Search This Blog

Thursday, June 7, 2012

Персискиот крал и дојранските мандри

Дион Хрисостом (Божин Злотоуст) е божем древноримски автор од 1-2 век (40-120 г). Не ви препорачувам да читате се' што творел овој оратор, писател, филозоф и „историчар„ од „грчко „ потекло -што значи дека пишувал на грчки.Се разбира дека е хумористично, ако имате време, читајте. ТУКА(латински),ТУКА(англиски)

Поентата ми е друга.

Толку е транспарентно „средновековието„ во делата на „древните„ што просто кога чита интелигентен човек не може да не се згрози од бесрамноста на оние кои средновековните  „оратори, писатели, филозофи и историчари„ ги катапултирале минимум илјада години во минатото (а некогаш многу повеќе).

Не сме должни ова да го трпиме.

Првото издание на Дион (впрочем како и сите други) е во печатница во Милано (Медиоланум) 1476г. Секако дека можеме основано да се сомневаме и во целото грамадно издаваштво на 15 век кога е испечатено се што се творело „илјадници години„. Кому му било потребно тоа?Печатењето  секако ни во повоите не било бесплатно. Не знаеме.Мотивите се во секој случај политички.

Кога го слушна ова, другиот извика: "Сепак, Сократ, претпоставувам знаете ,дека од целиот населен свет , Персискиот крал го владее најголемиот и најдобриот дел, зашто, со исклучок на Грција, Италија и неколку други народи расфрлани низ Европа , тој ги има направено сите негови поданици и во оној дел кој ние го нарекуваме Азија тој владее се до Индија, каде за многу луѓе се вели дека се под негова власт, како и поголемиот дел на Африка, додека во Европа ги владее Тракија и Македонија. Сите овие народи тој ги држи во потчинетост и тоа е причината поради која ја добил титулата "Големиот Крал".


„Големиот Крал„ можеби е Дариј I Величествениот но можеби и Сулејман I Величествениот .

Сократ живеел во 5-4 век ПНЕ а всушност можеби во 14-15 век НЕ. Тоа се дваесет века . Што е многу ,многу е.

А што го спречило Дарија да владее со Грција , Италија и „некои народи расфрлани низ Европа„? Имало ли некоја друга голема империја со која тој би се судрил ?
Па Македонците „сами му се покориле„.(?) 
Е Грците ли биле проблем ?Де?

Еве што вели Википедија за односот на Дариј кон Грците:

Европската експедиција на Дариј била голем настан во неговото владеење, кој започнал со инвазијата на Тракија, по што тој го оставил Мегабазус да ја освои Тракија, враќајќи се во Сардис да ја помине зимата. Исто така , пред да се врати, Дариј освоил многу градови од северниот дел на Егејското море додека Македонија се потчинила доброволно. 
Азиските Грци и грчките острови се потчиниле на персиското владеење во 510 п.н.е.. Сепак имало некои Грци кои биле про-персиски настроени, како на пример Грците кои во голема мерка биле групирани во Атина. Оваа ги подобрило грчко-персиските односи и Дариј го отворил својот двор и ризниците за Грците кои сакале да му служат. Овие Грци служеле како војници, занаетчии, државници и морнари за Дариј, но сепак, грчкиот страв од силата на царството на Дариј станал силен и постојаното мешање од страна на Грците од Јонија и Лидија станало вовед во конфликтот што требало допрва треба да се случи меѓу Персија и Грција.


Ова е точен опис на Отоманската империја.

Империја, тоа е голема држава.Територија, народи-поданици, институции кои му помагаат на владетелот-монархот да собира данок (се плаќал во злато и сребро) и да ја одржи власта. Да спроведува закони.Со каков „државен апарат„ „Дариј„ држел толкава империја? Не се знае . Веројатно со никаква војска бидејќи наскоро Македонија (грутка земја полна „неолитски луѓе„,ќе видиме подолу) му ја дувнала империјата како кула од карти.Смешно, но се смета за вистинито. Наводно империјата на Дариј била поделена на 20 сатрапии на чело со сатрапи.Оваа административна поделеност Александар Македонски воопшто не се трудел да ја менува.Значи добра била.Така е лесно.На хартија.



Дариј(Дарјуш) си имал своја пара тн ДАРИК-златен и сребрен

Дариј градел чуда.Патишта, канали, врзувал реки и мориња , создавал закони. Бил толерантен кон сите религии а во Египет не градел храмови на Ахура Мазда туку на египетските богови.(?) Дури основал и банки.Првата банка била „Мурашу и Синови„ во Нипур.Се разбира,банкарите биле Еврејски трговци.Дариус дури собрал „учени луѓе„ за да создаде „посебен јазик„-Арјански различен од персискиот .Јазик кој се користел замо за „официјални натписи „.

Зошто ? Нели никој не  би ги разбрал натписите на „новиот јазик„ освен „учените луѓе„?Глупости на квадрат.



Дариј седнат на трон


Според Херодот, Македонија два пати им се предавала на „Персијците„ (513 и 492 ПНЕ ). Симболичното предавање вклучувало давање малку земја и вода на непријателот.После си мирен.

Да ја споредиме сликовито империјата на Сулејман со онаа на Дариј .ќе видиме дека нема никакава разлика во завладеаните територии.



Сулејман I Величествениот 1494-1566




Зелено-отомански владенија до 1300,испрекината линија до 1326 (Солун ,Македонија и дел од Тракија).Светло црвено-бивша „Византиска империја„(наследник на Никејско Царство ,кх), темно сино- Латински држави.

„Персиско кралство„ 5-6 век ПНЕ.Дариј I Величествениот 550-486 ПНЕ





Главен извор за цар „Дариј„ е историчарот „Херодот„ -таткото на лагите и Библијата (историчарот Мојсеј,како што би рекол Жан Боден)

На пример Херодот (484-425 ПНЕ) правел особени напори да „докаже „дека Македонците се Елени-Елини (ЕЛ значи бог, Елини-божји луѓе а на пример ПРС ,ТРС се Тројанци, Турци , Персијци,Траки итн) (веројатно и во негово време постоело сомневање во потеклото на Македонците и имало потреба да се „докаже„ дека македонците се Елини  )


22. Така смртта на овие Персијци беше скриена. И дека овие потомци на Пердика се Елини, како што велат самите тие, јас и самиот знам, и не само тоа, но јас ќе се покажам во следната историја дека тие се Елини.  Покрај тоа, Елинодиките, кои управуваат со игрите во Олимпија, одлучиле дека тие се тоа: па кога Александар посакал да се натпреварува во игрите и се симнал со оваа цел во арената, Елините, кои требало да се тркаат против него , се обиделе да го исклучат, велејќи дека на натпреварот не може да се натпреваруваат Варвари  туку тој е само  за Елините: бидејќи сепак Александар докажал дека е од Аргос, било пресудено дека е Елин, и кога тој влегол  на натпреварот  во трката илегол како прв. 
Херодот Историја,книга 5,Терпсихора



да го пренесеме овој дел во 14-15 век.

Така смртта на овие Турци беше скриена. И дека овие потомци на Пердика се Грци, како што велат самите, јас и самиот знам, и не само тоа,но ќе покажам во следната историја дека тие се Грци.  Покрај тоа, Гркоманите, кои управуваат со игрите во Олимпија, решиле дека тие се тоа: па кога Александар (ова не е Александар Велики туку некој дрррруууг) посакал да се натпреварува во игрите и се симнал со оваа цел во арената, Грците, кои требало да се тркаат против него се обиделе да го исклучат, велејќи дека на натпреварот не може да се натпреваруваат Вулгари (прост народ)  туку тој е само  за Грците: бидејќи сепак Александар докажал дека е од Аргос(место на Пелопонез), било пресудено дека е Грк, и кога тој влегол  на натпреварот  во трката излегол како прв.(Јас)


Зошто да не?Кога Херодот можел да види „неолитски„ луѓе (10000-4000 г ПНЕ) во 500 ПНЕ зошто и ние да не прескокнеме илјда и петсто години и не кажеме дека Дариј е веројатно човек од 10-11 век (или подоцна).

Еве како Херодот го видел „неолитот„ во „Пајонија„

Неолит







15.И Пајонците, информирани дека Персијците доаѓаат против нив, ги собраа сите свои сили и маршираа во правец на морето, сметајќи дека Персијците, кога ќе напаѓаат , ќе нападнат од таа страна. Пајонците тогаш беа подготвени, како што реков, да ја одбијат армијата на Мегабазос која тргнала против нив, но Персијците кога слушнаа дека Пајонците ги собрале своите сили и го чуваат влезот кон морето, ја сменија насоката со водичите по горниот пат и поминувајќи незабележани од страна на Пајонците тие ги нападнаа нивните ГРАДОВИ, кои беа оставени без мажи, и наоѓајќи ги без бранители тие лесно ги освоија.  Кога слушнаа Пајонците дека нивните градови се во рацете на непријателот, одеднаш се распрскаа, секое племе во своето место на престој, и продолжија да им се предаваат на Персијците.
Така тогаш се случи овие племиња на Пајонците, имено, племињата Сиропајонците на Пејоплијците и сите до езерото Прасиас, да видат отстранети од нивното место на живеење и да бидат одведени во Азија.
 16.Но и оние кои живеат околу планината Пангеон како и Доберијците и Агранианците и Одомантианците и оние околу самото езеро Прасиас(Зелено) воопшто не беа покорени од Мегабазос.
 Сепак тој се обиде да ги отстрани дури и оние кои живееа ВО ЕЗЕРОТО и кои ги правеа своите живеалишта на следниот начин:платформи прицврстени заедно почиваа врз возвишени купови кои стоеја во средината на водата на езерото, со тесен приод од копното преку еден мост. Колците кои ја држат платформата несомнено биле првично поставени таму од страна на сите членови на заедницата кои работеле заедно а од тоа време тие продолжиле да ги поставуваат со почитување на следното правило:секој човек кој ќе се ожени носи од планината наречена Орбелос три купови за секоја жена и ги поставува како потпора и секој човек си зема за себе многу сопруги. И тие живеат на тој начин што секој човек поседува една колиба врз платформата, во која тој живее и врата-стапица води низ платформата надолу во езерото. А малите деца тие ги врзуваат со јаже за ногата, од страв да не паднат во водата. На своите коњи и работни животни тие им даваат риба како сточна храна а риби има во толку големо количество што човек ако ја отвори вратата-стапица и спушти со јаже празна кошница во езерото по доста кратко време ја извлекува повторно полна со риби. Од рибите постојат два вида, кои се нарекуваат ПАПРАКС и ТИЛОН.
17. Па тогаш оние Пајонци кои беа заробени беа донесени во Азија и Мегабазос во меѓувреме, откако ги освои Пајонците, испрати како амбасадори во Македонија СЕДУМ Персијци, кои според него беа со највисок углед во војската. Овие биле испратени до Аминта да бараат од него земја и вода за царот Дариј.

Од езерото Прасиас многу е краток патот до Македонија; прво, доста блиску до езерото е рудникот од кој редовно се вадело по еден талент сребро секој ден , за Александар, и по мое, кога ќе поминете над планината наречена Дизорон, веќе сте во Македонија.
Херодот,книга 5 Терпсихора 

Опишаните езерски наколни живеалишта ги имало и во Женевското езеро а имаме едно реконструирано и во Охридско .Езерото Прасијас е неидентификувано.Грците тврдат дека се работи за денешното езеро „Керкинис„ (Бутковско езеро ) на Стримон во Грција. Но тоа е вештачко езеро,создадено 1932 од мочуриште и во него веројатно најмногу можело да уловиш жаби и гуштери.




Веројатно станува збор за Дојранско езеро.Инспирацијата на средновековниот Херодот можеби му дошла од дојранските мандри.Ѓавол ќе го знае.Важно е следното : средновековни градови и живи неолитски населби едно до друго не иде. Никако бре.






Дојрански мандри


No comments:

Post a Comment