничките главатари и на народот: „Не наоѓам никаква вина на Овој Човек.”
  5 Но тие уште поупорно велеа: „Тој го буни народот, зашто поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па дотука.”
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА 
Глава  23  
13 А Пилат ги свика свештеничките главатари, началниците и народот, и им рече:
14 ”Ми Го доведовте Овој Човек како Тој да го бунтува народот; а, еве, јас Го испитав пред вас и не најдов во Овој Човек никаква вина, за која Го обвинувате.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН
Глава  18 
 28 Тогаш го одведоа Исуса од Кајафа во преторијата; а беше утро; и тие не влегоа во преторијата, за да не се осквернат, туку да можат да ја јадат Пасхата.
29 Затоа Пилат излезе пред нив и рече: „Какво обвинение поднесувате против Човеков?”
30 Во одговор му рекоа: „Ако Овој не беше злодеец, немаше да ти Го предадеме.”
31 А Пилат им рече: „Земете Го и судете Му според вашиот Закон.” Јудејците му рекоа: „Нам не ни е дозволено да убиеме некого,”
32 - за да се исполни Исусовиот збор, со кого навести со каква смрт ќе умре.
33 Потоа Пилат се врати во преторијата, Го повика Исуса и Му рече: „Ти ли си Јудејскиот Цар?”
34 Исус одговори: „Го зборуваш ли тоа сам од себе, или други ти кажаа за Мене?”
35 Пилат одговори: „Јудеец ли сум јас? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си сторил?”
36 Исус одговори: „Моето Царство не е од светов; ако Моето Царство беше од овој свет, Моите воини би се бореле да не им бидам предаден на Јудејците; но Моето Царство не е оттука.”
37 Пилат на тоа му рече: „Сепак си Цар?” Исус одговори: „Ти велиш дека Сум Цар. Јас се родив за тоа и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината. Секој - кој е од вистината - го слуша Мојот глас.”




Како знаеле дека ова е Сократ не е јасноБолна фантазија,ако ме прашате мене
Уште поболна фантазија за ликот на Сократ

Немојте да мислите дека Сократ не бил побожен и не се молел.Неговата молитва била „дај ми го она кое е најдобро за мене„ („Нека биде вољата твоја„?).

Таткото на Сократ се викал Софронискос (Мудриот) А мајка му?Фенарета(Фенерка,Светилка).Се сеќавате на оној што бараше мудрост со фенер?Но таткото на Сократа се занимавал со вајање од камен а на почетокот и Сократ требало тоа да го прави.Платон дури вели дека Сократ по некоја линија потекнувал од Дедал(Јосиф и Исус,татко и син дрводелци?).Инаку Сократ- Σωκράτης значи СЕМОЌЕН или „комплетен владетел„  ).

Последните зборови на Сократ (кој испил отров ) биле :„ Крато,му должиме петел на Асклепиус .Не заборавај да го вратиш долгот„. Многу бил побожен.Пред умирачка мислел на петел жртвуван на богот на медицинарите.

Во дијалогот на Платон ученикот на Сократ-Федон сведочи за последниот ден на филозофот
 Федон.

Добро.така ,седејќи до него јас почувствував восхитувачко чувство.Бев сведок на смртта на близок другар,меѓутоа, не чувствував жал за него-ми се стори како среќник.,Ехекрат,јас гледав и слушав постапки на среќен човек!Толку бестрашно и благородно умираше,што ми се јави мисла дека тој ни во пеколот не оди без божја предумисла и таму во пеколот ќе му е подобро одошто на друго место.Еве зошто јас не чувствував особена жал-спротивно на сите очекувања-нониту филозофската беседа (имено така се водеа разговорите помеѓу нас) не ми го причинуваше првичното задоволство.Тоа беше некое совршено чувство ,претходно непочувствувано ,чудно мешање на задоволство и тага-при мислата-дека тој е должен да умре(?!)

Алелуја.Зевс имал предумисла да умре Сократ од нејасни причини.Оф мори мајко.

Додека седел во затворот Сократ започнал да се занимава со поезија,нешто кое претходно никогаш во животот не го правел.Тој ги препеал езоповите басни и му испеал химна на Аполон во стихови.Дали само усно пеел или нешто запишал,не се знае.

Понатаму Платон ни објаснува што мислел Сократ за самоубиството.Тој му вели на Кебет да го поздрави Евена и да го замоли да му прости на Сократа но и наскоро да тргне по него(да се самоубие).Учениците протестираат-самоубиството е недозволено(?!)


Кебет го праша:
— Како зборуваш така, Сократe: да кренеш рака на себе е недозволено, а сепак философот се согласува да тргне по умрениот?
— У па што ако, Кебет? Нели вие — ти и Симиј — слушавте за се ова од Филолај?
— Не. Всушност, ништо јасно ,Сократе.
— Навистина, јас самиот говорам со туќи зборови, а сепак своеволно го повторувам она што сум го слушнал.Да,така е умесно за еден човек кому му следи преселба на друг свет — да размислува за преселбата и да раскажува приказни за тоа, што го чека на крајот од патот. Колку има уште до зајдисонцето?
— Така зошто, Сократ, се смета, дека е недозволено да се самоубиеш? Право да ти кажам, сум слушал од Филолај, кога живееше кај нас, —се враќам на твоето прашање, — и од други, дека тоа не смее да се прави. Но ништо јасно не сум слушнал од нив.
------------------------------------------
— Конечно, може изгледа бесмислено, — продолжи Сократ, — но, според мене, тука има некоја смисла. Скриеното учење гласи, дека ние, луѓето, се наоѓаме како под стража(во затвор) и дека од него не треба ни да се спасуваме со сите сили , ни да бегаме, — е величествено учење според мене и мошне длабоко. И уште ова, Кебет, според мене,добро е кажано: за нас се мислат и се грижат боговите, и затоа ние луѓето, — сме дел од божјото наследство. Согласен си со ова или не?


О човече божји,Исусе и Маријо,како не ќе сме се согласеле.

Всушност самото заточеништво на Сократ,неговата помиреност со тоа дека ќе умре е алегорија на човечкиот живот кој треба трпеливо (иако човекот е свесен дека е смртен) да се поднесе а не да се бега (со самоубиство) бидејќи човекот е „божјо создание„ и така треба? Ова е интересна „филозофија„.Нешто ми се чини позната.

А како душата (која според Сократа-Платона е бесмртна) да се пресели на вистинското место,во рајот наместо во пеколот?

Ако душата за време на животот не била врзана за телото и неговите задоволства туку за знаењето,посветена на себе и на вистинската филозофија,и постојано се подготвувала да умре, таа ќе се одвои од телото многу лесно и ќе биде чиста па ќе оди во рајот(место божествено ,бесмртно, разумно) каде ќе престојува во блаженство.




Барајќи таква татковина, овој преблажен отец и наш учител ја напушти целата убавина на овој живот, слава, дом и богатство, татко и мајка, браќа и сестри.Уште од млади години тој беше чист како ангел ,ги одбегнуваше секогаш животните уживања, и го минуваше секогаш времето во пеење па псалми и химни, и во духовна поука, бидејќи го следеше само оној пат, по кој се вознесува на небесата.  


Еве зошто„ филозофите„ сакале да живеат во манастир.

Денес античкиот Сократ нема никаква врска со Христос.Божем овој дијалог на Платона во кој има и мајка со бебе на раце (Ксантипа) и учителот пред смрт кого учениците со внимание го слушаат како филозофира за животот,смртта и бесмртноста на душата , чувствувајќи при тоа чудно чувство во присуство на благородната смрт на невиниот поради „божја предумисла„. Сократ на зајдисонце нешто пие (отровот),па умира- учениците се нажалени .

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава  27

  46 Околу деветтиот час Исус извика со силен глас и рече: „Или! Или! Лама Савахтани!? - тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој! Зошто си Ме оставил?”
47 А некои од оние, кои стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!”
48 И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во киселина, ја надена на трска, и Му даваше да пие.
49 А другите велеа: „Остави! Да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!”
50 А Исус извика пак со силен глас и го испушти духот.


Совршениот учител,мудрец,голем праведник умира неправедно.

Сепак нешто овде недостасува,по читањето имате чувство дека нешто ви избегало, дека не е јасно зошто Сократ кој „знае дека ништо не знае„ е убеден дека по смртта доаѓа живот во„ поубави предели„.Верник ли е Сократ.Без сомнение.Утешителна ли е верата на Сократа во врховното и вечно суштествување?Без сомнение.

И сето ов 5 века пред нашата ера?Кај античките Елини?

Ви се молам.



Како вишна на шлагот при ова размислување ви доаѓаат зборовите на кобожем античкиот питагорејски филозоф Нумениус од Апамеја обвинувајќи го Платона дека „крадел„ од Библијата : А што е Платон освен Мојсеј на грчки?
Античкиот пак „Ориген„ (Потекло)тврдел дека истиот Нумениус напишал алегорична историја за Исус без да му го спомне името.Значи Нумениус го читал комплет стариот и нов завет „на крајот на 2 век НЕ „ .Веројатно печатен во „гутембергова„ печатница.


Monday, October 29, 2012

Владетелот Константин Филозоф?


Оној момент кога ќе се докаже дека платоновата „Држава„(Политиа,„поли„-град) не може да биде напишана пред „Ренесансата„ кога „сликите од ѕидовите гледале како да се живи,но си молчеле„ (Платон,Федар) и дека „Сократ„ бил „паганската „варијанта на  Христос, ќе паднат во вода сите глупави агиографско квази историски описи на светци и владетели-филозофи како бајки за мали деца. Јасно е  кога во историјата на човештвото било кој „Сократ„ би можел да биде фасциниран токму од сликарството.Во „Ренесансата„ откако погледнал во плафонот на Сикстинската капела.

Платон ,Држава .Книга VI


-КОИ ЛУЃЕ СЕ ФИЛОЗОФИ Глауконе а кои не се, се покажало мачно и по долго расправање.
-Може и во кратка расправа не би било невозможно да се покаже?
-Изгледа дека не, како што реков. Но ми се чини дека уште подобро би се покажало ако говоревме само за тоа и да не моравме да говориме за многу работи за да откриеме во што праведниот се разликува од неправедниот живот.
-А што имаме да разгледаме после ова?
-Што друго освен она кое е на ред-реков.
-Бидејќи филозофи се оние луѓе кои се способни да го сфатат она кое е вечно и непроменливо, а оние кои не можат, скитаат во областа на множеството и разноликото и не се филозофи, јас мора да ве прашам кој од нив треба да биде владетел на нашата Држава?
-А како можеме точно да одговориме на тоа прашање?
Кој од двајцата е најспособен да ги чува законите и институциите на нашата Држава – тој нека биде наш чувар-реков.
-Многу добро.
-Ниту пак, реков,може да се постави прашање дека чуварот кој треба нешто да чува треба да има очи наместо да биде слеп?
-Не може да се постави такво прашање.
-И не се ли сите оние на кои верно и навистина им недостасува познавањето на вистинското битие на секоја ствар, а кои немаат во својата душа јасна слика,И НЕ СЕ СПОСОБНИ СО СЛИКАРСКО ОКО да погледнат на апсолутната вистина и врз база на тој оригинал да поправаат, и имајќи перфектна визија за другиот свет (рајот? м.з.)да донесат закони за убавина, добрина, праведност во ова, ако веќе не е наредено, и да го заштитат и зачуваат редот - не ли се такви личности, прашам, едноставно слепи?
-Жими Зевс,навистина, тие се во таква состојба.
-И треба ли тие да бидат наши чувари штом има и други кои, освен што се еднакви со нив во искуство и не паѓаат подолу во ниедна особена доблест, исто така, ја знаат вистината за се?
-Чудно би било да се земат оние ако овие ни малку не заостануваат,бидејќи онаа нивна една способност е нивна најголема предност.
-Не може да има причина, рече тој, да се отфрлат оние кои го имаат овој најголем од најголемите квалитети, тие секогаш мора да бидат на прво место, освен ако не се неуспешни во некоја друга смисла. Да претпоставиме, тогаш, велам,дека ќе утврдиме колку тие можат да ги обединат овој и другите квалитети.

-На прво место, како што започнавме со набљудување , природата на филозофот мора да биде потврдена. Ние мора да дојдеме до разбирање за него, и кога сме сториле така, тогаш, ако не грешам, ние исто треба да признаеме дека таков збир на квалитети е возможен, и дека оние во кои тие се обединети, и само тие , треба да бидат владетели на Државата.
-Како мислиш?
-Дозволете ни да претпоставиме дека филозофските умови секогаш го сакаат она знаење кое им ја покажува вечната природа која не се менува со раѓањето и распаѓањето.(христијанската душа,м.з?)
-Договорено.
-И покрај тоа, јас реков, да се договориме дека тие се љубители на сето кое е вистинско битие, не постои дел поголем или помал, повеќе или помалку почитуван, од кој се подготвени да се откажат, како што веќе рековме за љубовникот и амбициозниот човек.
-Точно.
-И ако тие треба да бидат она кое го опишавме, не постои ли и друг квалитет кој што треба, исто така да го поседуваат?
-Кој квалитет?
-Вистината: тие нема намерно во своите умови да примат лага, која им е одвратна, и тие ќе ја сакаат вистината .
-Да, тоа за нив може слободно да се потврди.
-"Можеби." пријателе, одговорив, не е добар тој збор: подобро да кажеш, "мора да се потврди," зашто оној чија природа е љубовна за било што не може да не е вљубен во се што му припаѓа или е слично на предметот на неговите емоции.
-Прав си, рече тој.
има ли нешто послично на мудроста од вистината?
-Како може да има?
-Може ли да биде со иста природа љубителот на мудроста и љубителот на лагата?
-Никогаш.
-Тогаш вистинскиот вљубеник во учењето мора од најрана возраст ,откако таа лежи во него ,да ја посакува сета вистина?
-Вистина е.
-Но повторно,како што знаеме од искуство,оној чии желби се силни во еден правец ќе има послаби во друг,ќе биде како поток повлечен низ еден канал.
-Точно.
-Оној чии желби се повлечени кон знаењето во секоја форма ќе биде вовлечен во задоволствата на душата и тешко дека ќе почувствува телесно задоволство-мислам,ако е вистински филозоф а не измамник.(христијански аскета?м.з)
-Тоа е сосема сигурно.
-Таквиот со сигурност ќе биде трпелив и спротивен на нетрпеливиот, бидејќи мотивите кои прават некој друг човек лаком и расипник, немаат место во неговиот карактер.
-Многу точно.
-Друг критериум за филозофската природа, исто така, треба да се разгледа.
-Кој е тој?
-Не треба да има таен агол на злобност, ништо не може да биде повеќе антагонистичко од злобата на душата која секогаш копнее по целосноста на нештата и божествени и човечки(!!!)
-Преточно, одговори тој.
-Тогаш како може тој кој е величествен во умот и е набљудувач на сето време и сето постоење, да мисли многу на човечкиот живот?(што е битна корупката,битна е душата во Христос,м.з)
-Не може.
-Или може ли таков човек да се плаши од смртта?
-Не, навистина не може.
-Тогаш кукавицата и злобниот по природа немаат вистински удел во вистинската филозофија?
-Се разбира дека немаат.
-Или повторно,дали може оној кој е хармонично создаден,кој не е алчен или злобен,или фалбаџија или кукавица,може ли тој-велам,да е неправеден или тврд во своите постапки?
-Невозможно.
-Значи брзоо ќе се забележи дали човек е праведен и љубезен или груб и недружељубив,ова се знаци кои уште во младоста ја делат филозофската од нефилозофската природа.
-Така е.
-Има уште нешто што треба да се забележи.
-Какво нешто?
-Дали тој има или нема желба да учи.Бидејќи никој не го сака она кое му задава болка,и во кое по многу труд има малку напредок.
-Се разбира дека не.
-И уште,ако е заборавен и не задржува ништо од она кое го учел,нема ли да биде како празен зад?
-Тоа е сигурно.
-Работејќи напразно,тој мора на крајот да се замрази себеси и неговото неплодно занимање?
-Да.
-Тогаш душата која заборава не може да се рангира меѓу вистинските филозофски природи,мора да инсистираме дека филозофот мора да има добра меморија?
-Секако.
-И уште еднаш,нехармоничната и неприкладна природа може да води само кон диспропорционалност(несразмерност)?
-Без сомнение.
-А дали сметаш дека вистината е наклонета кон пропорционалноста или кон непропорционалноста?
-Кон пропорционалноста(енметрос).
-Тогаш,покрај останатите квалитети,мора да се обидеме да најдеме и природно добро пропорционален (сразмерен,енметрос)и благороден ум кој спонтано ќе оди кон вистинската состојба на се.
-Секако.
-Па,зарем сите овие квалитети кои ги наброивме,не одат заедно,и зарем тие не се ,во одредена смисла,неопходни на душата,која треба да има полна и перфектна партиципација во битисувањето?
-Апсолутно се неоходни,одговорив.
-Дали е можно да се најде некој кој ќе го куди таквото работење,кое не би можел да го врши никој друг освен оној кој по природа е надарен со добро помнење способност за добро разбирање и учење, благороден карактер, пријатност, пријателство, храброст и умереност?
-Дури ни Момос не би можел да покуди таков,рече тој
-Зарем тогаш не би требало државата да ја довериме на такви луѓе кога тие по воспитувањето и соодветната возраст не станат сосема способни за тоа?

Еве зошто Константин,„наречен Кирил„ бил Филозоф

Кога (Лав) требаше да оди на суд (Божји), мајката плачела над детето , велејќи: "За ништо не се грижам освен за ова дете, како ќе порасне?" А тој и рекол: "Верувај ми, жено,се надевам на Бога , дека Бог ќе му даде татко и чувар кој се грижи за сите христијани. ". Така и се случи.
Кога го дадоа на учење книга, во науката успеваше повеќе од сите сите ученици благодарение на меморијата и големата вештина, така што сите беа воодушевени.  
Кога дојде во Цариград, го дадоа на учење кај наставниците .И во 3 месеци завладеа со сета граматика и зеде друга наука, го научи Хомер, и геометрија, и дијалектиката на Лав и Фотија , и сите филозофски учења, а озгора и реторика, и аритметика и астрономија и музика и сите други елински ученија.И така изучи се ,како што не изучил никој ,така што брзината се спои со вниманието, помагајќи си едно на друго со подобрување на науката и уметноста.
 И повеќе од (способноста за) учење, тој покажа благ темперамент: разговараше со оние со кои беше корисно, а ги избегнуваше оние кои скршнуваа на крив пат.И [мислеше] како, ќе ја замени земјата со небото, ќе отстапи од ова тело и ќе живее со Бога.
Кога го видел логофетот дека е таков, му дал власт над својот дом и (дозволил), без страв да влегува во царските палати.И тој го прашал еден ден, велејќи: "Филозофе, би сакал да знам што е филозофија" . Тој (со неговиот) искусен ум веднаш на господарот му одговорил: "Знаењето за нештата божествени и човечки, за да може човек да пријде поблиску до Бога, кој го учи човекот да биде по образот и делото на неговиот Создател . (буквално цитиран „Платон„ м.з.)
 Слушајќи го неговиот одговор,појде логофетот кај кралицата и и рече: "Овој млад филозоф не го сака овој живот, но сепак нема да го пуштам од (нашето)општество, туку потстрижувајќи го во свештеник ќе му дадам служба, нека биде библиотекар на патријархот во Света Софија,можеби така ќе го задржиме. "И така со него и сториле.
 Кога слушнал (Филозофот) рекол: "Со задоволство ќе одам (да се борам) за христијанската вера.Што е за мене послатко на светот од тоа да умрам и да живеам за Светата Троица? .
И така натаму и така натаму.

Во секоја  смисла, дијалозите на „Филозофот„ со „противниците на Христијанството„ се одвиваат во форма на „платонските дијалози„ помеѓу Сократ и неговите ученици (Христос и 12 апостоли?)

Прашање е дали на вакво дело е способен монах од Скопска Црна Гора-„Владислав Граматик„ кој изгледа во1469- та ја држел платоновата„ Држава „на колена кога го составувал житието на „Константин Филозоф“ .Веројатно не. Наводно најстарото житие е составено од ученик на Константин помеѓу 862-885(879-880),и текстот на житието кобожем тогаш „се користел„ во италијанскиот Рим?.А како?Рим на 9- тиот век бил тотално несвесен за сопствената „античност„ а немал ни библиотека.

Ами тој кој го пишувал овој текст ја држел „Државата„ од Платон на колена.Не им текнало ништо?Не.Затоа што до Соборот во Фиренца во 1431 г содржината на делата на "Платон" им била непозната на Латините.

Општо во средниот век никој за "Платона"не се интересирал.Кобожем делата на Платон а со нив и "државата" (политиа) на Латините им ги претставил Јоргос Јемистос наречен ПЛЕТОН (зошто Плетон а не Платон кога се знае дека тоа му е божем прекар кој го добил затоа што на западот му го претставил „Платона„ и интензивно се занимавал со неговата божем „паганска„ филозофија-не ми е јасно,веројатно имево е подоцна намерно извртено во преводот за да не е сомнително) кој наводно на соборот одржал говор за разликата помеѓу филозофијата на Платон и Аристотел.Овој говор кој божем се чува во "ватиканските архиви" (наречен „За разликите„De differentiis) е тешко достапен и за најупорните.Нејсе ,ни Данте ни Петрарка не го знаеле Платона.Каков Данте каков Петрарка ,Плетон е одговорен за започнувањето на „Ренесансата„.Тој интензивно работел на тоа да се воскреснат„ античките Хелени„.Неговата „плетонска филозофија„била всушност некој вид на религија,тој дури во „античката Елада„ во тоа време Мореја(Пелопонез) си направил „пагански храмови„ во кои му се молел на Зевса.

Кој е како нас.

Ако земеме предвид дека „античкиот„ Платон умрел додека му свирело на шупелка некое девојче од Тракија можно е да умрел и негде на Скопска Црна Гора.А своите дела ги завештал на блискиот манастир.Пих.Шегата настрана.Нај-нај-стариот сочуван манускрипт на "Државата" се тврди дека е од деветти век.Се чува во Париз.Но тој пак е датиран од 890 година нагоре.Најден е кобожем на островот Патмос.Далеку од Скопска Црна Гора (за 9 век).

Нејсе ,"царот филозоф" на Платона односно само филозоф во случајов е масовно и на цело село злоупотребуван и во грчките хроники како на пример во "Продолжителот"на Теофан во делот за књазот Борис I (Ворис или Вогорис по византиско-грчки) каде се вели дека књазот бил обожавател на ликовната уметност и Бугарите ги покрстил откако им покажал слика на Страшниот Суд (една слика илјада зборови,нели така)- но за ова друг пат.Сигурно сте се чуделе зошто во среден век многу претенденти за престол и други се казнувале со ослепување.Сето тоа е благодарение на „царот Филозоф„ на Платона бидејќи:

„-Ниту пак, реков,може да се постави прашање дека чуварот кој треба нешто да чува треба да има очи наместо да биде слеп?
-Не може да се постави такво прашање.„

Слепец не може да води држава.

Да се вратиме на житието.Текстот на житието е сочуван во повеќе од 50 копии но ниедна пред 15 век (слично на делата на Платон, 90% сочувани се од 15-16 век).Целта на текстот на житието не е да раскаже „како и што навистина се случило„ туку првенствено да ја оправда канонизацијата на светецот Св.Кирил ,бидејќи во житието има повеќе чуда од факти.

Ако земеме предвид дека интензивна активност во правец на издавање на житијата на светците превзел езуитот Жан Боланд во 17 век можеме лесно да претпоставиме кога житиево видело бел ден.Не порано од 17 век.А можеби и многу подоцна бидејќи првата "Држава "на Платона по 15 век (кога се живо се испечатило што е веројатно исто така голема лага,многу веројатно испечатените дела се антедатирани) втор пат е печатена дури во 18 век. Некои мислат дека за да препишеш нешто на пергамент мора да препишуваш од манускрипт и од папирус .Не е точно .Сосема добро можеш да направиш манускрипт на пергамент и од испечатена книга на хартија.Во "Ренесансата" сенешто проаѓало само за никогаш Нероден Петко "повторно" да се роди .

Житието на Константин Филозоф

platon - drzava

Monday, October 22, 2012

Жан Ардуен или Умберто Еко







Жан Ардуен (Jean Hardouin) (1646-1729) језуитски научник, француски научник, теолог и историчар.

Еден од најучените луѓе на неговото време. Влегува во редот на језуитите во 1662 (на 16 години). Бил сметан за несомнен авторитет во теологијата, археологијата, студијата на античките јазици, нумизматиката, историјата и филозофијата на историјата. Неговиот систем за распознавање на фалсификувани монети и лажни датирања се смета за пример и се користи од страна на колекторите и историчарите до денес.

За неговите истакнати услуги е именуван за директор на Француската кралска библиотека - најголемата библиотека во Европа.

Во 1687, француската црква му доделила задача,огромна по обем и вредност, да ги собере материјалите од сите дотогашни црковни Собори и да ги подготви за печатење. Ардуен работи на тоа за 28 години и ги студира скоро сите документи поврзани со историјата на црквата. Резултатот на неговата работа се 11 тома плус неколку тома коментари.

Подоцна тој го објавува делото  кое е основано на компаративна анализа на текстовите и убедливо тврди дека материјалите на речиси сите Вселенски Собори се до 19 тиот -Советот во Трент, се ФАЛСИФИКУВАНИ од страна на монасите, дека најголемиот дел од работата, на наводно, „античките„ автори (Касиодорус, Исидор од Севиља, Свети Јустин Маченик, итн итн) се создадени многу векови подоцна, се фикција и фалсификат и дека повеќето книги на класичната антика - освен Цицерон, "Сатир" на Хорациј ,"Природна историја" од Плиниј и "Георгики" на Виргилиј - се измислици создадени од страна на монасите на XIII век а потоа воведени во европска културна употреба, Тој тврди и дека Новиот Завет првично бил напишан на Латински а подоцна преведен на грчки јазик .

Особено во своето дело „Хронологија на Стариот Завет„(Париз 1697,препечатено во Стразбург 1697) тој се сомнева во автентичноста на скоро сите дела припишани на „античките писатели„.

Кредибилитет и нивото на аргументација на Ардуен во негово време бил толку висок што никој не се осмелувал да му противречи . Нападите врз него биле чисто идеолошки, и неговата работа "Вовед во критиката на античките писатели" (Ad Censuram veterum Scriptorum Prolegomena ) до средината на XX век стоела во индексот на забранети книги.


Ардуин од современите историчари е прогласен за „патолошки случај„ бидејќи на крајот на 17 век да тврдиш дека „антиката„ е измислена ,морало нешто да ти фали.На пример разум.Истото „лудило„ му се припишува на Јакобус Хуго,опат од Лил,Франција, кој тврдел дека Виргилиј и другите класици користеле „скриен јазик„ за пренесување на круцијалните точки на Јудео-христијанската историја.На пример тој тврдел дека кога се зборува за Троја,всушност се мисли на Ерусалим,кога велат Ромул и Рем всушност мислат на Петар и Павле и така натаму (човекот очигледно видел аналогија на христијанството во „класиците„).За авторот Ардуин е „кутар „лудак затоа што дошол до заклучок дека не само Виргилиј туку и Данте лично и персонално е фалсификат на „средниот век„..Сепак овој поставувач на дијагнози не може да ја  објасни смислата на постоењето,животот и делото на Виргилиус Маро Граматикус, дупликатот на Виргилиј од кобожем 7ми век.

На пример еве како неутрално гледа на н-тата копија на Виргилиј популарната Википедија.Прашалниците и извичниците се мои.
Вергилиј напишал најмалку две сочувани дела,  Епитоми и Посланија. . Тој покажува познавање на автори како Исидор од Севилја, Вергилиј и Аелиус Донатус, но никогаш не ги нарекува по име( !?) . Наместо ова во овие дела се наоѓа плетора на нејасни опскурни и тешко веројатни (?!) авторитети неспомнати никаде на друго место и им додава цитати на познати автори кои не може да се пронајдат во нивните дела. Така постојат Варо, Като тројца Виргилиевци, три Вулкани, Енеј и Ориген, и други Сулфонијас, Галбунгус, Сагилус,Властус, Гургилиус, Балапсидиус - листата може да се прошири. Некои од имињата се јасни измислици, често прикажувајќи значително познавање на класичната и патристичка литература.(?!)
Иако напишани во сличен стил на старите граматички текстови (?!) и инкорпорирајќи изворен граматички материјал(?!), има и многу збунувачки и необични материјали содржани во делата на Вергилиј:тој дискутира за дванаесет видови на латинскиот  јазик (?!), од кои само еден е во редовна употреба, на граматичарите илјада години пред него им припишува дискусии како на пример за вокатив на „ego„, и дека пишуваат текстови како што е „Пофалба на немртвите„. Често овие граматички авторитети се во главна улога на анегдоти: Енеј често се нарекува учител на Виргилиј,постар шпански граматичар го посетува Виргилиј ноќе или се водат војни со илјадници луѓе над граматичките дефиниции. Чудото на текстовите на Вергилиј води надвор од незнаењето или дури и од пародијата(затоа што тоа не е ни едното и другото ,туку е „сериозно„ дело?,м.з.), а се тврди дека дека овие специјални креации (?!)се прекриена молба за диверзитет и разновидност(?!). Сепак, останува голем неизвесен дел за самиот Вергилиј,неговото потекло и вистинската цел(?!) на неговото пишување.



Јас му верувам на Ардуен дека открил тони анахронизми и скапани фалсификати.Но сметам дека веројатно бил слеп во врска со Цицерон,Хорациј ,Виргилиј а особено со „Плиниј Постариот„.Секој ги носи очилата на своето време.На пример,на прашањето „Кому да му веруваме ако не на Црковните Отци?„ тој наводно одговорил „Не на Отците,туку на нашата света мајка Римската Црква „(треба да и веруваме).

Ардуин е изваден од нафталин од поборниците за ревидирање на хронологијата кои создаваат нови хронолошки скали и историски модели.Мое лично мислење е дека ниту традиционалниот и ниту еден од новосоздадените нови“ историски модели не предлага ни приближно „реален„ историски модел.Сите се потпираат на одредена ,што би рекол Умберто Еко во својот „Баудолино„ ,историска „потпорна точка„ или „прецедент„на кој ја градат својата кула од карти во форма на нов историски модел,.За „прецедент„ се земаат светски катастрофи(црната чума на 14 век) или „Руско -Ординската империја„ или појавата на некоја комета и сл.


Извадок од „Баудолино„ ТУКА (англиски)

Ниту пак во стилот на семиотичарот Умберто Еко,според кој фактот објаснет со фикција е работа на конвенција,  не сметам дека создавањето на ваква цврста и договорена „точка„ е неопходно при создавањето нов историски модел.Историскиот модел кој би отсликувал некаква реална историја на човечката цивилизација веројатно би било неопходно да биде договорен, но  поливалентен,со повеќе „прецеденти„ блиски до фактите и да биде ослободен од митологијата и фантазијата запишани било на хартија ,било на камен.

Историјата не може да биде лажна затоа што такво нешто како „лажна историја„ не постои.Историјата секогаш е вистинита бидејќи лежи во минатото, лажна е нејзината интерпретација ,интерпретацијата на фактите,која сега и секогаш тргнувала од менталниот склоп на нејзиниот автор кој не може да не биде формиран во времето во кое тој живее.

Не се „виновни„ за денешната калакурница само фалсификаторите (мистификаторите,романсиерите) кои пишувале „оригинални историски сочиненија„(најчесто за пари и материјална корист ) туку и оние кои се зафатиле со промовирање на историјата како „наука„ различна од филологијата.

Доколку таква „наука„ постои ,таа треба јавно да ја одбрани својата „парадигма„ својот„ прецедент„ својата „антика„,нешто што од современите историчари „научници„ веројатно нема да го дочекам,барем не во овој живот.

Наместо да се признае релативната младост на историјата во сите земји и региони на светот и историската вина на западната цивилизација за создавање фантастично долга и фалсификувана (поточно речено-измислена) историска слика на светот, тие си одбираат да си седат во замокот на старата догма на "научниот" кредибилитет.

Наместо да се занимаваат со јасно разграничување на историскиот (понов, чист и нефалсификуван, документиран) човечки развој и неисториското (можеби многу долго но непознато) минато, историчарите се истопоруваат да го бранат својот „прецедент„ со навреди кон критичарите за неписменост, шарлатанство, непознавање на изворите и сл.

А од ,„изворите„ ,ако одвоите време да прочитате барем неколку со нова перспектива,јасно се гледа дека- „царот бил гол„.

Tuesday, October 16, 2012

За Аристофан, восочните таблички ,Цезариците и Јахве


Аристофан е антички комедиограф од 4-5 век пред нашата ера (448-380 ПНЕ).„Убавецот„ Аристофан бил голем „сатиричар„ кој пишувал комедии во кои се потсмевал на своите современици, големите „Сократ„(469-399 г ПНЕ) и „Еврипид„(480-406 г ПНЕ). αριστος (aristos) значи "најдобар" а  φανης (phanes)значи "изглед".Аристофан бил 21 година помлад од Сократ. А Платон пак (424-348 г ПНЕ) 24 години помлад од Аристофан, односно, 45 години помлад од Сократ.
Аристофан наводно напишал 54 комедии. Од овие преку „препишување„ во тек на дваесетиина векови до денес останале само 11. Сосема доволно за да се насмееме на „античката Грција„.





    Маља Мегала(Голема Коса)







Во комедијата „Облаци„ (Νεφέλαι / Nephelai)(423-417 ПНЕ), напишана во времето кога се родил Платон) Аристофан им се потсмева на „софистите „ односно „филозофите„ односно на „Сократ„, „таткото на филозофијата„,кои сакаат да ги срушат старите богови , ( им предвидува страшен крај на ваквите и како и во секоја „античка „ комедија, на крајот гори некоја куќа односно „глупавиот„ е запален„).
„Старата комедија„ на „античките„ била  пишувана во стихови и во неа освен „сатира„ како додатни ефекти  се користат гегови од највулгарен тип, прдење, ждригање , тепање , полови дејствија и други експлицитни содржини. Ваквиот „театар„ не можел да умре петнаесеттина дваесет века па повторно да се појави во ренесансата. Ова е слика на првобитниот -средновековен (условно земено) театар чии први претстави се одржувале во средновековните цркви, денес познати како „антички амфитеатри„ (арени-harena латински збор за делот на кој се одвива претставата, посипан со песок и сл односно циркови т.е .цркви. Теа - поглед и Теос(Зеус,Живс)-Бог се мистериозно поврзани. Во првите театри веројатно самиот Бог се симнувал на сцената односно сите го гледале  ).


Стрепсијадес (ΣΤΡΕΨΙΑΔΗΣ, свиткан, згрчен) има син „растурикуќа„ заинтересиран само за коњи и коли(?). Сите спијат само него не го фаќа сон.
  Ωχ! δυστυχισμένος πούμαι!                πώς μπορώ και να κοιμούμαι,  που τα έξοδα του γυιου μου [όλη νύχτα] με τσιμπάνε,                όσα για το στάβλο πάνε                κι' όσα πάνε για τα χρέη.  Γιατί αυτός γυρεύει τώρα [όπως οι καβαλλαρέοι](4)                νάχη τα μαλλιά μεγάλα,  κι' άλογα στον ύπνο βλέπει κι' αμαξάδες και καβάλλα.  Μα εγώ σε στενοχώριες πέφτω σήμερα βαρειές,                βλέποντας εικοσαριές                να τραβάη το φεγγάρι, (5)  γιατ' οι τόκοι δρόμο παίρνουν.
Ох колку несреќен сум јас. И како би можел да спијам кога ме штипат долговите на мојот син кој сега оди во шталата за коњи а потоа оди да направи долг,  еве го отиде сега во лулката да нана со големата коса и коњи и чези и кочии гледа во сон. Но јас денес паѓам од грижи. Гледајќи дека дваесетти го минува месечината . И дека каматата фаќа пат под нозе.

Па продолжува додека ја гледа „книгата„
Δώδεκα μνας εις τον Πασία .. δώδεκα μνας;... και για τι πράμα;... ... τάλογο [για την ιππασία]πούταν και σφραγιστό με γράμμα. Αλλοί! κάλλιο να το 'χε πάρη μέσα στο μάτι ένα λιθάρι!
Дванаесет мини на Пасија(Дебелиот)дванаесет мини....а за што...за коњ обележен со буква Леле! Поарно да ме стиснеше среде око со еден камен !
Варијанта на запечатената листа е жигосан коњ што чини 12 мини односно 100 драхми.Прескапо за само еден коњ.Можеби листа за повеќе коњи?
Во оригиналниот  грчки текст стои „коппатиан„ демек коњ обележен со буквата Кoпа,наводно жиг за расен коњ.

Од тектот во Персеус:






Преведувачите (а можеби и авторот) сакаат со преводот да ни создадат впечаток дека во „античка„ Атина се пишувало на восочни таблички како на пример  „книгата за финансии„не имајќи  предвид дека во „античка„ Атина сите оделе полуголи и дека судбината на сметководствената  книга во лето на 40 степени би била бедна и жална .

За жал во времето на „Аристофан„веројатно веќе имало и хартија (Грците во негово време немале  збор за пергамент„,што значи дека Грците прво знаеле за хартија а потоа дознале за пергамент)

Стрепсијадес раскажува за својот живот.Тој е селанец оженет со богата жена-граѓанка.
 Και μ' όλα αυτά την ανηψιά του Μεγακλή
επήρα,  που ήταν γυιός του Μεγακλή
— , κι' αυτή σαν την Κοισύρα  
И со сето ова  ја зедов внуката
на Мегакле(Мегакле -големец)кој беше
син на Мегакле (на Големец)-а оваа(мисли
на жена му)-како Кесира(Којзира,Цезарица)
Мегакле е име на повеќе „античкоатински„ владетели а Кесира на неколку нивни ќерки-жени.

Ова е посмешно од прдењето на слугата додека спие.

Името „Цезар„ „кајзар„,„кесар„ ќе се појави дури по 6-7 века и тоа кај Грците како „севастос„.А еве тие веќе во „античка„ Атина имаат Кајзарици.



                                               Кајзарин Којсира


Името Коесира нема етимологија.Во грчкиот речник е влезено пословично преку „античкиот„ Аристофан како којзерирање-луксузно ,царско однесување како она на Кесира те Царица. А како да има кога грчки корен кога „цезар„ е кобожем латински збор.







Латините(идните Римјани) во времето на Аристофан уште биле анонимни абориџини на полуостровот а Етрусците (Турци?)биле главни фаци .Атињаните божем 415-413 ПНЕ направиле и воена експедиција до Сицилија, да се бијат со античката Сиракуза,но го извлекле подебелиот крај.



Стрепсијадес го испраќа синот во училиштето на Сократ за да научи „ораторство„ и како да ги измами кредиторите за да не го врати долгот.прво самиот Стрепсијадес го посетува училиштето на Сократа.

Αυτό είνε φροντιστήριο, κι'από εδώ μέσα βγαίνει
η κάθε μια ψυχή σοφή. Άνδρες δω μέσα μένουν λένε, 
πως ο ουρανός, που γύρω μας ορίζε
οπού στον κόσμο βγαίνουν
καιι,σαν το καρβουνοκούπωμα  μας περιτριγυρίζει,
λόγια μπορεί να μάθουνε καθέναν, που μ' αυτά
κ' είμαστ' εμείς τα κάρβουνα. Αν πάρουνε λεφτά,
δικά τους ναν' τα δίκαια και τ' άδικα δικά τους.
Ова е училиштето,и одовде внатре доаѓасекоја една мудра душа.
Мажите кои живеат овде одат околу светот кој  нас не обиколува,
и велат,дека небо не опколува,
како  печка на јаглени дека ние сме јагленот.
Ако им дадеш пари
ќе научиш некои работи како да бидеш во право и кога не си


Синот на Стрепсијадес се вика Федипидес.Самиот кажува како го добил името/жена му сакала да му даде „коњско„ име како Хсантипос(бел коњ)или Калипос(убав коњ)а тој инсистирал на името на татко му Φειδωνίδη -Мал Федон.Ама се договориле пола пола и испаднал Федон-коњ.
Овде Аристофан јава на временска машина.Федон,(поради нестандардната ортографија на „старогрчкиот„ ai може да мине во ei)  за кој Платон спомнал дека бил младо момче со долга коса  бил присутен при смртта на Сократ.Сократ е осуден на смрт за непочитување на боговите(што епредмет на делото на Аристофан).


Фидипидес одговара
ΕΙΔΙΠΠΙΔΗΣ   Τους ξέρω τους
Φπαμπόνηρους, τους ψευτοπαινεψάρηδες· 
τάχα για τους ξυπόλυτους αυτούς και
αιρεφών (17) με τον παληο-Σωκράτη;
κιτρινιάρηδες  δεν λες, που είν' ο
Χ
ФИДИПИДЕС
 Го знам лисецот,зборуваш за
бледоликите и босоноги шарлатани како
Сократ и Херефон(најдобриот
пријател на Сократ)
       Сократ гол во муабет,табличките со долгови-јабана

Фидипидес одбива да оди и Стрепсијадес, иако стар, решава да оди да учи.
Влегува во дуќанот за мудрување и води ваков разговор со еден ученик на Сократ


            Антички театар-кошницата обесена на ведро небо или имале и кулиси?

Студентот: Само што неодамна загуби одлична идеја-му ја украде гуштер !
СТРЕПСИЈАДЕС:
Како се случи тоа? Кажи ми. 
          Студентот: Тој го студираше движењето на месечината-
нејзината траекторија и револуции.
Една ноќ, како што гледаше нагоре, отвори уста, зјапаше кон небото, но гуштер од покривот се олесна  врз него.
 СТРЕПСИЈАДЕС:
Гуштер серел врз Сократ!
Тоа е добро!
 Студентот: Потоа, минатата ноќ немавме вечера.
 СТРЕПСИЈАДЕС:
Па, добро. Што му текна на Сократа ,
за да добиете сите некоја храна за јадење?
Студентот: Тој тенко распостели пепел на масата,
тогаш направи прачка, па отиде
во боречкото училиште,
собра еден педер, и ја ограби од него неговата наметка,
потоа ја продаде наметката за да купи вечера.
СТРЕПСИЈАДЕС: И ние се уште му се восхитуваме на Талес после ова 


 Ајде, сега, се отвори дуќанот за мудрување-дозволете ми да го видиам Сократ, без одлагање. Умрев за да учам. Значи отвори ја вратата.

Многу интересна реченица на Студентот на Сократа. „Тој тенко распостели пепел на масата,тогаш направи прачка,„ -добиваме впечаток дека Сократ од пепелта волшебно ќе направи нешто за јадење.Ова бара анализа на оригиналот.Еве

κατὰ τῆς τραπέζης καταπάσας λεπτὴν τέφραν

врз масата тенко распостели пепел
свитка обелиск(мал обол ,античка пара во форма на шипка)потоа педер( диаветис-пасивен хомосексуалец) фати од палестрата(гимназиум,боречко училиште) наметката му ја украде.

Значи обелискот Сократ го искористил како стап за тепање или за да му побара услуга на проститутот од палестрата?

И зошто на гледачите за кои е нормално во античката палестра да се борат хомосексуалци ова би им било смешно?Но проблемот е во нешто друго.Сократ од пепел прави предмети-пари?Е ова ви е алхемија.Затоа Талес не е за восхит.Зборовите „потоа ја продаде наметката за да купи вечера.„ се слободен превод на преведувачот.




Некој читал поинаква драма.Сократ виси на дрво а Стрепсијадес го држи синот-коњољубец
[Стрепсијадес влегува Сократ седи во кошница што виси на јаже]  А како и на што ја обесиле кошницата со Сократа во античќи театар е големо прашање.Нејсе.
ТРЕПСИЈАДЕС:Еј, кој е човекон во кошницана-таму горе?
Студентот:Самиот човек.(Еве го човекот? м.з)

СТРЕПСИЈАДЕС:Кој е тоа?

Студентот:Сократ.
СТРЕПСИЈАДЕС:Сократ! Еј, викни по негонего за мене и тоа гласно. 
Студентот:Ќе мора сам да си го викнеш.Јас сега премногу сум зафатен .
[Студентот излегува од внатрешноста на куќата]

СТРЕПСИЈАДЕС: О, Сократ. . .
     
Сократченце. . . здраво. ..
      СОКРАТ:
 Зошто ме викаш, ти суштество на денот?

СТРЕПСИЈАДЕС: Па, најпрво , кажи ми што правиш. 
СОКРАТ: Газам по воздухот,додека размислувам за сонцето.
СТРЕПСИЈАДЕС: Ти си во потрага надолу по боговите, таму горе,
во таа кошница? Зошто не го правиш тоа од земјата,
ако тоа е она што го правиш?
СОКРАТ:
Невозможно!
Мене никогаш не би ми текнала ниту една единствена работа за небесните феномени,
ако не го качам мојот ум на високо,
да се мешаат моите суптилни мисли со она што е како нив-воздухот.
Ако го свртев мојот ум кон возвишени работи,
но ако останам таму на земјата,
јас никогаш не би направил ни најмало откритие.
Бидејќи земјата, гледаш,
ги привлекува влажните мисли надолу сосила кон себе- истиот процес се одвива
 со кардамомот.

СТРЕПСИЈАДЕС:
Што зборуваш? Дали умот влече
влага во кардамомот?
Слези,Сократченце, овде долу
кај мене,па може да ме учиш затоа што барам да учам од тебе.
[Кошницата со Сократ полека се спушта]
СОКРАТ:Зошто си дојден?
СТРЕПСИЈАДЕС:Сакам да научам да се
расправам.Јас
сум уништен од каматите од
доверителите што не можам да ги исплатам и сакаат
да ми земат и што имам и што немам.
СОКРАТ:
Како ли си дошол до таков куп
долгови без да знаеш?
СТРЕПСИЈАДЕС:
Заболев од болест—јас сум коњски болен.
Таа ме цеди на најстрашен начин. Но, те молам научи ме на
еден од твоите два
стила на дискусија, оној со кој икогаш не мора да ги исплатиш долговите.
Какво плаќање бараш,
Ти ветувам јас ќе ти платам-жими сите богови.
СОКРАТ:
Во кои богови имаш намера да се заколнеш?
Само да ти кажам прво, боговите не држат валута кај нас.
СТРЕПСИЈАДЕС:
Што валута го користите да се заколнам?
        Железна
монета, како во Византија?





Еве ја Византија како впливува во приказна во 5 век пред наша ера.Чудо,велам,чудо.

Во продолжение Сократ му ги покажува на Стрепсијадес вистинските богови во кои тој верува.Тоа се Облаците.Тие се во облик на убави жени.На Стрепсијадес не му се верува дека Сократ е „атеист„


СТРЕПСИЈАДЕС: чекај малку—жими Земјата, нели Зевс е бог,        оној кој седи на планината Олимп?
СОКРАТ: Каков бог е Зевс? Што зборуваш глупости?
        Нема такво нешто како Зевс.
Стрепсијадес се чуди тогаш како врне и кој прави звуци на грмење а Сократ стручно укажува дека облаците се полни со вода и врнењето од нив а грмењето доаѓа поради нивното судирање.Тогаш Стрепсијадес се интересира како тоа облаците прават молњи бидејќи за нив е задолжен Зевс лично и тој со молњите всушност ги казнува грешниците.Сократ му вели дека е многу заостанат бидејќи Зевс не ги казнува грешниците Симон(мислев дека ова е еврејско име но во „антиката„ значело на грчки некој со сплескан нос-како варварин-монголец, на пример) Клеонимос и Теорус туку сопствениот храм Суниум  а и некои дабови дрва кои немаат никаква вина ниту може да се грешници.Ветрот кој ги растура облаците се трие од нив и прави пламен т.е молња.(електрицитетот засега е непознат за Сократа).Стрепсијадес е убеден.


 СОКРАТ:
 Значи сега нема да признаваш ни еден бог                              
                  освен оние кои ние ги признаваме—Хаосот, Облаците,
                   и Јазикот—само овие три?  

Светото Сократово тројство.Потоа Стрепсијадес започнува да учи кај Сократ малку граматика (машки и женски род на именките) и „медитација„ под волнени ќебиња.Медитацијата на Стрепсијадес е во форма на мастурбација .Кога Сократ прашува дали од медитацијата под ќебето имало корист и дали Стрепсијадес пронашол лек за да ги избегне кредиторите овој одговара



 СТРЕПСИЈАДЕС:
 А да купам една Тесалиска(или Теталеска?) вештица
       и да ја натерам ноќе да ја симне месечината—                                        
      после да ја затворам во кружна кутија,
     како огледало, и да ја надгледувам.

СОКРАТ:
 И како тоа ќе помогне?
СТРЕПСИЈАДЕС:
 Па, ако не изгрее месечината
        нема да платам камата.
СОКРАТ:
 Зошто?
СТРЕПСИЈАДЕС:
 Бидејќи каматата се пресметува месечно.      
 Друга идеја

СТРЕПСИЈАДЕС:

Во продавницата на аптекарот си го видел ли
        оној убав проѕирен камен,
        кој се користи за палење оган?

СОКРАТ:  
 Мислиш стакло?
СТРЕПСИЈАДЕС:
 Да.

СОКРАТ:  
Па што?
СТРЕПСИЈАДЕС:
      Ако го земам тоа стакло,
        и кога писарот ќе ја напише тужбата,                                        
       Да стојам меѓу него и сонцето-вака—
       од далеку, и да му го стопам напишаното,
        баш оној дел на мојот случај?










Значи тужбите се пишувале на восочни таблички и пишуваното можело навистина да се стопи со помош на лупа? О Облаци помагајте со „древниве Атињани„.А мапата на светот на што ја проучуваа учениците на Сократ на што била нацртана ,и таа на табличка?Ова излегува дека „антикава„ исчезнала затоа што се стопила.

Бидејќи како најдобра идеја за  краен излез од својата ситуација Стрепсијадес го наведува самоубиството (со бесење),Сократ се лути   и го брка бидејќи ништо не може да научи ,Хорот го советува Стрепсијадеса  да го испрати својот млад син на учење кај Сократ.

Стрепсијадес го убедува синот да оди да учи.Потоа Сократ го остава Дедипидес самиот да учи од„ добриот и лошиот аргумент „,всушност дебел анахронизам-потсмевање со дијалозите на Сократ запишани од Платон.Да се потсетиме дека Облаци е напишана во времето кога Платон се родил или сеуште бил во план „да се роди„.


ДОБРИОТ АРГУМЕНТ: Добро, ќе објаснам како беше организирано
        нашето образование во старите денови,
        кога зборував што е праведно и просперитетно,
        кога луѓето сакаа да практикуваат воздржување.
        Прво,постоеше правило—децата не смеат да креваат гврева,
        Потоа кога излегуваа надвор,
        да шетаат по улицата до куќата на учителот по музика,
        групи момчиња од ист дел на градот,
        одеа во права линија и никогаш не носеа наметка,
        ниту кога паѓаше снег дебел како брашно.
        Таму учеа да пеат со раширени нозе(за да не прават непристојни работи,м.з.)
        Мораа да ги научат напамет своите песни—како
        ”Страшната Палада Која Уништува цели Градови ,”
        и “Повик од далечината.” Ова го пееја
        во стил научен од нивните татковци.
        Ако некое момче се глупираше или се обидуваше
       да смисли нови иновации,
        како извртените звуци кои ги слушаме денес
       од оние кои го практикуваат стилот на Фринис
       беше тепан, добро изрибан, како казна
        за рибањето на Музата. Во куќата на учителот,
       кога момчињата седнуваа, мораа да ги држат
        бутовите истегнати, за да не покажат нешто
       што може да предизвика еротски маки
      кај оние кои го гледаат. А кога ќе станеа,
        го мазнеа песокот, внимателни
       да не остават отпечатоци на машкоста за своите љубовници.
      Кога користеа масло, ни едно момче не си го мачкаше телото
        под папокот—така на неговите сексуални делови
        имаше влакненца, како на праска.
       Тоа не го правеше својот глас сладок и мек
       за да разговара со љубовниците додека шета,
       или со погледи итро да го мами подведувачот.
       Кога јадеше, не туку само ја грабнуваше
    главицата репка, ниту земаше од постари мажи
       магдонос и мирудија, ниту пак јадеше вкусна храна.
        Не му беше дозволено да се смее, или да седи
      со прекрстени нозе.(за да не прави непристојни работи,м.з.)

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ:  Античко ѓубре!!(ма немој бе,м.з)
        Преполно Фестивали на Зевс Полиус,(Зевс Градски м.з)
        штурци, заклани бикови, и Кедеидес.(уште поантички поет.м.з)

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ: Но поентата ми е—со ваквото
       мое образование беа израснати момчињата
       кои се бореа кај Маратон(490 ПНЕ и за нив ова е „стари времиња„: пффф).   Но види се себе си—
       сега ги учиш младите од почеток
        да се завиткуваат во наметки.Збеснувам
        кога ќе дојде време да танцуваат
        на фестивалот Панатеја
        па еден од нив го држи штитот долу,
      врз јајцата, навредувајќи ја Тритогенија.
        И така, млад човеку, затоа треба да ме одбереш мене,
        Подобриот Аргумент. Биди решителен.
        Ќе научиш како да го мразиш пазарот,
        ќе ги шутнеш јавните бањи, ќе се срамиш
        од срамни нешта, ќе ти гори срцето
        кога некој ќе ти се потсмева, ќе станеш од столчето(имале столчиња?)
       кога ќе се приближи постар човек, нема да ги навредуваш
       родителите,ниту ќе правиш нешта
       што ќе те посрамат или ќе ја сменат
       твојата слика на чесен човек.
       Ќе научиш како да не трчаш по танцувачки,
       за кога зјапаш во нив, да не те погоди
       јаболко фрлено од некоја ороспија,(а кај танцувале танцувачките?па овие имале и барови! м.з.)
       и ќе завршиш со твојата добра репутација,
      и нема да му се противиш на татка си, 
     или да го потсетуваш на неговите години нарекувајќи го
      Јапет—не ,бидејќи го минал животот,
     растејќи те од бебе.
 ЛОШИОТ АРГУМЕНТ: Момче ,ако те убеди овој,

        жими Дионис, готов си
        како синовите на Хипократ—и потоа
        ќе те нарекуваат цицач на цицка.


ДОБРИОТ АРГУМЕНТ: Ќе го минуваш времето во палестрата—
        телото ќе ти биде цврсто,во добра кондиција.
        Нема да се врткаш околу пазарот
       дрдорејќи безобразности,како денешните момчиња.
        Нема постојано да те влечкаат на суд
        поради глупава расправија
    за ситни работи. Не, не.

        Наместо ова ќе си одиш на Академија,(веројатно Академијата на Платон кој уште не се родил м.з)
        ќе се тркаш под светите маслинови дрва,

        со пристоен пријател на твоја возраст,
       безгрижно носејќи венец од црвена трска.
        Ќе мирисаш дрво на тиса, ќе тресеш лисја од топола,
        додека костеновите дрва тивко им шепотат на брестовите,
       радувајќи и се на пролетта. Вака ти велам—
       ако го правиш ова кое го спомнав,
        и ако се концентрираш на него,
        секогаш ќе имаш сјајни гради, блескава кожа,
       широки рамења, тенок јазик, силни бутови,
       и мал пенис. Но ако тргнеш
        по денешната мода,ќе имаш,
       слаби рамења,бледа кожа,
        тесни гради, долг јазик,мал задник,
       и голема вештина на пишување долги говори.
        И луѓето ќе те убедат дека
        што е лошо е добро а што е добро е лошо.
        А потоа ќе добиеш Антимахова болест(педерска -на феминизиран тип м.з)
       ќе се заразиш со неговата содомија.



ЛОШИОТ АРГУМЕНТ:Време е!

       Утробата долго ми гори од желба

       да го растргнам она што го рече,

       со контра-аргументи. Затоа ме викаат

        Лошиот Аргумент меѓу размислувачите,

        бидејќи сум првиот кој

        им паѓа на памет кога расудуваат

       против нормалните нешта и праведните декрети.(ете ти ! м.з)

        И вреди многу пари—всушност,вреди повеќе,

       од шестоцифрени драхми—да се одбере

        полошиот аргумент и да се победи.

        Видете сега како ќе го срушам системот,

        на образование во кое тој верува.

        Прво, тој вели да не се бањате

     со топла вода. Што е работава овде?
        Зошто се противиш на топла бања?


ДОБРИОТ АРГУМЕНТ: Нивниот ефект е штетен—
        од мажите прави кукавици.

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ: Чекај малку!
        Те фатив на првото.
        Те фатив околу половината. Нема да ми побегнеш.
      Кажи ми—од сите деца на Зевс
       кој маж, по твое, имал најголемо срце
       и извршил најтешки задачи? Кажи ми.

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ: Според мене,никој не бил поголем маж
        од Херкулес.

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ:А ти си видел ли некогаш
       ладна вода во бањите на Херкулес? А кој бил поголем маж од него?

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ: Тоа,она за кое денешната младеж
        постојано дрдори деновиве—
       полнејќи ги капалиштата, оставајќи ги празни
     боречките училишта.

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ: Потоа,не си среќен
        кога се врткаат околу пазарот—
        но размисли добро. Ако тоа беше срамота,
       Хомер немаше да го нарече Нестора—
        и сите мудри луѓе—голем јавен говорник.(очигледно на пазарите се држеле говори,м.з)
        Сега, ќе продолжам за нивните јазици, за кои човеков
       вели дека не треба да се вежбаат кај младичите. Јас велам треба.
        Вели треба да биле воздржани.
        Овие две работи се двојно штетни.
       Каде си видел од воздржување
  некој да профитира?
        Кажи ми. Зборувај. Побиј го моето расудување.(ова се капиталистички идеи,профит,дрн,мрт каква антика какви глупости,м.з.)

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ: Има многумина.На пример,
       Пелеј за своето воздржување добил меч.

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ: Меч! Ама сјајна награда
        добил кутриот мизерник! А Хипеболос,
        кој продава ламби на пазарот,е расипан
        и носи многу пари, но, бог знае,
        никогаш не добил меч.(пари,пари,пари-во антиката кога парите биле прачки,брееее)

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ:Ова му помогнало
        на Пелеја да се ожени со Тетис.

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ: Потоа таа побегнала, напуштајќи го човекот,
        бидејќи не сакал по цела ноќ
       да има тврд сладок секс меѓу чаршафите(?!)—
       груба-тркалачка љубов која ја обожаваат жените.
        Ти си само сиров и заостанат Кронос.
        Сега, момче мое,само помисли на оние нешта
        кои ги бара воздржувањето—ќе мора да бидеш без
       сите задоволства—мажи и жени,
       пијани игри и вкусни деликатеси,
       пијалоци и смеа. Вреден ли е животот
       ако си лишен од ваквите работи? Толку за ова.
       Сега ќе минам на физичките страсти.
        Си застранил и си се вљубил—си имал авантура
        со туѓа жена. И те фатиле.
        Мртов си, бидејќи не знаеш да зборуваш.
       Но ако се врткаш околу таквите како мене,
       ќе си го следиш нагонот на природата.
      Ќе скокаш ќе се смееш и нема да мислиш
  на ништо дека е срамно. Ако случајно,
        те фатат дека си плескал туѓа жена,
     само кажи му на мажот дека не си направил ништо лошо.
       Обвини го Зевс—тврдејќи дека тој
      не можел да го заздржи нагонот за секс и жени.
       А како ти можеш да си посилен од бог?
       Ти си само смртник.


ДОБРИОТ АРГУМЕНТ:Добро—но да претпоставиме
        дека тој ќе ти поверува на советот и ќе добие репа
        напикана во газот, а срамните влакна
        ќе му се изгорат со врели клешти. Ќе има ли
        разумен аргумент за да демонстрира
        дека не е широкогазесто педериште?


(казната за прељуба во „антикава „била многу тешка бре,поарно христијански да го затрупаат со камења.Најсмешно е што во „антиката„ кобожем било срамно да си пасивен педер по 15 години а активен-не,м.з.)

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ:Па што ако има широк шупак?—
   зошто тоа би го вознемирувало?

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ: Може ли некој да истрпи поголема штета
        од имањето лабав задник?

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ:што не признаеш
дека те победив по оваа точка?

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ:Ќе замолчам.
Што може човек повеќе да каже?

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ:Ајде,тогаш
кажи ми за адвокатите
Од каде се тие?

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ:Тие се од широкогазестите содомисти.

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ: Дефинитивно е така. Потоа? Трагичните поети?
Од каде се ?

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ:Од големите шупаци.

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ: Така е. А политичарите—
од каде доаѓаат?

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ:Од гигантските шупаци!

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ: Добро тогаш—сигурно моеш да забележиш
      дека трескаш глупости? Глеј таму—
     во публикана—какви луѓе
     се повеќето од нив?

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ:Добро-ги гледам.
ЛОШИОТ АРГУМЕНТ: Па,што гледаш?

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ:Жими сите богови,
    повеќемината ги шират образите.(двосмислено -образите на газот ли ?!)
    Еве оној онаму,сигурно. . .
      и оној . . . и оној онаму со долгата коса.

ЛОШИОТ АРГУМЕНТ: И што велиш сега?

ДОБРИОТ АРГУМЕНТ Победен сум.
        Заебани, земи ми ја наметката—(казна што изгубил е наметката,м.з)
        да ви се посерам во ранговите.


[Подобриот Аргумент ја соблекува наметката и излегува од дуќанот за размислување]


ЛОШИОТ АРГУМЕНТ:
 [кон СТРЕПСИЈАДЕС]
                                                                            И сега?
        Ќе си го земеш синот?
        Или,за да ти помогнам,, треба ли да го научам како да се расправа?


СТРЕПСИЈАДЕС:  
Научи го—исшибај го во форма.
      Не заборавај да го наостриш за мене,
       од една страна спремен за правни работи.
        Од друга страна, наостри му ја вилицата
за поважни нешта.

Богами јас не ширам „образи„ на комедијава на „античкиве„.Еве и зошто.

Платонскиот дијалог помеѓу „добриот„ и „лошиот„ аргумент се однесува на моралот на младината на „античката Атина„ -веројатно првобитен јудео-христијански средновековен „универзитет„(Атина е место и симбол на науката и мудроста,кој го читал Виктор Иго и „Ѕвонарот на богородичната црква„има бледа претстава  отприлика каков бил доцносредновековниот„универзитет„) ,во време кога „науката„ започнува да се буди а  чиј студент веројатно е автор на Облациве.

Комедијата говори за „ замена„ на старите богови со нови.Ќе видиме на крајот дека обидот на „Сократ„ да ги замени старите богови ,Зевс,Хермес итн со новите : Јазикот,Воздухот и Хаосот-неславно ќе заврши.

Нема сомнение дека комедијава е пишувана во првобитна  јудео-христијанска средина.Зарем морализирањето на „Аристофан не ве потсеќа на следното:



1 Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови:
2 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството.
3 Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене.(!)
4 Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.
5 Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение,(Сократ и неговите два ученика (Христос и двајцата разбојници на крстовите?)  се убиени од Стрепсијадес бидејќи не ги почитуваат старите но „ревниви„ одмазднички богови)
6 а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.

Поента на комедијата!!!!Старите Богови не смее да се заменат со Нови.Како Нови богови во комедијава се предложени нови „научни„ богови понудени од мудрецот-„Сократ„


7 Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог.

Добриот аргумент тврди дека во„ старото време „кога не се „дискутирало„ многу по Сократовски се почитувале родителите.

8 Не ќе убиваш!
Федипидес (следбеник на лошиот аргумент,претставник на новата младеж) го тепа и се обидува да го убие татка си .


9 Не ќе прељубодејствуваш!
Прељубата се казнува со набивање репка во газот , горење на пубичните влакна и срамен печат на хомосексуалец.

10 Не ќе крадеш!

Срепсијадес и Федипидес се крадци, должат пари кои не сакаат да ги вратат и се обидуваат со „мудри зборови„ да не го платат долгот.Ова не може да се случи.

11 Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен!

Ораторството како манипулација за избегнување на долгот е лажно сведочење.Замената на старите Богови со новите и вештината на ораторството на Сократа воопшто не помага.

12 Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен!”

Не треба да посакуваш туѓо ниту да правиш долгови кои не можеш(или не сакаш) да ги вратиш.

Комедијата продолжува.Фидипидес се изучува во училиштето на Сократ и кога Стрепсијадес доаѓа по него разговара со Сократа


СОКРАТ: Здраво,Стрепсијадес.

СТРЕПСИЈАДЕС: Здраво и на тебе.
       Прво,прифати го подароков.

[Стрепсијадес му подава на Сократ мало вреќиче]

        пристојно е човек да покаже почит
        на учителот на својот син ,на некој начин. Кажи ми—
        дали момчето го научи стилот на аргументација
       кој се случи овде и сега?

СОКРАТ:       Да да ,научи.

СТРЕПСИЈАДЕС: Во име на Измамата, кралицата на се,
       ова се прекрасни вести!


СОКРАТ:Сега може да се одбраниш
        во која парница сакаш—и да победиш.


СТРЕПСИЈАДЕС:  Можам?
        Дури и со сведоци 
        кога земам на заем ?


СОКРАТ: Колку повеќе толку подобро—
       дури и со илјадници.

Фидипидес доаѓа со нов изглед движења и говор како оној на сократовите ученици.Заедно со татко му се враќаат дома.
Доаѓа денот за наплата на долгот.Пристигнува Пасијас(Дебелиот) да си го бара долгот.Стрепсијадес е подготвен да се заколне на суд во Зевс, Хермес и Посејдон (бидејќи повеќе не верува во нив може лажно да сведочи а ако мислите дека ова„ колнење„ е глупост сетете се како пред сведочење се колнат во американските сдови) дека нема никаков долг.Пасијас налутен си заминува кога гледа дека Стрепсијадес нема намера да го врати долгот.
Доаѓа друг кредитор-Аминијас.Тој куца,бидејќи паднал од кола(?).Стрепсијадес дознава дека синот направил уште некој долг.Тој го брка Аминијас со прачка за жигосување стока.(? очигледно голема новина во времето на авторот,спомната два пати)

Сцената се менува.Стрепсијадес бега а Фидипидес трча по него и го тепа по главата.Се расправаат.Хорот го моли Стрепсијадес да каже како започнала кавгата.Тој раскажува дека додека вечерале побарал од синот да му испее песна од стариот поет Симонидес.Федипидес одбил бидејќи во „размислувалната„ научил дека Симонидес е лош поет .Тогаш Стрепсијадес побарал рецитација од Есхил.Но Федипидес одбил и рекол дека Есхил е бомбастичен.На крајот Стрепсијадес побарал „модерна песна„ а овој почнал да го рецитира Еврипид за  брат што имал секс со својата сестра од иста мајка.Стрепсијадес се изнервирал,почнале да се караат и Федипидес дури почнал да го дави за да го убие.Стрепсијадес сфаќа дека со мудростите научени во училиштето е бетер отколку со задолжувањето на коњи.Син му си го оправдува тепањето на сопствените родители.Стрепсијадес го повикува синот да одат и да му ја запалат куќата на Сократ.

ФИДИПИДЕС:Но не можам да ги повредам моите учители.
СТРЕПСИЈАДЕС: Да,,мораш. Почитувај го Татковскиот Зевс(Јахве.Живш)

ФИДИПИДЕС: Слушај сега ова—Татковскиот Зевс.
Колку си старомоден! Постои ли Зевс?

СТРЕПСИЈАДЕС: Постои.

ФИДИПИДЕС:Не, не, не постои-нема шанси,
       бидејќи Виорот сега е Зевс
        и владее со се.

СТРЕПСИЈАДЕС:Не го убил.

[Тој покажува кон статута на мала чаша која стои пред „размислувачницата„ на Сократ]


      ФИДИПИДЕС: јас мислев така поради статуана,
       чаша,наречена Виор.Колку сум бил будала
      да сметам дека парче глина е некаков бог!


Токму така.Парче глина не е Бог.Така би рекле сите христијански апологети а и Јахве химселф заповедал.


Стрепсијадес го повикува својот слуга Ксантијас(Плавуш).Му наредува да земе скала и копач,да се качи на „размислувачницата„ и да и го сруши покривот.Ксантијас почнува да ја извршува наредбата.Стрепсијадес тогаш бара факел.Друг слуга му го носи и тој се качува на покривот кај Ксантијас и сака да ја запали куќарката одвнатре.Сократ и учениците протестираат дека се гушат.Стрепсијадес и Ксантијас  се симнуваат од покривот и ги бркаат „непочитувачите на Боговите кои се интересираат за месечината надвор од сцената.Хорот кажува дека е крај на забавата .Завеса.Кобожем.

Не е јасно дали стариот Зевс е јудеистичкиот Јахве а новиот Сократ е Христос кој воведува ново тројство на Облаците-Бог отец,Јазикот-Исус и Светиот Дух-Хаосот(хаос ,на „античко грчки„-вистина,добрина) или старите богови се инкорпорирани во христијанството а делово е осуда на Сократ како симбол на „просветлувањето„ на „науката„ и модерните „рационални времиња„.Рационализмот е продукт на ерата на „Просветлувањето„ чии зачетоци се во 17 век.Првата „Научна академија„ е отворена во Франција во 1666 од Луј 14.

Гравура ,но не на Атинската туку на Париската Академија,1698.Разгледајте внимателно и кажете дали гледате разлика меѓу 17 век и  „антиката„.


Лондонски манускрипт од делата на Аристофан ,Облаци,и Богаташ,кобожем втора половина на 15 век.Хартија.


Ликови во претставата на првата страница:С(T)репсиадес(ис,ус),Ф(и,напишано со гама-у)диппидес(ус,ис) ,Сократес(ус,ис) ј ?



Кобожем „паганските писатели„ особено важните делови од делото ги обележувале со знакот Хи-Ро кој „на пагански„ значел „крестон„ т.е „добро„.Тоа е глупава измислица.Знакот ХР значи Христос "ΧΡΙΣΤΟΣ" и ништо друго.Видете на сликата како е запишано Сократос:КРТ-СО-ОС-Христос или Крестос. Малку сте збунети?Јас не.Сократ е „паганската „ варијанта на Христос.Обидот да се оддели „антиката„ од Христијанството некогаш бара очајнички чекори.

Аристофан Византиски

Теоријата на веројатност секогаш се побива од историјата.Главен следбеник на Платон бил Плетон итн и ќе погодите дека главен собирач и едитор на делата на Аристофан од 5-4 век ПНЕ бил повторно некој Аристофан.Овој Аристофан се викал Аристофан Византијски(257-180 ПНЕ) и бил библиотекар во Александрија  и го измислил текстуалниот критицизам и егзегезата(објаснување ,што тоа авторот сакал да каже).

Богами и восочна табличка не е баш книга.Како и на што Аристофан ги пишувал своите драми?На таблички со восок.По сто-двеста  години до Аристофан Византиски веќе се користел папирус и во библиотеката во Александрија имало многу книги.Меѓу нив биле и драмите на Аристофан напишани на папирус.



И така на папирус и по горењето на александриската библиотека Аристофан се спасил па некаде во 4-5 век навистина станал многу популарен во Византија каде ВЕРОЈАТНО сите дела му ги препишале на пергамент.Толку бил популарен што се изучувал во училиште (заедно со вицовите за хомосексуалците и старата маратонска школа на воспитување на младичите).Дури и императорот Јулијан го цитирал.

После ова ВЕРОЈАТНО напишаниот кодекс на пергамент „исчезнал„.Најстар постоечки манускрипт со дела на Аристофан е тн „Кодекс од Равена„ кобожем од 11 век.
Конечно во 13-14 век Цецес и Томас Магистер (инаку монах) повеќе се заинтересирале за „Аристофан„

И така од восочните таблички до печатењето во 15 век поминале 20 века а перфектниот Атички говор  од восочната табличка на Аристофан многу малку се изменил.Виц на два милениуми.