Search This Blog

Loading...

Wednesday, September 26, 2012

Космас ,мај плеус


Не можам никако да поверувам дека современите образувани луѓе може да имаат светоглед бетер од оној на средновековниот „плебс„.
Сум отрпнал постојано добивајќи шлаканици од „доктори игнорантисимуси„ и сметам дека ми е должност на македонски јазик да произнесам некои работи кои одамна произнесени од мудри глави на други јазици.Затоа , игнорирам секаква критика.
Се потпирам на тоа дека овој свет еднаш мора да доживее „просветлување„ под чија светлина ќе му стане јасно дека  „бајките „ се работа за деца а не за возрасни .

Не ми е јасно на пример како може современ човек да смета дека тн Козма Индикоплевст, Cosmas Indicopleustis ( Κοσμᾶς Ἰνδικοπλεύστης) е име на човек морепловец . Сомненијата доаѓаат директно од неговото кобожем име.„Космос„ значи свет ,вселена, "индико"-јасно Индија,индиски, "плеустис"-морепловец. Во превод „светски индиски морепловец „.Делото на овој кобожем „античко-средновековен  географ„ се нарекува „Христијанска топографија„.

Делото „Христијанскатопографија „е зачувано во два примерока: еден манускрипт на пергамент од десеттиот век во Лаврентијската библиотека во Фиренца, и го содржи целото дело, освен последниот лист, и друг, многу фин унцијален манускрипт кобожем на осмиот или деветтиот век, кој и припаѓа на Ватиканската библиотека, и содржи скици нацртани од „Космас лично„, но  целосно му недостасува дванаесеттата книга, која е последна. Постои, покрај овие, уште еден манускрипт , во Кралската библиотека во Виена,  но тој содржи само неколку листови на „Топографијата„.Делото е  „откриено„ во 17 век.

Јас се прашувам како може „Космас„ кој живеел кобожем во 6 век да црта со своја рака во 8 век.Човеков мора да му е прв братучед на Метузалем.Прецртаното ли е на на „Космас лично и своерачно„?

Не само што никогаш не сум верувал во тоа дека христијанските монаси помеѓу три четирите молитви во денот трпеливо прецртувале или ги препишувале делата на „античките пагани„  до точка ,како на пример „Сатириконот „на „Петрониус„ ( официјално -1 век НЕ) кој веројатно добро се дружел со Бокачо (официјално -14 век) ,туку сметам дека да се тврди истото е безобразно потценување на мојата интелигенција.

Кога ќе прочитам дека авторот опишува лик што чува часовник во трпезаријата и притоа со овој факт ја нагласува ново-богатунската распуштеност на својот лик (тоа е роб кој станал слободен и неизмерно се обогатил, замислете , „антички„ капитализам ) ми доаѓа „античкиот„каменен „земјоделски календар„ ,пронајден каде ако не во  Помпеи, некому да му го треснам од глава.Помислете зошто.


                                                     Римски земјоделски календар

Месец Јануари
Денови 31
Нони-на петти
Часови во денот 9ч,45мин(напишано со  римски броеви VIIIIS.,каде S значи 1/2 час а точката/цртичка е 1/4 час)
Часови на ноќта 14часа,15 минути
Сонце во јарец,заштитничка Јунона
Копање- врби трски мочуришта
Жртвување -по дома

Месец Фебруари
Денови 28
Нони на петти
Часови на денот 10ч и 45 минути
Часови на ноќта 13(недостасува точка/цртичка за 15 минути)
Сонце во Водолија
Заштитник Нептун
Копање лозја,палење трска и триста празници,„Луперкалии„,„Паренталии„,Терминалии„ итн


Но да се вратиме на нашиот  тн „Козма„ или „Космас„-Космос.Делото „Христијанска топографија„ е спомнато „Библиотеката„ на константинополскиот патријарх Фотиус,Фотиј(официјално 9 век).Се разбира дека не се работи за никаква физичка библиотека туку за библиографска книга со опис на 279 дела кои наводно се наѓале во физичка сопственост на споменатиот патријарх и тој во својот живот ги прочитал па накратко ги критикува

.Од делата наводно пишувани во периодот 5-9 век односно тн „мрачен византиски век„ ?!) преку половината се „изгубени„.Фотиус во својата критика не го спомнал авторот по име (мудро),но кажал дека живеел во времето на императорот Јустин и дека делото му е посветено на некој си Памфилус.Фотиус забележал дека делото е полно со грешки а дека опишаните случки се бајки„а не факти(интересно).Кај пак Фотиј пак најинтересно е што не се занимава толку во својата„критика„ со содржината на делата од својата „Библиотека„(освен со некои) колку со авторите и нивната поврзаност односно автентичност или неавтентичност на авторот и делото па дури и со сместување на авторот на хронолошката скала.Многу „препороднички„и „текстолошки„ би рекол.Нешто слично се случувало во „ренесансата„ кога се деконструирала „антиката„.
Вака вели Фотиј (9 век,кога Црноризец Храбар уште не бил ни роден):

Ја прочитав книгата „Христијанска топографија„, толкување на Осумкнижието. Авторот, кој цветал во време на владеењето на Јустин, го посветува делото на одреден Памфилус, таа започнува со одбрана на одредени црковни догми со докази составени од Светото Писмо. Стилот е сиромашен,а аранжманот едвај до обичниот стандард. Тој спомнува многу нешта што се неверојатни од историска гледна точка(?!), така што тој може повеќе да се смета за баснописец одошто за сигурен авторитет.
Ставовите на кој тој става посебен акцент се: дека ниту небото, ниту земјата се сферични, туку дека првото е еден вид на свод а второто правоаголна рамнина, [двапати подолга од широка], до крајот на која двата краја на небото се обединети, дека сите ѕвезди, со помош на ангели, се држат во движење, и други работи од сличен вид. Тој, исто така, ги споменува книгите Битие и Егзодус, како дигресија, и влегува во долга дискусија и шпекулации за табернакулот(шаторот,скинијата). Пророците и Апостолите се површно третирани. Тој вели дека сонцето е само два пати поголемо од двете "клими", дека ангелите не живеат во рајот, но над сводот и се мешаат со нас, дека Христос при Неговото Вознесение влегол во просторот помеѓу небото и сводот, и дека само ова е царството небесно и слични апсурди.
Тој ги посветува првите шест книги на одреден Памфилус, од преостанатите шест (постојат дванаесет ) седмата на Анастасиј, во која тој тврди дека небото е нерастворливо, осмата, на песната на Езекија и регресија на сонцето, на некој си Петар. Во оваа книга тој наведува дека напишал коментар на Песна над песните. Четирите преостанати книги немаат посвета.


Еве од што се шокирал Фотиј




                                             Своерачниот космички модел на „Космас„


Не знам што му било толку шокантно , на христијански патријарх, нели.Кога пишував за библиската космографија ,сосема е јасно дека во библијата земјата е рамна, стои на столбови а небото е над неа оптегнато како шатор кој бог од време на време за казна го протресува.

До кај не однесоа овие,излегува дека отсекогаш се знаело дека земјата е сферична а дека „рамната„ земја кобожем било „мит„  . Испаѓа дека од почетоците на христијанството се знаело дека земјата е сферична.Како не бре.А како па да не не однесат кога сите условно земено „доцносредновековни„ научници се однесени во длабоката „антика„.Со Библијата заедно.

Делото на Козма( кој мистериозно цртал во 8 а живеел во 6 век, и тие би ги пикнале ракописите во 6 век  кога текстолошки не би си противречеле самите на себе ) е наменето за отфрлање на теоријата за сферичност на земјата и вселената и адаптирање на космографијата кон светото писмо односно убивање на „антихристијанската„ и “паганска „идеја за сферичност на земјата и вселената.Оваа книга мора да се појавила во мигот кога изникнала „опасната„ идеја  за „сферична вселена„.Сега ни тврдат дека идејата за „сферична земја„ постоела од „длабоката„ антика и била „паганска„.Што е тоа „Паганска„?Не се знае точно со сигурност.Плус, Господ не знаел ли што правел кога ја диктирал Библијата?

Може да се потсетиме дека ако на 522-523г НЕ во која кобожем делувал „Космас„ додадеме 1053-1054 години (кобожем датумот на големата поделба на црквата,шизма) добиваме 1575-1576 година .16 век, векот на „реформацијата„.

Но да видиме колку тоа „лошо„ и „нереторички„ пишувал „Косма„ како предговор на првата книга

Во изминатите денови Јас се двоумев,О,Богољупче,сакан од Бога и во Христос возљубен Памфилус да го земам в рака трактатот кој го опишува светот а кој сакавте да го подготвам бидејќи тоа беше надвор од мојата моќ, како што знаете и самите, поради долгата болест со која бев погоден. Но, бидејќи, како одговор на вашите чести молитви, јас се излечив од таа болест, прифати го конечно предговорот на книгите од делото кое ти го испраќам, делумно како исполнување на послушноста која ви ја должам, а делумно од страв од осудата на слабиот слуга во дискурсот на нашиот Спасител произнесен во Евангелието. И никој да не ме осуди, како премногу одважен, затоа што ќе го изложам мојот предмет во стил домашен и неметодички, бидејќи христијанинот не е во потрага по фрази туку по вистински поими.

Додека има многу стрели и шлемови и штитови и војни придвижени против Црквата, некои кои би требало да бидат христијани (реформаторитеод 15-16 век ?), држејќи го Божествено Писмо, за безвредно, и презирајќи и гледајќи надолу кон него, заклучуваат како и паганските филозофи, дека формата на небото е сферична, доведени во оваа грешка поради сончевите затемнувања и затемнувањата на месечината .
Затоа ние (НИЕ?)прикладно го поделивме предметот на книгата во пет делови. Во почетокот, првиот дел е насочен против лицата од кои се заведени, и тврди дека оние кои сакаат да тврдат дека исповедаат Христијанство не можат да бидат заведени од страна на веродостојни грешки на оние надвор од Црквата - грешки, кои се противат на божественото писмо. 
Бидејќи ако некој ги испитува одблиску паганските теории тој ќе сфати дека тие се целосно измислени, чудесно софистички, и крајно невозможни. Потоа христијанинот природно ќе побара и ќе рече: овие се побиени, но кои се вистинските теории кои мора да бидат прифатени? Имам напишано во втората книга, во која продолжува да се објаснува од Божественото Писмо, за природата на христијанските теории - за да се опише сликата на целиот свет, и да се забележи дека некои од античките(?!,самиот е скоро антички-6 век,уште се живи „римските императори„Јустинијан Јустин први ,втори,) Паганите биле на исто мислење. 
Потоа повторно, за да им одговорам на оние кои се сомневааат и прашуваат: како тоа Мојсеј и пророците велејќи такви работи го кажуваат она што е вистина? 
Третата книга го покажува кредибилитетот на Мојсеја и Пророците, покажувајќи дека тие не зборувале за себе, туку биле инспирирани од божествено откровение, и дека писателите и на Стариот и на Новиот Завет, мажи докажани на збор и дело, откако ги предвиделе овие работи, ги искажале соодветно. Таа понатаму го покажува она што е од корист од цртањето на светот, и како поим и од каде потекнал и започнал поимот за сферата . Четвртата книга, пак, е напишана за оние кои милуваат да работат на нивните очи над бројките(сликите?), и е кратка рекапитулација, односно цртање, на она што е кажано претходно---- побивање, всушност, на теоријата на Сферите и на Антиподите(оние кои живеат под нас,односно од другата страна на сферата м.з). 
Потоа повторно, петтата книга е напишана за оние кои се прашуваат какви се христијанските теории , и тоа покажува дека во она што сме(?!) го рекле и сме го претставиле со цртежи ние ниту сме смислувале сопствени фикции , ниту сме измислиле нови бајки, но од откровението и од она што Бог кој го создал светот го ракоположил, сме направиле модел на целиот свет (точно,м.з) ---- имено Шаторот подготвен од страна на Мојсеј, кој што Новиот Завет постојано со овој став изјавува дека е слика на целиот свет, и кој исто така, со помош на покривалото кое Мојсеј го поделил, и така ја поделил скинијата (шаторот ,табернакулот, м.з) на два дела, како што и Бог исто така во почетокот го поделил она што било еден регион, кој се протегал од земјата кон највисокото небо, во два региони, со помош на Небесниот свод и исто како што во скинијата ( шаторот, табернакулот,м.з ) имало надворешен и внатрешен дел,така овде имало горен и долен. 
Сега , долниот е овој свет, а горниот е светот кој доаѓа, во кој исто така, Господ Исус Христос, откако воскресна по тело од мртвите, се вознесе прв од сите, и во кој потоа праведниците за возврат  ќе се искачат. И бидејќи од Адам до Мојсеј, и од Мојсеј до Јован и од Јован до сите апостоли и евангелисти, секој и сите во хармонија, со зборови и дела зборувале за овие две состојби, а бидејќи ниту еден од нив нема изговорено непријатна забелешка, или велејќи дека имало состојба пред првата или претпоставувајќи дека постои и трета по втората, но сите тие, инспирирани од Светиот Дух, прогласиле дека постојат само овие две состојби, ние, затоа, ставајќи ја нашата доверба во Светото Писмо, кое е навистина божествено, не само што ги скициравме сликите на целиот свет, но и на оние многу места каде Израелците го направија својот егзодус, исто така, и планината на која тие го добиле законот во писмена форма и се поучиле во знаење на пишувањето, исто така, цртежи на шаторот (скинијата) и населбата во ветената земја, се до оној кој очекувале да се појави меѓу нив и за кој било предвидено од страна на старите луѓе и од Пророците, и кој всушност се појави, прогласувајќи ја идната втора состојба, која со неговото доаѓање тој ни ја покажа во себе на сите , откако влегоа во внатрешниот Шатор, во горниот небесен регион, во кој во неговото второ доаѓање тој ќе повика праведниците, велејќи: Дојдете вие ​​благословени од Мојот Татко, наследете го Царството подготвено за вас од создавањето на светот. Нека му е слава во вечни векови, Амин!  



Сликички од книгата на „Космас„,трговец морепловец од Александрија
Од ракописот од 11 век,Лаврентијска библиотека во Фиренца

Па продолжува во втората книга
Дека долго го одложував создавањето на моето дело во врска со сликата на светот, иако и други прекрасни мажи, како и ти, често ме повикуваа да го превземам, ти знаеш најдобро од сите. О најмил, Богољубив и Христољубив Памфилус, човек достоен за тоа име, бидејќи сите свети луѓе те сакат (Памфилус ,Панфилус,значи „сакан од сите„м.з),сопатник во земниот Ерусалим, но запишан меѓу првородените и пророците, кого од минатото го знаев само од кажувања ,а се сплотив во најтопло пријателство, но сега имав задоволство да те видам лице в лице, кога со Божја волја ќе дојде овде кај нас, во големиот град на Александар , и никогаш не престана да не поттикнуваш на ова дело, иако бевме заслабени во телото, страдавме од офталмија и констипација на цревата, а како резултат на ова страдавме потоа од постојани напади на болест, додека покрај тоа што ни недостасуваше учењето од училиштето на незнабожците, без знаење на реторичката уметност, бевме неуки за да компонираме дискурс во течен и разубавен стил, и покрај ова бевме окупирани со комплицирани прашања од секојдневниот живот.

Сепак не престанавте да не притискате да компонираме расправа за скинијата подготвена од Мојсеј во пустината, која беше тип и копија на целиот свет, како што ти објаснив на тебе лично со жив глас на површен начин, а не како комуникација на мислења и претпоставкисоставени од мене, но она што го научив од божествените писма, и од живиот глас на оној најбожествен човек и голем учител Патрикиј, кој кога ги исполнуваше заветите на Аврамовиот закон, излезе од Халдеја со својот ученик Тома од Едеса, свет човек, кој го следеше насекаде каде што одеше, но со Божја волја беше отстранет од овој живот во Византија.

Патрикиј го пренесуваше учењето на светата религија и вистинска наука, и сега од страна на благодатта Божја беше издигнат на возвишениот епископски престол на сета Персија, откако беше назначен на функцијата на католички епископ на таа област.

Па така , во голема мера скептичен во врска со овој потфат, на сметка повеќе на оние кои уживаат во цензорирањето(?!), чии јазици се потонати во клеветење и кои секогаш можат да најдат изобилство на материјали за нивните потсмевања и подбивни забелешки, јас се повлекувам со повеќе од обично двоумење да се посветам себеси на оваа работа .

Но вие повторно ме притиснавте да продолжам со неа, товарајќи ме со осуда врз осуда ако одбиев, и уверувајќи ме дека работата ќе биде корисна за водство во животот и за проучување и разбирање на божествените учења, како и за побивање на грчките предрасуди, додека покажувајќи дека сиот обем на божественото писмо, се однесува на идната состојба, како што е најостро потврдено од страна на Апостолот кога вели: Бидејќи знаеме дека ако земниот дом на оваа наша скинија е разрушен ние имаме зграда на Бога ---- куќа направена не со раце, вечна во небесата.

Кога со овие и слични на овие зборови, апелиравте до мене, а беше надвор од мојата моќ да го оспорувам поттикот наложен врз мене од страна на вашата побожност, јас се согласив, верувајќи дека ќе имам корист од вашите молитви, верувајќи дека божествената благодат без која не можеме да направиме нешто правилно , може да не удостои со отварањето на устата, така што би можеле да бидеме во можност без полирана и уметничка форма на изразување, но со едноставни зборови на обичниот говор (додека благодатта ги манифестира сопствените чудни моќи), да се научат нејзините усвоени деца на божествено знаење на доктрините, животите на побожните луѓе, и сликата на светот и неговото потекло, без двосмисленост, како и за да се опише со сета подготвеност, и да се предаде без каење, она кое ние самите слободно го добивме од Бога.
Сосема добро напишано.Мора да се забележи дека оваа понизност и намалување на сопствените квалитети и капацитети се карактеристични за христијанските автори (монаси и други црковни лица) . Ароганцијата е грев.Тоа не значи дека навистина  авторот е неук.Сетете се дека ова кобожем е пишувано пет века пред Црноризец Храбар.

Завршувајќи ја, значи, О Богољубив, првата книга во врска со оние кои се преправаат дека се Христијани(!? кои се тие ако не се христијанските шизматици кои измислуваат нови теории за вселената опонирајќи му на светото писмо и доктрините т.е реформатори ), и откако ги осудив, на најдобриот начин во моја моќ, дека се обидуваат во невозможности, без да се обидам да ја обезвреднам убавината на нивниот јазик(?! Грци шизматици?! неверојатно), и не дај Боже Јас тоа да го направам, но да ги побијам фиктивните и грчки теории и бајки и да ја завршам оваа книга, ние сега во покорност на твојот ред продолжиуваме да дискутираме во оваа втора книга за христијанските теории во врска со сликата и положбата на светот. 
Ние подоцна и во третата книга ќе покажеме дека во опишувањето и објаснувањето на полезноста од сликата на светот, божественото писмо исто и во Стариот и во Новиот Завет е само по себе сигурно и доверливо. Во четвртата книга повторно ќе понудиме рекапитулација и обележување на сликата на светот, и слично, во петтата книга ќе дадеме опис на скинијата подготвена од страна на Мојсеј, и ќе ја покажеме хармонијата на она што е кажано од страна на Пророците и Апостолите.

Нека тогаш во ова оваа книга која со право ја нарековме Христијански топографија, го опфатиме целиот свет, и да ги извлечеме нејзините докази од вистински божествени писма, во кои христијанинот нема слобода да се сомнева.(нема,многу добро кажано,м.з)

Значи бидејќи помошта одозгора, како што беше речено, соработува со нас преку вашите молитви, да продолжиме да ги наведеме нашите теории. Мојсеј, Божествениот Космограф, вели: Во почетокот Бог го создал небото и земјата. Претпоставуваме, затоа, дека небото и земјата го сочинуваат универзумот кој што ги содржи сите работи во себе.

Дека Исак Њутн сеуште не бил роден  се гледа од авион.Како си замислувале дека земјата е сферична и дека стојат на сферична земја „Антиподите„ не ми е јасно ни на мене ни на „Космас„

Зашто, ако тело од било кој вид се наоѓа под земјата или надвор од неа, тоа тело не може да го задржи своето место, туку ќе падне во согласност со она што се гледа дека секогаш се случува во природниот свет.

Зашто, ако го земеме воздух, на пример, или вода или оган, ќе најдеме дека работите кои се потешки од овие секогаш без исклучок паѓаат во нив.

Бидејќи земјата е потешка од било кое друго тело , Божеството ја ставило како темел на универзумот, и ја направило цврста основа на својата својствена стабилност.

За да го илустрираме ова, нека претпоставиме место со длабочина од сто кубити(лакти?), и ова место нека биде исполнето со тело да речеме поцврсто од вода, а потоа ако треба да  подигнеме камен со рака и да го испуштиме во место , во кој интервал од време тој  ќе стигне до дното? Еден може да одговори, за четири часа, да речеме. Но, понатаму, претпоставувајќи местото да биде исполнето со некоја поретка супстанција, воздух, на пример, во кој интервал од време каменот сега ќе стигне до дното? Очигледно за пократко време: во два часа, да речеме.
 Да претпоставиме во наредното место уште поретка супстанција,телото на дното ќе стигне за еден час, и со уште поретка супстанција за половина час. И повторно, ако се претпостави уште поретка, каменот, ќе допре дното во уште пократко време, и така натаму се додека телото истенчено до последниот степен станува бестелесно, и времето престанува да има потреба да постои .
Така во претпоставениот случај , каде што воопшто не постои тело но се е бестелесно, тешкото тело од потреба стигнува на дното во ниеден момент и останува во мирување.
А така значи?Интересно,навистина тело во средина без гравитација ќе си мирува ама  гравитацијата уште не е измислена и божјата физика на Косма  се потпира само на триењето.Продолжуваме.

Божеството, уредувајќи ја вака природата, како што кажува Светото Писмо , ја обесило земјата на ништо, кога таа стигнала до дното на просторот се потпрела на темелите на сопствената стабилност, така што нема никогаш да се помрдне. Но ако уште еднаш, од љубов кона контрадикторноста, претпоставиме дека надвор од земјата и небото постои место направено од друга невидлива и имагинарна супстанција, дури и такво место мора нужно да се потпре на нешто друго, а тоа повторно по друго, и така натаму до бескрајност. (?!на желки на пример?значи земјата се потпира самата на себе а се друго мора да се потпре на нешто)
Сепак нека, со Божја помош, се справиме со оваа тема како со повеќето прашања од физичката наука(?! во мрачниот 6ти век имало „физичка наука„?).
Ако претпоставиме дека некое место е хаос, а потоа заради .....бидејќи небото е лесно и тежи нагоре, а земјата е тешка и тежи надолу, и крајностите се врзани заедно со крајности, дека, имено, она кое тежи нагоре со тоа што тежи надолу, тие се држат еден со друг со нивното влечење едни против други, и така остануваат неподвижни.

Божеството соодветно ја основа земјата, која е долгнавеста, на сопствената стабилност, врзувајќи ги краевите на небото со краевите на земјата, со што долните краеви на небото се потпираат на четирите краеви на земјата, додека во височина се формира возвишен свод кој ја покрива должината на земјата. По ширина пак на земјата, тој изгради ѕид од најдолните краеви на небото нагоре до врвот, и така затворајќи го местото, направи куќа, како што некои би можеле да ја наречат, со огромна големина, како долгнавеста парна бања со свод .

Така значи?Светот како Амам ?

Зашто, вели пророкот Исаија : Кој го основа небото како свод. Со оглед, згора на тоа, на лепењето на небото со земјата, ние ова го наоѓаме кај Јов: Тој го наклони небото кон земјата, а тоа се излеа како прашина од земјата. Јас го заварив како квадратен камен блок .
Зарем изразите за накосување кон земјата и заварување за неа не ни покажуваат јасно дека небото кои стои како свод и има краеви врзани заедно со краевите на земјата? Фактот на неговото накосување кон земјата, и заварување со неа, го прави сосема незамисливо како сфера.
 Така е.Живео говорник.

Незнабожците, дури, искористувајќи го она што Мојсеј ни го открил, ја делат целата земја на три дела: Азија, Либија и Европа, назначувајќи ја Азија на исток, Либија на југ, протегајќи се на запад, Европа на север, исто така, се протега на запад, и во овој дел од земјата постојат четири заливи кои продираат во неа од океанот исто како што велат незнабожците, кои кога го третираат овој предмет ја говорат вистината ,имено, овој наш залив, кои влегува од Gadeira на запад се протега по должината на земјите кои се поданици на Рим;Арапскиот Залив наречен Еритрејски и Персискиот, и двата извираат од Zingium во јужните и поисточни делови на земјата наречена Barbaria, која започнува таму каде што завршува земјата на Етиопјаните.

Сега Zingium, како што се свесни оние кои пловат по Индиското море , се наоѓа надвор од земјата наречена Barbaria која произведува темјан,и е опколена од страна на океанот што струи оттаму во двата заливи. Четвртиот залив е оној кој тече од северо-источниот дел на земјата, и се нарекува на Касписко или Хирканиско Море.

Само овие заливи дозволуваат навигација, затоа што по океанот не може да се плови поради големиот број на струи, и густите магли што го праќа нагоре,кои ги замаглуваат зраците на сонцето, и поради неговата пространост.
Научувајќи ги овие факти од Божји човек, како што беше речено, јас ги посочив бидејќи се совпаѓаат и со моето искуство, бидејќи лично јас патував поради трговија во овие три заливи ---- Римскиот, Арапскиот и Персиски, а од староседелците или од морнарите имам добиено прецизни информации во врска со различни места.


Не знам човеков како „пловел „ од Александрија до Индија.Бидејќи имињата во среден век не биле фиксни под „Индија„ можело да се подразбира и дел од Африка.Но можеби на брод се качувал некаде во близина на Индија,од Персиски залив да речеме.
Кога првите луѓе биле таму на голема височина ангажирани во изградбата на кулата(вавилонска ,м.з), често ги вртеле своите очи нагоре кон небесните тела и виделе некои од ѕвездите како се искачуваат и други паѓаат, па се посомневале дека небото е некако направено да се врти со некој вид на механичка иновација, така што е сферично.
Но тие беа неуки за сликата на земјата и не беа свесни дека небесните тела се движат во воздухот од страна на ангелите. Под влијание на ова сомневање тие ги направија оние порти преку кои се поминуваше низ кулата во сите правци, обезбедувајќи така дека кулата да не може да биде срушена од водите на потоп. На сличен начин, исто така, тие ја изградија со тули(цигли) за да може да ги издржи водите; бидејќи за тоа кулата била изградена. Велат дека, згора на тоа, нејзините темели заземаат ширина од три милји во секоја насока, но и дека скалите со кои се искачувало биле наредени во круг околу надворешните ѕидови, со цел да можат да добијат светлината низ прозорците направени во нив.
Многу биле напредни овие ѕидариве на „кулата вавилонска „со циглите.Иако „античките Римјани„ кобожем се растурале од градење со тули (па дури имале и подвижни печки за печење тули?!),тоа не е мислење и на Плиниј Постариот (кобожем 1 век НЕ) за кој одамна сум рекол дека е доцносредновековен а можеби и ренесансен автор.Имено Плиниј во својата „Природна историја„ тврди дека во негово време во градот Рим немало НИШТО изградено од тули (цигли)  
Читај ТУКА.Тој тврди и дека мавзолејот на Мавзол во Халикарнас(Бодрум) бил изграден од тули а и палатата на Крез.Со гаранција тулите биле средновековна измислица која го одушевила нашиот „Плиниј„.Затоа пак кутриот им се потсмева на сите кои не знаат дека ѕидовите се прават од „непечени тули„.Со овие зборови

„Кој е тој човек што не е запознат со фактот дека преградите се прават со плитар обложен со глина,а ѕидовите се изградени од непечени тули?„ ТУКА

Па како тоа античкиве бре со прости плитари?Не оди никако.


Библиска космографија



No comments:

Post a Comment